Home Live Тони Михајловски и неговата сакана имаат заеднички јазик: Еве што си кажуваат...

Тони Михајловски и неговата сакана имаат заеднички јазик: Еве што си кажуваат секогаш еден на друг

Минатата година, Сопругата на Тони Михајловски, Александра Јорева Михајловска на својот фејсбук профил проговори низ што се поминала во изминатиот период, за бор-бата со тешката болест од која излезе како вистински победник.

Таа низ статусот кој го објави им се заблагодари на сите оние кои беа секогаш до неа во најтешките мигови, на сите кои ја поддржаа во овој за неа непријатен и тежо период.

Имено, Александра на 24.10.2019 година била примена на гинек-олошко акуше-рскиот оддел во клиниката Аџибадем Систина, каде била опе-рирана.

После една година напорна борба, сега таа е повеќе од задоволна од луѓето кои беа до неа и и помогнаа се да биде во најдобар ред.

-Еве ме една година подоцна да се заблагодарам на дел од луѓето во мојот живот, за да се заврши се како што треба прво најголемо фала на Тони за тоа што постои, на Јорев Љубчов Марко и Тамара Јорева што беа тука за мене и за Максим во тој период додека јас бев во бол-ница.

Да не заборавам дека многу важен дел во моето будење и лесно поднесување на анест-езијата одиграа и соковите што ги конзумирав по препорака. На тој начин на исхрана и живот бев 7 месеци….

Знам дека не сум веќе иста никогаш и нема да бидам и ваква се сакам повеќе! Да бидеме живи и здрави уште бар 100г.

П.С Др. Ивановски рече дека ќе живеам уште 30 г да не му ја мислам така да јас се држам на тој муабет..“ е само дел од минатогодишниот статус на Александра.

Таа неодамна на Фејсбук објавi фотографии од својот син Максим кој наполни десет години и напиша: 10ка. Да си жив и здрав таков уникатен цел живот. Максим мој најубав“, но во еден статус се присети и на двегодишнината од нејзината победа и сподели.

-Го сакам животот, секој ден е убав и секој еден ден да си го живееме без стр-есови без нер-вози или само со убави мисли и убави луѓе. Марија Костуранова, Бети Трпчева, Татјана Илијевска, Теа Јовановска, Yasemin Djasi Apostolovska, Центар за Биоинфроматика

Мојот д-р Ивановски, една моја Ана, Иванка Ина Василевска Македонска, Билјана Кирјазова, Baharudin-Jojo Mihail Tanevski ве сакам бре и да си се сакаме живи здрави до 100…

П.С ќе ме пот-епа и Милан Ристески што го гњавам и малтр-етирам највеќе на цел свет“, напиша Александра мислејќи на д-р Милан Ристески, сопругот на пејачката Ребека.

Нејзиниот сопруг, Тони Михајловски во една прилика се потсети дека кога имал свирки, гостите кои биле потпивнати ја барале песната „Она је лепша од ночи да ја пеат“.

„Го зима микрофонот, го врти наопаку и пее, и само он не приметува дека му е свртен микрофонот, и пее ли пее“.

– Ќе не бркале негде зашто некој од екипата ќе смувал нечија женска што не требал да ја смува, па не чекале на излез од Битола од овде од онде. Секакви, прекрасни, прекрасни моменти“, раскажа Михајловски.

Михајловски во последно време повеќе работи во Србија, односно снима филмови и серии, а многу помалку во Македонија. Познатиот глумец во новата емисија Еден на Еден кај Жаре раскажа за овој феномен.

– 99.9 посто работам во Србија а 0.01 посто работам во Македонија. Последно во Македонија беше „Стела“, првиот детски филм снимен пред две години. Пази, првиот македонски детски игран филм. Што се ти кажува, како се работи? 2019.

А, пред него, шест години немав снимено, од „До Балчак“, потоа го снимив „Стела“, и сега повторно две години сум тука во пауза.

Според она што работам овдека, во Србија сум пута 5, турбо. „Сенки над Балканот 2“, потоа „Тајкун“, „Црна свадба“ ја снимавме, тоа е нешто најново што се спрема сега, се монтира“, рече Тони за својата работа во Србија.

Кога Тони Михајловски го прослави својот роденден, по тој повод, тој доби многу честитки од своите пријатели, а една од честитките е најважната, онаа од неговата сопруга Александара.

Таа објавила нивни заеднички слики од разни прилики, и сосема кусо му кажала дека го сака, ама скратено. Среќен роденден. ТСМ, стои во објавата на Александра за Тони.

Тони Михајловски на 5-ти октомври имаше посебен повод за славење. Имено тој и сопругата Александра ја прославиле својата 11 годишнина од брак, а по тој повод Тони напиша:

„Среќна 11 љубави. Нека се множат во добро здравје, среќа и љубов. ТСМ.“

И на последната објава кога Александра му честиташе роденден на Тони, на крајот му напишала „ТСМ“ што е кратенка од „Те сакам многу“, а заљубениот пар не пропушта да си ги каже овие зборови.

Previous articleИрена Спасовска објави како се прави домашен ајвар со малку масло, бидејќи е скапо (ВИДЕО)
Next articleАнастасија Ражнатовиќ лута: Нема да дозволам да ме натера да бирам помеѓу љубовта и работата