Home Live Сања ли е или „Брза кујна“ има нова домаќинка- водителката смени имиџ,...

Сања ли е или „Брза кујна“ има нова домаќинка- водителката смени имиџ, па со краток фустан дотерана како за излегување се појави на ТВ (ФОТО)

Сања Савевска за кусо време успеа да ги освои срцата на гледачите, прво во ТВ 24 , а последниве години и како нова водителка на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ на ТВ „Сител“.

Сања Савеска вели дека овој ангажман кој ѝ е голема љубов, прво го гледала како предизвик, како и сè во животот, подготвеноста со нејзиниот сакан Томи да се качи на мотор и да открива нови места покрај море.

Како хороскопски рак, Сања за себеси вели дека е преемотивна, и во една прилика за Женски маагзин открив дел од својата приватност и и изјави дека таа останува да биде домаќинка на „Брза кујна“ и оваа сезона.

-Обожавам да поминувам време готвејќи, ме смирува, релаксира и инспирира . Благодарение на моите родители научена сум од мала да ги завршувам домашните обврски сама, па така и доста мала научив и да си направам јадење.

Сакам да готвам и да пробувам нови рецепти, но ги сакам и традиционалните јадења. А дали сум добар готвач ? Досега никој не се пожалил на стомак, а и ништо не останало недојадено.

Снимањата течеа со навистина интензивно темпо, се снимаа по 3 емисии дневно, речиси секој работен ден . Првите неколку дена ми беа малку потешки ,бидејќи требаше да ја фатам и јас минутажата и да го совладам брзото темпо на шефовите.

Но навистина многу бргу се вклопивме тројцата па секое следно снимање ми беше полесно, додека сега веќе и не чуствувам дека сум на работа, едноставно уживам со целиот тим кој работи на овој проект но и со нашите драги натпреварувачи.

Анегдоти има многу, дел од нив се пред камерите ,а има и такви моменти кога не сме можеле да престанеме со смеење па чекаа во режијата да се смириме и да продолжиме, на пример кога шеф Никола направи туфахија а шеф Марк ја коментираше…

E тука мислам 5 пати дека не враќаа за да снимаме. Среде емисија ни има летното блендер полн со крем, се запали крпа, јас истурив шише зејтин па се лизгавме, но во овие и многу други моменти снимањата течеа најпрофесионално“, рече Сања.

Брза кујна објави убави вести, тоест го објави новиот тим, ио сега се знае кој ќе го замени шеф Марк кој летово си замина од шоуто.

-Нов тим, за нови изненадувања во новата 8-ма сезона на најгледаното кулинарско шоу Брза Кујна!!! Наскоро на ТВ Сител! Во редовниот и добро познат термин, секој работен ден во 17.00 часот !

Оваа сезона , шеф Бобан Симоновски ќе го предводи тимот на пиперките и со своите кулинарски вештини ќе му се спротистави на шеф Никола Мишковски од тимот на доматите.

Асистентите кои ќе бидат дел од оваа сезона ќе имаат можност да готват со едни од најдобрите готвачи во Македонија и регионот. Вистински професионалци, со богато искуство и познавање во кулинарство.

Шефовите, заедно со водителката Сања Савеска, секој работен ден ќе го направат уште позабавен и поинтересен, и ќе понудат многу нови и интересни рецепти кои ќе треба да ги подготват од само 6 намирници и тоа за само 20 минути.

Наскоро на ТВ Сител 8 – ма сезона на БРЗА КУЈНА !!!“, стоепе во објавата на Бра кујна. Во сите коментатри, обожавателите им посакале среќа.

Сања ептен изненади во својата нова објава на Инста. Таа објави видео како влегува во студиото на Брза кујна. Кога на прва ќе го погледнете видеото, ќе си речете- Сања ли е, или Брза кујна има нова водителка?

Во кратко фустанче, со поинкав шминка и фризура Сања изгледа топ, и оваа промена одлично ѝ стои, а веруваме и дека ќе внесе нова свежина во новата сезона на Брза кујна.

Previous articleРебека со тажни зборови се прости од својата драга личност: Татјана, нека ти е светол патот
Next articleОткако призна со каква мака се соочила, Милена од Канал 5 отворено порача: Не молчете, признајте дека нешто ве мачи