Home Live Дунавка Трифуновска раскажа што ја учела баба и Вера од Куманово –...

Дунавка Трифуновска раскажа што ја учела баба и Вера од Куманово – се однесува на функционерите

Во интервју за Репортер.мк, пред 3 години, Дунавка за Владо Јаневски изјави:

-Сe сретнавме во Фламинго преку наши заеднички пријатели. Владо е човек што никогаш нема да ти признае дека те сака , нема јавно тоа да го каже, ама ќе те сака, се ќе направи за тебе.

Тој ќе каже, жените се завршена приказна за мене, но апсолутно не е така. Значи, жената во неговиот живот е главната муза, испирација и ако човек малку прочепка во неговиот приватен живот ќе види дека тој жената ја величе, затоа и го сакаат жените.

-Не е тајна дека сме блиски и дека имаме љубовна врска, никогаш тоа ние не сме го криеле, значи дали ќе излеземе од Милениум хотел или од Фламинго или ќе шетаме низ Охрид низ чаршија, тоа не е тајна. Ако има нешто официјално тоа јас ќе споделам.

Очигледно е дека Дунавка отсекогаш го сакала Владо Јаневски, а тоа се покажува на еден пост кој таа го објавила во далечната 2017 година.

Сликата е љубовна, а пред полната месецина се гледаат момче и девојка. На сликата која Дунавка ја објави напиша:

,,Владо Јаневски + Романтика + Месечината”

Манекенката Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов се свршија во Охрид, а интересно е како започнала нивната приказна.

Ване Цветанов ја објави веста за свршувачката со Дунавка на својот Фејсбук профил. По објавата во која тој го напиша следново, пристигаа бројни честитки:

-2020-та година е една од најзначајните за нас. Благодарение на Бога, токму тоа лето Господово го отворивме најубавото љубовно-животно поглавје.

Се надеваме дека Бог ќе не благослови со сето она што е потребно за да напишеме убави страници и во новата 2021-ва година.

На сите добри луѓе им посакуваме многу среќа, љубов, здравје, бериќет, успеси, радосни и многу позитивни моменти во новата 2021-ва година!

Во една прилика пак Дунавка за љубовта за Ване кажа:

-Со Ване се познаваме две години ама онака, од видување, излегувавме на исти места. Тој не е мој профил на дечко, сум го гледала со други очи, на поинаков начин.

По две години на слава на „Св. Никола“ братучед ми правеше голема журка и Ване дојде со друштво. И толку беше. Некаде после „8 Март“ му се јавив ама си правевме обичен муабет.

После тој ми честиташе Велигден. Од тие неколку разговори сфативме колку за многу работи исто размислуваме, дека важни ни се исти вредности, почитување дом, во поглед на животот, ист стил на живот, вели Дунавка.

Ване Цветанов на својот профил на социјалните мрежи, објави интересен статус, во кој бара прошка, што не ја известил јавноста и пријателите, дека на 9. март, се региситрирале со Дунавка.

Очигледно, датумот не е случајно одбран, бидејќи според погоре напишаното, се работи за годишнина од нивната врска:

„Почитувани пријатели, во очи на утрешниот голем Христијански празник Прочка,

Ве молам да ми простите што не Ве информирав во вторникот на 09.03.2021, дека со Дунавка Трифуновска, во Црковниот Храм Свети Димитрија СКЛУЧИВМЕ ЦРКОВЕН БРАК!

Цветанов не смета дека има нешто спорно во тоа што Трифуновска со која имаат склучено само црковен, но не и граѓански брак, работи во институцијата со која тој раководи. Потврдува дека заедно со него одела на службени патувања дома и во странство.

Имено, Дунавка на својот профил, овој месец го означи како потсетник на лекција од минатото, поточно од совет кој и го дала нејзината баба.

Дунавка објави слика како се гледа во огледало, со многу јака шминка, а додека се гледа си каснува нешто, за да не е гладна или сепак само за фотографијата.

Во описот Дунавка напиша што научила од баба и Вера од Куманово:

„Убавината е дар од Бога, која може да биде претворена во вредност, а снобизмот е болест на модерниот капитализам кога ќе добиеш функција како дар и кога сите вредности се изгубени.

Така некогаш ме воспитуваше баба ми Вера од Куманово. Добро е да го има во учебниите за средно образование или скриптите како и да е. Деталите во некое следно издание…

#skopje – октомври 2022,“ напиша Дунавка.

Дали со ова му упати некаква порака на Ване Цветанов?

Previous articleМајка, една е на Светот – сакам да ви кажам за мојата како ми се најде
Next articleКовачевски за парното во Скопје: Не беше лесно, но успеавме, за до крајот на октомври имаме обезбедено деривати за топлинска енергија