Home Live Калиопи по долго време се враќа во Македонија со настапи, ќе пее...

Калиопи по долго време се враќа во Македонија со настапи, ќе пее во овој град, во него живее за неа посебен човек

Во текот на 2004 година, Калиопи со својата музика е присутна и на “штиците што живот значат”, објави во една прилика Театарче.мк кое направи интервју со Калиопи.

Имено таа ја реализираше музиката за претставата Таа актерска куќа (адаптација на Дневникот на Ана Франк) во која главните улоги ги одиграа: Васил Зафирчев, Ѕвездана Ангеловска, Ана Костовска, Милица Стојановска и други.

На 15 октомври 2004 година, во Скопје се одржа премиерната изведба на првиот македонски мјузикл Чија си, кој во текот на летото веќе беше промовиран во Охрид и Битола. Калиопи ја одигра улогата на Нина.

Мјузиклот Чија си е дело на режисерката Виолета Џолева, која осмислуваќи го, инспирацијата ја нашла во истоимениот легендарен шлагер на Славе Димитров.

Сценариото е на драмскиот писател Сашко Насев. Во овој неверојатен сценски перформанс, Калиопи покрај веќе афирмираниот вокал ги истакна и своите актерски способности.

Во декември 2004 година, се случи премиерата на претставата „Танц на ноќните пеперутки во Ориент-експресот“ на режисерката Виолета Џолева, работена по драмскиот текст на Петре Бакевски. Музиката за оваа претстава исто така беше дело на Калиопи.

Во септември 2005 година, во продукција на Македонската Опера и Балет, Калиопи ja напиша музиката за балетот “Јас Исидора” во кореографија на Олга Панго, кој доживива невиден успех и го издаде албумот “Me Isadora” со оригиналната музика.

Во 2007 година ја пишува музиката за првиот поетско игран филм,”Елегија за тебе”, посветен на македонскиот великан на поезијата, Коста Солев Рацин.

Иcто така ја работев оригиналната музика за претставата “ Алма Малер “ во Македонскиот Народен Театар по текст на Димоски, во режија на Васил Зафирчев.

Во периодот од 2016-2017 , инспирирана од текстот на Сашо Димоски “Госпоѓиците од Авињон” ,го започнува процесот на создавање на темите за музиката на истоимената театарска претстава, која на 23.02.2018 ја доживеа својата премиера во Македонскиот Народен Театар.

– Создавањето музика за мене значи исцелителен процес, бидејќи со секоја “исфрлена” тема, јас од внатре го чистам просторот и времето,за повторно да бидат вткаени во друга временска и просторна димензија.

Во театарот процесот започнува со раѓањето на нечија или некаква идеја , која треба да биде провокација за создавање. Во последниов случај, тоа беше текстот на Димоски.

Уште за време на моето прво читање на “Госпоѓиците од Авињон” , во мене свиреше целосната оркестрација на главната музичка тема во претставата. Платната на Пикасо оживеаа , боите се разлеваа по ликовите од неговиот живот а Госпоѓиците од Авињон станаа мои ривалки.

Тие не застапуваа ништо од сето она што јас би го направила или не би го направила. Дури не можев ниту да се сожалам над нивните судбини, токму заради нивните обезглавени души. Сметам, ова е барем мое лично мислење, дека процесот никогаш не завршува, бидејќи токму театарот не го дозволува тоа“, иајавила Калиопи.

Под Театар подразбирам- колективна работа и сметам дека единствениот влез и излез на индивидуалноста е можен чекор , само доколку се стремиме кон усовршување на комплетноста на делото , усогласувајќи ги идеите и почитувајќи ги останатите индивидуалности.

Тоа за мене значи духовно – уметничка поврзаност, додека пак предизвикот, секогаш го наоѓам во инспирацијата“; рекла таа во ова интервју.

Калиопи долго време енма одржано концерт во Макеоднија, всупност нашата дива во последно време беше постојано „на тркала“. србија, Босна, Црна Гора, Хрватска, речису дите градови од екс Ју ги помина.

Е сега, дојде време конечно Калиопи да запее и во Македонија. И тоа во Велес, во градот од каде што е нејзиниот поранешен сопруг Васил Зафирчев, познатиот актер. На Инста, Калиопи објавила дека на 26 ноември, ќе пее во Театар Џинот во Велес.

А таму игра Зафирчев, кој е инаку велешанец и ова е негов матичен театар, а тој и е на Калиопи ептен близок пријател, па ете убав повод таа да запее пред публиката во Велес.

На Инста, Калиопи напишала: Драги мои! Со нетрпение го чекам денот кога повторно ќе запеам за вас! Знам дека ова ќе биде ноќ за паметење!“

Previous articleСоња Тарчуловска е горда мајка, објави убави новости за својата Мелани
Next articleЕве како денес изгледаат најголемите Ју фраери – едниот има 69 години, а жените се уште коси кубат по него (ФОТО)