Home Live Лила наскоро ќе летне од Македонија, откако Зоки Фаци ја поддржа во...

Лила наскоро ќе летне од Македонија, откако Зоки Фаци ја поддржа во битката за здравјето, нашата водителка објави каде заминува (ФОТО)

Ведра, насмеана, непосредна, паметна и убава жена, тоа е впечатокот кој ќе го добиете за Лила Филиповска штом ја сретнете“, објави во една прилика Хибрид.мк

Реализирана личност, мајка, посветена на кариерата која грижливо ја гради долги години. Разговараме со Лила Стојановска, интервју во кое таа ни раскажува за себе, за почетоците на кариерата, за тоа што ја прави посебно горда, за идните планови и нејзиниот пристап кон животот и работата, напиша Хибрид.мк

Сите луѓе треба да ја работат својата работа одговорно и морално, за да ја задржат професионалноста.

Ова што го работам мене ми е многу природно. Јас воопшто немам ритуал или начин на кој јас сега ќе бидам професионална и успешна.

Едноставно така функционирам и тоа е мојот начин на работа. Тоа е во мојата природа и карактер што е навистина голема предност. Не сум човек кој има работа што го фрустрира. Мене работата ми е задоволство.

Како што банкарите работат во банка, касиерката во супермаркет, така и јас ја работам мојата работа професионално. Како што тие мораат да ја завршат работата и да пријават промет на крајот од денот, така правам и јас со мојата работа.

Одговорам за сработеното пред очите на јавноста. Тоа значи дека помеѓу моето водителство и телевизиската работа и која било друга професија, апсолутно не постои разлика, ако пристапот е професионален.

Мојот најголем комплимент сите овие години не е врзан за изгледот, дали сум добра водителка, дали сум пријатна со публиката, туку впечатокот на останатиот свет дека сум професионална и дека сум човек од збор, стигнувам на време, мразам доцнење, го почитувам туѓото, но и своето време.

Кога почнуваш некој проект, со оглед на тоа дека зад мене се 10-тина, секој од нив беше различен.

Проектот секогаш зависи од гледаноста, што претставува навистина голем товар да почнеш и да одработиш нешто и да знаеш дека мора да биде гледано.

Сосема е нормално во оваа работа, ако емисијата не е гледана да биде укината. Кога ќе направиш име во работата како што направив јас, стоиш зад некој проект, навистина е голем предизвик, да излезеш, да го износиш, да го направиш, тој да биде гледан или пак да биде погледан од претходниот.

Тоа е природата на нештата, тоа што следува да биде поуспешно.

На некој начин е предизвик со себе. Да бидам искрена, години наназад се натпреварувам со себе. Но, не беше отсекогаш така. На почетокот на кариерата, првите 10-тина години беше интересно и турбулентно, имаше ентузијазам и луѓе кои ја работеа оваа работа, ја сакаа и ми беа конкуренција.

Во тоа време имаше награди за нашата професија, се гласаше и тоа претставуваше на некој начин мотивација за понатаму“, кажа Лила за квизот Се или нешто.

Зоки Фаци, познатиот новинар и пријател на Лила искрено се обрати на стори на Инста и раскажа приказна за здравјето на Лила, нешто што досега не е познато во јавноста.

Тој во обраќањето напомена дека нашата позната водителка носи перика.

– Дечки јас немам твитер, ама некои од вас ми праќаат во инбокс коментари поврзани со мојата драга пријателка Лила Филиповска, и стварно да ви се из нае… на сите све живо и диво што имате.

Зошто мора Лила да ви каже зошто носи перика? Зошто мора да ви каже низ се што помина оваа година, низ пеколот, и зошто мора да ви каже какви здравствени проблеми има? Да даде Господ, се што таа помина да поминете пута три!

Еве, најискрено ви кажувам. Не го кажувам ова од злоба, туку го кажувам од б ес. Затоа што сте себични говеда, затоа што сте луѓе без чувства, затоа што сте луѓе и нација клошарска, нискобуџетна…

Според ова што Василевски го кажува, алудира дека нашата позната водителка најверојатно се борела со потешко заболување.

Лила во секоја ситуација изглед топ и веруваме дека ќе ги надмине овие проблеми, и ѝ посакуваме добро здравје и уште многу животни победи.

Лила не се огласи конкретно по сторињата на Зоки во кои ја брани своата пријателка, но објави постови во кои е на ручек со пријатели и се пофали со новите чизми што си ги купила.

Но, во своето ново стори, Лила најави кај ќе летне од Македонија следно. Станува збор за Маврициус, островската држава во Индискиот Океан, околу 900 км источно од Мадагаскар, која важи за област со едни од најубавите плажи на светот.

Државата Маврициус ја нарекуваат и скапоцениот камен на Африка, а Лила ќе оди таму на крајот на овој месец.

Previous articleЕве како Тома Здравковиќ ѝ го вратил долгот на Силвана Арменулиќ во која бил вљубен
Next articleЗуица Лазова ептен згодна на настап во Велес, во овој краток фустан и високите чизми изгледа како девојче (ФОТО)