Home Live Росана Сариќ по долго време се појави во јавноста, имаше посебен повод...

Росана Сариќ по долго време се појави во јавноста, имаше посебен повод за дружба со Ефто, Ибуш, Блага, Наум, Кате… (ФОТО)

Хитовите кои ги отпеа со својата сестра Маријана дури и пред неколку децении, и ден – денес се актуелни, а на социјалните мрежи неретко обожавателите знаат да и порачаат – Росана, врати се на сцената!

Околу тоа како решила повторно да застане на фестивалската сцена минатата година на „Макфест“ со песната „Спомени“ пред три години за ,,Фокус” таа раскажува дека се се случило спонтано, без претходни планови и неочекувано дури и за неа.

-На своја иницијатива се повлеков од сцената поради повеќе причини. Долга приказна е тоа… Поради мојата скромност и почит кон истата сцена, јас молчев…

Секојдневно слушав прашања и коментари, зошто ме нема, како недостигам на сцената, сфатив дека луѓето ме сакаат, а поголемо од тоа нема! Но, гледајќи ги нештата последните години, како функционира нашата естрада, едноставно не се пронаоѓав таму“, рекла Росана.

Росана беше дел од легендарното музичко дуо, сестрите близначки Маријана и Росана. Сестрите се немаат видено од пред пандемијата.

Познато е дека Росана е во среќен брак со Трупче долги години, нашиот познат актер Ѓорѓи Тодровоски.

На седми мај, Росана Сариќ- Тодоровска и Ѓорѓи Тодоровски- Трупче прославија, 33 години од свадбата. Нивната љубовна приказна, започнала во 1988 година, а актерот на многу необичен начин се обидел да ја освои фолк-пејачката, објави Женски магазин.

Се сретнавме случајно, на едно снимање во Македонската телевизија. Јас не паметам, Трупче вели дека било во 1988 година.

Во тоа време, секаде со мене го носев тефтерот со сите запишани броеви. Без да видам, тој кришум ми го украл тефтерот и го запишал својот број во него.

Се запишал под буквата Т, Трупче, а јас ни на крај на памет да видам.

А и да видев, сигурно дека немаше да му се јавам, како и секоја жена и јас сум по малку горда“, се присети Росана на почетоците од нивната љубов.

Ѓорѓи додава дека ја очекувал да го побара, но без оглед што тоа не се случило, тој се надевал на нова средба со Росана.

Желбата му се исполнила многу брзо, на еден караван на „Детска радост“, на кој тој бил во улога на актер и на промотор на книги, а Росана настапувала со Маријана.

„ Од таа турнеја за која велам дека е судбинска, почнавме интензивно да се дружиме. Јас глумев во детска претстава, промовирав книги, а Росана пееше.

Дружбата за кратко време ни орерасна во љубов, а веќе следната година и во брак“, открива Трупче. Росана пак се сеќава на нивната свадба, на 7 мај во 1989 година.

„Имавме и успони и падови. И кога сме имале и кога сме немале, се трудевме да ги сочуваме човечките вредности и скромноста на која ја научивме и нашата ќерка Ивана. Некогаш се прашувам дали е тоа добро или лошо, но Ивана израсна во прекрасна жена, одговорна мајка и добра сопруга“, вели Росана.

Росана Сариќ – Тодоровска, е позната по својата скромност, ненаметливост и едноставност. Долги години наназад работеше како комерцијалист и во продажба нема настапено на фестивал.

Иако долго не е акитивна во музиката, Росана пак ѝ се врати и запеа. На Фејсбук страната на Дац и Александар е обајавено видео како тие заедно со Росана ја пеат песната „Признавам“, еден од најголемите хитови на Маријана и Росана.

Росана била на снимањето на емисијата Фолк џубокс на МТВ, а слики од ова снимање објавила водителката на емисијата Татјана Петровска. Росана ретко се појавува на Тв гостувања, а ова бил повод да се дружи со нејзините колеги.

На сликата, таа изгледа одлично, и во емисијата гостувала заедно со Ибуш Ибраимовски, Блага Петреска, Катерина Танева, Наум Петрески и Ефто Пупиновски.

Орце Грлевекси и Татјана се виновниците ова убаво друштво да се спои заедно- за мерак.

Previous articleОваа жена направи нешто посебно за Билјана Дебарлиева- нашата презентерка во вистинско светло (ФОТО)
Next articleПрвата дама на Србија, скромната Тамара е вистинска убавица, еве какво добро дело направи за својата земја