Home Live Ја запроси јавно, на концерт, му роди две деца, не престанува да...

Ја запроси јавно, на концерт, му роди две деца, не престанува да ја фали во јавност и на секоја слика е се позгодна – оваа убавица е сопругата на пејачот Димитар Андоновски

Тој е од Битола, среќно е оженет со Кристина и се родители на Михаил и Гаврил. Станува збор за пејачот Димитар Андоновски. Долги години е на домашната естрада како пејач, сега веќе и успешен театарски, но и филмски композитор.

Нема музички бизнис кој битолчанецот не може да го претвори во злато. Таква е приказната и со клубот „Голд фелициа“ кој го менаџира, а таму гостуваат најголемите домашни поп ѕвезди и музичари од поранешна Југославија.

– Во изминатата година, секој четврток настапуваат екслузивни естрадни музички имиња од македонската и екс југословенската естрада. Би ги издвоил Каролина Гочева, ДНК, Владо Јаневски, Лозано, „Нокаут“, Игор Џамбазов од македонската сцен.

Но и Лепа Брена, Ацо Пеовиќ, Саша Матиќ, Саша Ковачевиќ, Јелена Карлеуша, Јелена Томашевиќ, Наташа Беквалац, Џенан Лончаревиќ, Сергеј Ќетковиќ, Аца Лукас, Здравко Чолиќ и многу други кои имаа свој концерт.

Скромен и ненаметлив, Андоновски не се фали со своите музички успеси, кои ги преминаа нашите граници“, пишуваше Женски магазин неодамна. Едно од најспектакуларните запросувања кај нас го направи токму тој.

Димитар тогаш докажа дека е еден од нашите најромантични пејачи. Пред пет ипол години, јавно, на концерт на Каролина Гочева, тој ја побара за жена својата тогашна девојка Христина.

„Ја сакам нејзината едноставност и скромност и едноставно уживам во секој миг со неа“, изјави Димитар за својата Христина.

Тој и Христина во август во 2015 година ја крунисаа својата љубов со брак, a во октомври истата година направија свадба за паметење, на која тој запеа и ѝ посвети песна. На свадбата запејаа многу пријатели од естрадата на Димитар.

Во 2017, на Христина која е од Прилеп, и битолчанецот Димитар им се роди синот Михаил.

Димитар е горд на својот син за кој вели дека има музички талент. „Среќен сум што ја имам Христина за жена затоа што во денешното модерно време кога сите вредности се изгубени реткост е, но и и дар од Бог да имаш вистински човек покрај себе.

Му Благодарам на Бога што ни го подари најпрекрасниот син на светов“, додаде пејачот. Димитар е секогаш романтично расположен, а тоа го покажа и со еден статус посветен на сопругата.

„Не можеш да замислиш колку ми помогна да станам подобра личност, и добар татко и маж. Ти си мојата мотивација да се борам секој ден“, напиша Димитар.

Во една од своите објави, тој ѝ го честита роденденот на својата сакана со многу љубов. „Му благодарам на Бог што си мојата радост, мојата поддршка, мојата најголема љубов.

Среќен роденден среќо моја, да ми си здрава и жива и дај Боже да му се радуваме на животот и да остариме заедно“.

Ретко кој отворено ги искажува чувствата како нашиот познат пејач, и затоа многу пријатели на Фејсбук му честитаа за овие зборови, како и роденденот на неговата сопруга.

-Благодарение на карантинот мојот брак се зајакна и стана посилен. Уживаме во секој миг со Михаил и Христина и му благодарам на Бог што ми благословил да се баш тие дел од мојот живот.

Бракот се состои од вистинска и чиста љубов и мислам дека само таквите бракови ќе се зајакнат и ќе опстанат во сите искушенија. Како викаат:

“Оној што е силен и истраен во тешко време, станува уште посилен кога ќе помине“,изјави Димитар во интервју за ММС.

Димитар минатата годија во јануари имаше одлична причина да биде среќен и да слави, а причината е што тој стана татко на уште едно момче.

Поп пејачот и виолинист Димитар Андоновски и неговата сопруга Христина добија син. Ова е второ дете за парот, кој веќе го има синот Михаил.

Синот пак, го крстиле Гаврил, а среќниот татко ја сподели убавата вест на социјалните мрежи со зборовите – Добредојде сине Гаврил, да си ми здрав, жив и благословен, да се радуваме заедно цел живот.

И сега, кога куќата е полна, Димитар сепак одвојува време да излезе насамо со сопругата, која како што се гледа на најновата слика е се поубава и поубава.

-Мојата понежна половина“, напишал Димитар до оваа слика со сопругата моја никпгаш не пропушта да ја пофали во јавност.

Previous articleЗапеа ли Лозано специјално за Нона во Велес- Како неа нема друга (ФОТО)
Next articleОва е свекрвата на Цеца, мајката на Аркан, еве зошто таа не замина да ја испрати во вечнот дом кога се упокои