Home Live Ирена Спировска рано станала мајка, ќерка ѝ била бебе додека студирала- Учев...

Ирена Спировска рано станала мајка, ќерка ѝ била бебе додека студирала- Учев додека Зорица спиеше

Ирена Спировска е дел од Алфа ТВ со години, и во моментов ја води емисијата „Везилка“, заедно со Адријана Алачки и со Баже Грујовски. Тројцата шетаат низ градовоите во Македонија и ја покажуваат традицијата на одреден град со специјалитетите што се нудат.

Сепак, нејзината ТВ приказна започна пред многу години кога сосема случајно во едно кафуле ја забележал ТВ режисерот Миле Гроздановски од тогашната ТВ Скопје.

Во тој период, режисерот бил во потрага по нови лица, a бил сигурен дека го нашол вистинското.

Ми понуди веднаш ангажман, да снимам тв реклама, но бидејќи бев сè уште средношколка, најпрво се двоумев дали да прифатам и дали тоа ќе влијае на мојот успех во училиште.

По разговорот со мојот татко и неговото одобрение, сепак ја прифатив понудата и ја снимив првата Тв реклама. Taка го заработив и првиот хонорар. Веднаш потоа станав дел од подмладокот на модната агенција „Моделс Ин“ и почнав да чекорам и по модните писти.

Учествував и на Изборот за зимска убавица на Македонија, каде што го освоив првото место, а со тоа и директен пласман во финалето за Мис на Македонија.

Во меѓувреме матурирав и се пријавив на аудиција за најавувачи, која ја имаше распишано Македонската Радио Телевизија.

Од околу 200 пријавени девојки, влегов во потесниот избор од 20 кандидатки, од кои потоа само 10 беа хонорарно ангажирани во телевизијата..

Меѓу нив бев и јас, па поради тоа одлучив да се откажам од учеството на изборот за мис на Македонија и решив да се посветам на телевизискиот ангажман. За мене тоа беше поголем и повозбудлив предизвик.

Во двомесечната обука која ја имавме во МТВ започнав да работам на најава на програмата.

Талентот за водење, во мене први го препознаа Александар Сидоровски и сега веќе покојниот Диме Костовски од третиот канал на МТВ.

Во тоа време овој канал нудеше забавна програма која беше многу популарна и гледана, а тие двајцата постојано мобилизираа нови млади луѓе да работат во Канал 3.

Така добив шанса и задача да направам авторска емисија. Одлучивме емисијата да биде музичка и да биде посветена на забавните и народните македонски евергрини.

Користевме црно-бели снимки од архивата на МТВ, а доајените на македонската музичка сцена ни раскажуваа во живо во емисијата за себеси и за нивната работа.

Уште тогаш ја засакав многу македонската музика од постаро време, па бев пресреќна кога многу години подоцна во Алфа ТВ го направивме ТВ проектот „Еден бакнеж“, посветен на македонските евергрини“, изјави Ирена во едно интервју за Женски магазин.

Иако учела средно медицинско училиште, Ирена никогаш немала голема желба и амбиција да се занимава со медицина. Таа била на отсекот забни техничари, а најголемиот плус од нејзиниот претстој таму е што се вљубила во латинскиот јазик и тоа било предуслов да се запише на Филозофскиот факултет.

Од раму, Ирена се префрлила на Катедрата за македонски јазик и јужнословенска книжевност, објави Факултети за Ирена во Рубриката „Кога бев студент“/

– Истовремено почнав да работам и како хонорарен соработник во Македонската радио-телевизија.

Сите испити од прва година ги положив уште во јунската сесија, но со текот на времето моите обврски и ангажманите во телевизија почнаа да се зголемуваат, па не бев во можност да ги следам редовно предавањата од втора година.

Поради специфичноста на мртвите јазици, како што се старогрчкиот и латинскиот, не постоеше можност за вонредно студирање на Факултетот по класични студии.

Одлучив да се префрлам на Кат едрата за македонски јазик и јужнословенска книжевност, за да можам да продолжам да работам и да студирам истовремено – раскажала Ирена.

При крајот на студирањето таа се соочила со уште еден убав предизвик – мајчинството, така што го завршила факултетот учејќи за испитите со нејзината ќерка Зорица додека спиела покрај неа.

– Времето потребно да спремам испит зависеше од предметот што го подготвував, но и од моите работни обврски. Некогаш се случуваше за кратко време да спремам испит, а некогаш ми требаа месеци за да успеам да најдам време да го научам целиот материјал.

Затоа и студирањето го развлеков малку повеќе, бидејќи работата ми беше на прво место. Во меѓувреме ја родив и мојата ќерка, па последните три испити ги положив кога Зорица беше бебе.

Учев додека таа спиеше и го искористив тој период да ги завршам обврските со факултетот – раскажува Ирена за Факултети.

Previous articleДенис Космонаутко раскажа како му се остварил животниот сон и ги пронашол вистинските луѓе
Next articleСе пријави Анета Наковска од Флорида, го покажа домот во Америка, ужива со својот Спире (ФОТО)