Home Live Нивес Целзиус денес објави нови фотки од Скопје – една од нив...

Нивес Целзиус денес објави нови фотки од Скопје – една од нив е и пред познатиот мурал во претседателската вила

Македонскиот претседател Стево Пендаровски, вчера прими медиумски работници од областа на спортот по повод почетокот на традиционалната спортско-забавна манифестација „Турнир во мал фудбал на медиуми“, што по 30. јубилеен пат ја организира „Спортско радио 90.3 ФМ“.

Претседателот Пендаровски упати честитки до организаторите, посочувајќи дека ваквите настани придонесуваат за развојот на спортските активности и пред сè на спортската култура во нашата земја.

Претседателот Пендаровски истакна дека за почит е фактот што покрај спортско-забавната димензија, овој настан годинава има и хуманитарен карактер,

со што, како што посочи претседателот, уште еднаш се потврдува дека спортот е фактор кој придонесува не само за обединување, туку и за постигнување на многу други позитивни вредности кои се неопходни во нашето општество.

Фактот дека годинава на турнирот учествуваат медиумски работници и од поширокиот регион, посочи претседателот Пендаровски, е доказ дека спортот има моќ да ги поврзува и луѓето, и нациите.

Тој додаде дека како претседател, во рамки на своите ингеренции, максимално ги вреднува успесите на нашите спортисти, и се гордее со сите спортски достигнувања на нашата држава, изразувајќи уверување дека тие моменти на спортска радост и возбуда новинарите, снимателите, фоторепортерите како непосредни сведоци на натпреварите ги доживуваат уште посилно.

Затоа, според претседателот, особено радува фактот што по пауза од две години поради пандемијата на КОВИД-19, публиката повторно ќе има можност од трибините да го следи турнирот, напишаа од кабинетот на претседателот на официјалната веб страна вчера.

Во хрватската делегација, која беше на прием кај претседателот, беше и познатата манекенка и старлета од Хрватска, Нивес Целзиус.

Таа го привлече вниманието на медиумите, со објавувањето на видео и фотографии на нејзиниот инстаграм профил, на кои ги  бакнува гардистите, кои не реагираат, бидејќи такви се насоките за нивната работа.

По реакциите во јавноста, денес за Прес 24, од кабинетот на претседалот, рекоа дека Нивес не прекршила никаков закон и нема простор за реакција на Кабинетот.

„По повод одржувањето на 30. јубилеен Турнир во мал фудбал на медиуми, во организација на Спортско радио 90.3 ФМ, во Кабинетот на претседателот се одржа краток прием за учесниците и организаторите на турнирот.

Нивес Жељковиќ беше на листата на гости на Спортско радио, меѓу кои беа околу 70 новинари, спортисти и естрадни уметници од земјава и од регионот.

Однесувањето на секој од присутните гости за време на приемот зависи од нивниот личен интегритет и домашно воспитување, а во тој дел сè додека не се прекршени законите, нема простор за наша реакција, велат од Кабинетот на Пендаровски за Прес24.

Нивес Целзиус денес, обкави нови фотографии од нејзината посета на претседателската вила, а едната од нив е сликана и пред познатиот мурал.

Погледнете ги фотографиите подолу, а на нејзиниот профил и видеата кои ги става од Скопје.

Previous articleВане Маркоски откри зошто веќе не оди по кафулиња и пие кафе само дома (ФОТО)
Next articleДечкото на нашата фолкерка, побара од неа нешто големо: Таа му кажа ДА (ФОТО)