Home Live Денес полни 60 години – професорката Данева објави заедничка фотографија со Бранко...

Денес полни 60 години – професорката Данева објави заедничка фотографија со Бранко Црвенковски

Поранешниот претседател на државата, поранешен премиер и поранешен лидер на СДСМ, во последните годиние е ретко присутен во јавноста.

Иамко е повлечен од политичката сцена, последните месеци се погласно се зборува дека Црвенковски ќе му помогне на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој најави формирање партија.

Одговарајќи на новинарски прашања, вчера Димитриевски рече дека во Прилеп е формирано здружение „За нашите граѓани“ бидејќи, истакна сè уште немаат добиено согласност од градскиот совет да го користат името Прилеп.

Тој кажа дека по примерот на граѓанското здружение „За наше Куманово“ ќе поддржат иницијативи во градовите сè до, формирање на граѓанско движење кое ќе учествува на наредните избори.

Димитриевски не прецизираше дали ќе има членови од СДСМ и рече дека во движењето можат да се вклучат сите кои се залагаат за вистински вредности, членка на ЕУ, потенцирајќи- првенствено почитувани како народ и држава на сите нивоа.

-Ова не е политичка партија, ова е граѓанско движење, значи ние сме отворени како што реков за сите, сè уште нема видни и истакнати членови, се работи за шпекулации, многупати има повторено и сега повторно ќе кажам, јас го почитувам Црвенковски максимално како поранешен претседател на држава, но до овој момент за оваа иницијатива со него немам разговарано, ниту пак тој ми се има обратено да разговараме на оваа тема.

Сите се добредојдени со своите иницијативи со своите заложби, но првенствено значи во оваа иницијатива ќе дадеме можност на нови луѓе коишто сакаат да ја придвижат државата напред заедно со нас, кажа Димитриевски.

Тој кажа дека СДСМ не му понудил висока функција по локалните избори.

-Не ми беше понудено да преземам висока функција, имаше еден службен разговор на слична таква тема, иако не милувам да дискутирам во јавноста што тоа го говорам на состаноци очи во очи, едноставно мојата обврска е кон граѓаните на општина Куманово, јас добив обврска од сите граѓани, првично неопределени, лево ориентирани и десноориентирани.

СДСМ отпочна една постапка за мое исклучување, имаше неколку различни ставови, дали сум исклучен или не, тоа повеќе не е предмет на интерес на јавноста, она што е најбитно е дека здружението „За наше Куманово“, мојот тим и луѓето околу мене одиме понатаму да работиме во интерес на граѓаните и дефинитивно ќе се вклучиме во решавање на централните проблеми коишто ги има државата бидејќи гледаме дека оваа власт којашто во моментов менаџира е неспособна да не извади од тешката економска криза и навремено да ги превенира дополнителните кризи и да ги решава секојдневните проблеми на граѓаните, рече Димитриевски.

Инаку Бранко Црвенковски денес слави роденден. Денешниот датум за него е јубилеен, бидејќи наполни 60 години.

Неговите пријатели, поранешни сопартијци и пријатели, му го честитаат роденденот, а има и барања него да го има почесто во јавноста и да биде погласен.

„Среќен роденден на Претседателот Црвенковски, мојот учител и пријател!

Да славите уште многу јубилеи, да Ве има почесто и погласно“, напиша на фејсбук професорката Ана Павловска Данева, при што слодели и фотографија од понов датум, сликани во опуштена атмосфера со поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

Previous articleГавазова се храни со школки во ресторан, а пржи пипер дома- практична жена (ФОТО)
Next articleТамара Тодевска е горда Македонка- сподели видео во кое кажа: Што мислам кога велам дека сум од Македонија