Home Live Откако призна со каква мака се соочила, Милена од Канал 5 отворено...

Откако призна со каква мака се соочила, Милена од Канал 5 отворено порача: Не молчете, признајте дека нешто ве мачи

Милена Антовска – Станковска на гледачите им е една од омилените водителки, дама која со своето долгогодишно искуство одлично „плива“ во својата работа.

Како што е познато , Милена е дел од екипата на ТВ Канал 5, каде што се појави во повеќе проекти, а најзапаметена е по Утринската програма која ја води со колегите Роберт Јанков и Јелена Спенџарска.

Од неодамна, во екипата им се придружи и Вера Мештеровиќ, поранешна Мис на Македонија која исто така гледачите ја засакаа како дел од екипата на Утринската програма.

Милена инаку претходно ја водеше емисијата „Сподели про блем“ со Милена каде што одеше на терен и ги слушаме проблемите на народот и колку што е во можност со помош на институциите ги решаваше.

Минатата година, во емисијата Приказна, и во интревјуто за овој портал, Милена отворено раскажа дека се соочила со анксиозноста. Микена има две ќерки, Лана Марија (5) и Јоана која има 8 месеци.

Година и половина, можеби веќе и две, мака мачам со оваа состојба, со тоа што на почетокот не ми беше јасно што ми се случува, но кога дознав и се соочив со тоа, многу ми е полесно, полесно се справувам со целата состојба и се поретки се тие моменти на анксиозност или панични напади.

Некогаш поминуваат и месеци, кoга воопшто ги немам. Дефинитивно мислам дека подобро се справувам со тоа, за разлика од самиот почеток, кога се плашев, бидејќи тоа за мене беше нешто непознато.

Затоа мислам дека сите што имаат ваков проблем, треба да зборуваат јавно, со своите најблиски и со стручни лица, бидејќи имаме одлични психијатри и психолози кои ќе ви кажат како тоа да се третира анксиозноста.

Дали со шетање во природа, дали во разговор со нив, дали со терапија со лекови. Треба да се соочиш на време, за да биде полесно справувањето, затоа што има лек за се, па така и за ова.

Кај мене се појави пост-породилно. Оние кои ме знаат како карактер, знаат дека сум темпераментна и комуникативна, но мајчинството си бара промени и поинаков тек на животот, на пример да се биде повеќе дома, посебно првата година штом ти се роди детето.

Тоа кај мене ги направи работите да бидат такви какви што се.

Постепено почнав да се повлекувам од луѓето, од јавниот живот, за потоа да резултира со некоја анксиозност и страв, за да се вратам повторно во тоа како сум го живеела животот претходно.

Имаше моменти каде што имав панични напади, но за среќа не беа толку страшни за какви што сум слушала и читала. Имаше моменти кога мислев дека ќе се онесвестам…“, за Приказна раскажа Милена Антовска.

Милена, откако призна со каква мака се соочила, и се борела, на светскито ден на менталното здравје, 10 октомври, упати важна порака на својот Инста профил, на стори и напиша:

-Не само денеска, грижете се сопственото ментално здравје секој ден. Разговарајте, не молчете. Прв важен чекор е да признаете дека нешто ве мачи. Дека нешто ви се случува.

Нека не биде ова тану тема во Македонија. Зборувајте со оние на кои им верувате и зборувајте со професионалците во оваа област“, напишала Милена на Инста.

Previous articleСања ли е или „Брза кујна“ има нова домаќинка- водителката смени имиџ, па со краток фустан дотерана како за излегување се појави на ТВ (ФОТО)
Next articleЈа памтиме како гласот на Џеврије во хит серијата „Кога лисјата паѓаат“, Бедија Беговска пред ново и важно животно поглавје