Home Live Запеа ли Лозано специјално за Нона во Велес- Како неа нема друга...

Запеа ли Лозано специјално за Нона во Велес- Како неа нема друга (ФОТО)

– Денот го почнувам мирно и тивко и преферирам првото утринско кафе да го пијам сама, за да можам да си го организиран денот во мисливе“, рече во една прилика во Женски магазин Ноне Неделковска, нашата убава пејачка која веќе не се занимава со музика.

-Работа на брод има малку поразлично темпо на живот, секој ден ми започнува во некој друг град, со тоа доаѓаат и различни обврски“, кажа Ноне во истото интервју. Сега таа е на одмор во својот роден град Велес.

Ме мотивираат многу работи, но еве ќе одвојам една од нив. Ме мотивираат препреките во животот.

Дневните планови и обврски ми се да ја организирам работата на моето работно место. Најпрво почнувам со потешките задачи и останатите приоритети во текот на денот“, изјавила Ноне.

Шарматната пејачка која остана запаметена по нејзиното учество во регионалинот музички натрпевар „Идол“ се врати во Македонија, на одмор. Таа веќе 10 години работи на бродови кои крстарат на повеќе дестинации.

Публиката на „Пиволенд“ на Плоштадот Македонија сношти со аплауз ја поздрави, додека седеше на едно од ВИП местата со пријатели. Водителот на настанот Димитар Атанасовски меѓу првите ја забележа и ја поздрави пред публиката“; објави Женски магазин минатиот месец.

-Март 2012 започна мојот предизвик да работам далеку од дома на подолг период. Ме примија како советник за убавина во duty free shop, а по неколку години бев унапредена во менаџер.

Можеби е чудно за некој што работи на брод да каже дека има морска болест, ама секој пат и на мало невреме кога имаме лулање на бродот јас сум на таблети. Е тогаш си викам доста е овој живот.

Сите оние што добиле шанса да работат на брод, па морале да заминат и да остават дома сакани 100% им е тешко. Треба да имаш голема доверба и јаки нерви.

Разни работи се изнагледав за овие години, можам да напишам една книга за љубовта на брод. Дека има бл уд и раз врат и тоа е точно за жал, но има и убави моменти така што се прави некој баланс.

Со Рајан бевме заедно 6 години. Немаме контакт откако се разделивме, но лани на домашна адреса ми стигна цвеќе од него, многу убав гест, но јас бев на брод тој период.

Многу беше среќен кога дојде во Македонија. Знаеше да каже по некоја реченица на македонски, па на сите им беше интересен.

Имаше и непријатни моменти кога се шетавме по улица, луѓе што нѐ гледаа се крстеа, превртуваа очи ама добро, не се стресираше многу поради тоа, две ракии и сѐ, се забораваше.

Има многу вработени Македонци. Секаде нѐ има, во сите оддели. Најмногу има во ресторан и бар.

Кога ќе се најдеме сите си помагаме и чуваме меѓусебно, сепак е најубаво кога ќе си се расприкажеш со некој што те разбира“; кажа Ноне во интервју за Црно-бело за својата поранешна врска и за работата на брод каде што е советник за убавина во Фришоп.

Лозано како што е познато беше на турнеја низ Америка, и неодамна се врати во Македонија. Тој пеела на Питијадата во Велес, а од публиката го следела Ноне. Ноне снимила дел од настапот на Влатко, тоест песната „Како тебе нема друга“.

Ноне ја постирала својата омилена песна од Лозано, која Влатко како да ја пеел за неа, и си се спомнала себе си во сторито.

Додека Влатко пеел, Ноне која супер се забавувакла во нејзиниот роден град напишала: Како мене нема друга!

Previous articleБрена раскажа колку ѝ била ниска самодовербата кога дознала дека Боба излегувал со принцезата Дијана
Next articleЈа запроси јавно, на концерт, му роди две деца, не престанува да ја фали во јавност и на секоја слика е се позгодна – оваа убавица е сопругата на пејачот Димитар Андоновски