Home Live Малата ми го зеде паметот, и признав на жена ми, а таа...

Малата ми го зеде паметот, и признав на жена ми, а таа веднаш се спакува и си замина – сега се каам како никој

Исповедта на мажот кој си го растурил семејството поради помлада жена, ги натера на размислување многумина на кои им „лета“ паметот.

-Многу е лошо кога стар човек си мисли дека уште е млад и дека уште може, сега да можам ќе си гризнам од дебелото месо, би го вратил времето назад да може, ама, ете, не може.

Моето каење нека е за опомена на другите мажи, ако воопшто може да се вразуми стар човек кому умот му го завртела млада жена…

Со жена ми си живеевме во складен брак цели 35 години. Заедно имаме поминато и добро и лошо. Имаме прекрасни две деца, син и ќерка.

Тие сега се вработени и среќно венчани, благодарение на мојата сопруга која вредно работеше на нивното воспитување сите овие години. А јас правев пари…

Откако се пензионирав, одлучив парите што сме ги заштедиле да ги вложиме во нов бизнис, некако не сакав да се откажам од правењето пари. И навистина, резултатот ги надмина сите наши очекувања, никогаш во животот не сме заработиле толку многу пари.

Е дури тогаш почнаа моите проблеми, имавме доволно пари за нас и нашите деца, што јас повеќе немаше потреба да работам ништо.. Едноставно сфатив дека дојде времето кога јас треба да уживам.

Си купив нов модерен автомобил, почнав да одам на престижни настани, младите жени кои ги среќавав беа заинтересирани и внимателно ме слушаа кога нешто раскажував, секогаш се врткаа тука околу мене…

Чувствував како да “летам”, ама не се грижев, затоа што си велев “еднаш се живее” и сега дојде моето време. Трошев пари на сите страни, излегував со нови луѓе кои сум ги запознал пред некој ден, а најмалку време поминував дома. И тогаш ја сретнав неа – Данче.

Таа беше како оставрување на сите мои фантазии, точно таква жена по која фантазира секој маж. Преку ноќ ја “изгубив” главата по неа. Ама Данче имаше само еден услов за да биде со мене – да се венчаме.

Одлучив да го запознам нејзиното семејство. Отидов на вечера кај неа, тука беше мајка и (на возраст колку мојата сопруга). Таа ми раскажуваше колку Данче е вљубена во мена и дека сака да се омажи за мене, дека не може да ја препознае колку е променета… целата таа приказна неверојатно ми годеше.

На крајот од вечерата Данче и јас дојдовме до заклучок дека треба да се разведам и да се оженам со неа. Враќајќи се кон дома, барав тристи причини за развод од сопругата. Толку бев маѓепсан од Данче што почнав да си ја мразам сопругата.

Кога си дојдов дома започнав банална кавга во која ја обвинив дека е во врска со нашиот поп, “зошто инаку постојано “виси” во црква?”

Таа само бледо ме гледаше, а на крај мирно ми рече: “Гледам дека јас не сум тука во прашање, мора да си ја изгубил главата по онаа млада блондинка која сите зборат како се вртка околу тебе. Не можам да верувам колку си само наивен, стар човеку!”

Мирно се спакува и уште истиот ден си замина од дома. Со себе понесе само најосновни работи. Децата се обидеа да не смират, но јас не сакав ни да слушнам.

Разводот стигна експресно. Мојата, сега веќе бивша сопруга, не правеше никаков проблем околу разводот. Набрзо се венчав со Даница.

Точно две седмици во новиот брак се чувствував како крал. Покрај себе имав млада и пожелна жена. А потоа започнав да забележувам работи: како ја загледуваат мажите, како таа одговара на тие погледи, како спие до пладне, како ништо не работи, како нема никаков интерес освен шминкање и средување… не знае ни јајца да испржи, а камоли нешто посложено.

Ја замолив да ми направи супа, а таа за да биде густа ставила помалку вода и две-три кесички инстант супа. Можете да замислите како тоа инстант заврши во веце шолја.

Но сега веќе беше доцна. Животот малку, по малку почна да ми се претвора во пе кол. Ми недостигаше првата сопруга, нејзиното внимание, готвењето, љубезноста… Децата се одалечија од мене, особено сега кога Данче роди наше дете.

Мене ми е сосем неприродно што на стари години добив дете и не чувствувам поврзаност со него. Го носам во парк, а таму сите мислат дека јас сум дедото со внукот.

Секој ден ме јаде помислата дека направив огромна грешка, но за ова се плашам да зборувам со било кој. Со текот на времето ја прекинав комуникацијата со бившата жена и децата. Сега се чувствувам како заробеник во сопствената куќа.

Сфатив дека сè си има свое време. Моето време поминува, а на Данче допрва доаѓа. Веќе одамна не можам да и ги исполнам желбите во кревет. Заеднички теми за разговор немаме. Сè што имам би дал кога би можел да го вратам времето назад.

Како би било убаво да се старее покрај жената која е мое годиште… Им завидувам на паровите кои поминале низ тешки времиња, но сепак успеале да ги совладаат и да останат заедно, напиша несреќниот човек на Редит.

Фото: Илустрација

Previous articleЛошите луѓе, одлично глумат – како да препознаете човек кој не ви мисли добро
Next articleНа Петар Грашо му тргна годинава: Покрај тоа што доби ќерка, откри и дека многу заработил