Home Live Жена од Србија раскажа вистинска приказна за Наум Петрески: Бев маѓепсана од...

Жена од Србија раскажа вистинска приказна за Наум Петрески: Бев маѓепсана од него

Наум Петрески испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други.

Кога ќе се спомене името на фолк пејачот Наум Петрески, веднаш буди спомени и емоции кај многумина, особено кај неговите обожаватели и фанови.

Петрески важи за еден од најпознатите македонски фолк пејачи. Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал и многу концерти ширум светот, особено онаму каде што живеат Македонци, во Австралија и Америка.

Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, како претставник од македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб.

Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.

На прашањето дали се доживува како ѕвезда – во едно неодамнешно интервју одмавна со рака и рече дека во Македонија не може да се биде ѕвезда, особено не сега кога фолкот е на маргините.

Над 300 песни има на својот репертоар и снима активно. Сепак, фестивалите како рече, веќе ги остава за помладите.

-Ги зедов сите награди по фестивалите што требаше да се земат, време да им отстапиме простор на помладите, јас на фестивал би можел да сум во жири или пак да имам мини концерт додека се чекаат наградите, вели Наум.

Kонцерт за паметење, концерт за срце и душа, концерт за пријатели и другари, концерт за Македонија, едноставно прекрасно.

Маестро Наум Петрески со неговите музички другари на Долни Сарај приреди незаборавна вечер за Охрид, за Македонија, напиша летово www.ohridnews.com

Незаборавна ноќ за сите, слика уметничка позади езеро што ве остава без зборови. Долу осветлена катедралната црква Света Софија, напред Варош мистичен и загонетен со своите духовни храмови и безвременска убавина, а на сцената еден и единствен Наум Петрески.

Музика македонска испеана од срце, со душа, глас за сите времиња, глас од господа даден за сите нас, пред се за Македонија, завет за идните генерации да се негува и зачува македонската музика.

сто како и Клубот за подводни дејности кој 37 години тивко, скромно и достоинствено без помпа, без реклами, со чист образ го чува и негува Охрид и Охридското Езеро, така овој човек со чист образ, без маркетинг, турбо фолк, 35 години го чува и негува македонскиот мелос.

Има ли песна, За марија, Отвори ми мила пенџери, Милице… одекнуваа низ Охрид, оддекнуваа низ езерото, не расплакаа, но и ни ја вратија вербата во нас, во нашето единство, во нашето постоење, не вратија во Македонија“, стои во овој текст.

Една жена од Србија напишала на стори на на Инста мошне убава и вистинска приказна за Наум, а е поврзана за нејзиното детство и вели вака:

– Еден продуцент ме потсети денес кој ми беше омилен пејач кога бев дете. Мојата мајка е Македонка, родум од Струга. Јас сум полу- Македонка, тоест цинцарка како што Тоше Проески беше.

Имав некои 10 години кога Наум Петрески пееше на свадба на мојот братучед Ристе Паноски во хотелот Бисер. Се сеќавам дека му баараа на маса да им пее без мирофон, „Зајди, зајди“.

Сите плачеа и беа воодушевени. Јас паметам дека бев толку маѓепсана од него. Заминав назад за Кикинда со негова касета, и секојдневно ги вежбав неговите песни на виолина.

Мојот татко ужоваше да ме слуша, а сестра ми бегаше од станот: О не, сега пак Наум ќе го вежба.

Баш ме интересира дали ќе ме заследи и тој“, напишала на стори Александра Талман, а оваа убава приказна Наум ја споделил на стори кај него.

Previous articleЕве како денес изгледаат најголемите Ју фраери – едниот има 69 години, а жените се уште коси кубат по него (ФОТО)
Next articleКритики за Антониа на Инста: Ако сакаш да немаш маж и деца, терај вака, прави мажи не сакаат вакви (ФОТО)