Home News Зорица Заева и Филипче Венко донираа перики – уште една акција на...

Зорица Заева и Филипче Венко донираа перики – уште една акција на поранешниот премиер и неговата фондација

Поранешниот премиер и порфанешен лидер на СДСМ, Зоран Заев, минатата година, по завршувањето на локалните избори, најави повлекување од функциите.

Тој си остана на зборот и пред крајот на минатата година, ги напушти функциите премиер и претседател на СДСМ.

Сите очекуваа дека Заев ќе се посвети на приватните компании и комплетно ќе се повлече од јавниот живот, но тоа не е така.

Зоран Заев формираше фондација „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со која учествува во многу хуманитарни проекти.

Многумина анализираат дека ваквото дејствување на Заев е во насока на неговиот план, да се кандидира на следните пр4етседателски избори, нешто што тој засега го нема потврдено.

Негов постојан придружник е поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, а вчера, Зоран Заев објави фотографии на кои е присутна и неговата сопруга, Зорица Заева, како дел од една хуманитарна акција на фондацијата.

-Децата мора да бидат наш најважен приоритет. Тие тоа го очекуваат од нас. Тие тоа го заслужуваат. Да им овозможиме ДЕТЕТО ДА БИДЕ ДЕТЕ.

По повод Детската недела која годинава се одбележува под мотото „Борете се за детските права“, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со финансиска и морална поддршка ја помага активноста за одбележување на Неделата на детето од страна на ЈОУГД „Детска радост“ – Струмица, во која се вклучени 350 деца од големите групи на оваа институција.

Декларацијата за правата на детето е донесена пред 33 години од Генералното собрание на Обединетите нации. Македонскиот потпис на оваа Декларација ни дава до знаење дека сме должни да ги почитуваме правата на детето како неделив сегмент од севкупните човекови права.

По повод одбележувањето на Октомври како месец за борба против ракот на дојката, Зорица Заева и Д-р Венко Филипче од име на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, во придружба на директорот на Универзитетската клиниката за радиотерапија и онкологија Д-р Нино Васев и вработени во Клиниката, донираа перики на 15 пациентки кои се лекуваат од рак на дојка на оваа клиника, посакувајќи им брзо и успешно оздравување.

Во услови кога расте бројот на заболени од карцином на дојка, но, за среќа, се намалува процентот на смртноста од ова малигно заболување, потребно е, повторно и повторно, да се укажува на најважните нешта кои се во функција на поефикасно справување со болеста. Навременото откривање значи откривање реална шанса за живот.

Затоа, постојано апелираме – секоја жена навреме да се прегледува – навременото откривање е предуслов за ракот на дојка да биде може да биде излечен.

Сите заслужуваат здравје, сите заслужуваат живот. Борбата против ракот на дојката не е само нивна.

Наша е, на секој од нас, на секој поединец, агенција, институција, невладина организација, фондација. Праќаме порака за борба, борба за живот, напиша поранешниот премиер Зоран Заев, на својот профил на социјалните мрежи.

Previous articleБитолскиот професор Трајковски: Еcенски зголемен број нови случаи со виpусот во Европа
Next articleВељко и Богдана Ражнатовиќ чекаат второ дете: Го објавија полот и како ќе се вика, Цеца пресреќна (ВИДЕО)