Home Live Аца Лукас не почнува да пее во Скопје без оваа наша пејачка,...

Аца Лукас не почнува да пее во Скопје без оваа наша пејачка, сака да биде до него

Аца Лукас долго време важи за еден од најбараните, но и најпопуларни пејачи на естрадата, а неговите настапи секогаш се исполнети до крај.

Публиката речиси секогаш бара екстра билети, па на влезовите во клубовите секогаш има голема гужва. Така беше и во една прилика во Дизелдорф, каде Лукас настапи во престижна дискотека каде создаде атмосфера за паметење!

Како што пренесува Курир, во дискотеката во која настапувал Лукас билетите се продавале по цена од 25 евра по лице, а оние кои сакале да ја поминат вечерта на сепаре морале да издвојат 1.500 евра.

Инаку, пејачот зема од 20.000 до 25.000 евра за настапи во клубови, додека неговата цена за салите се движи до 30.000 евра.

Атрактивната кумановка Сања Сани Гроздановска во последно време, е една од најактивните и најбараните наши фолкерки.

По разводот , Сани си живее убав и опуштен живот. Нејзиниот Инстаграм профил е полн со нејзини слики како ужива во коктели, како ги покажува голите нозе, како се смешка постојано…

На Сани Гроздановска секоја вечер ѝ е турбо до раните утрински часови за што секако е потребна многу енергија.

Деновиве одекна веста дека Сани си фатила нов дечко. Всушност, прво Сани објави слика во бикини дека е во Швајцарија и дека се бања во базен.

Па на наредното стори, можеше да се види дека Сани бакнува некој маж, додека на третото, новиот дечко на Сани објави слична фотографија како ја бакнува нашата фолкерка.

По неговиот профил, кој е затворен може да се види дека новиот дечко на Сани се вика Никола, а во описот на неговиот профил му пишува дека е генерален менаџер.

Дека Сани се искачи на фолк врвот во Македонија, потврди снимката која Сани ја објави на крајот на мај месец, оваа година, а каде пее со кралот на Балканските свирки, Аца Лукас.

Лукас е еден од најскапите пејачи за настапи и не може секој со него да настапува на сцена.

Штом ја одбрал Сани, значи видел во неа квалитет, а веројатно и му било кажано која е во моментов најпопуларна, или една од најпопуларните пејачки во Македонија.

Но деновиве сликата се повтори. Нашиот реномиран ресторан „Ла Тана“, славеше јубилеј, а задолжен за мусичкото расположение беше кралот на ноќните свирки на Балканот, Аца Лукас.

Гостите беа изненадени, кога со него на сцената се појави повторно Сања Сани Гроздановска.

После ова, може да се заклучи дека Аца Лукас, не фаќа микрофон во рака во Македонија, без популарната Сани.

Сани за ,,Фокус”, летоска раскажа дека повеќе пати во минатото се нашле на иста сцена со Аца Лукас, и дека нивните вокали и енергија одлично се вклопуваат.

-Сфативме дека како тандем сме маестрални, затоа и падна договор за дует – изјави тогаш за Фокус, Сања Сани Гроздановска.

Извор на фото: ФБ Фан страна на ресторан Ла Тана

Previous articleАнастасија Ражнатовиќ лута: Нема да дозволам да ме натера да бирам помеѓу љубовта и работата
Next articleБитолскиот професор Трајковски: Еcенски зголемен број нови случаи со виpусот во Европа