Home Live Гавазова се храни со школки во ресторан, а пржи пипер дома- практична...

Гавазова се храни со школки во ресторан, а пржи пипер дома- практична жена (ФОТО)

Сузана Гавазива во едно интервју за РБ телевизија објасни како таа ги пее и ги доживува своите песни. „Важно е да се даде интерпретација, да се дадат емоции во песните, да се работат од срце, и мислам дека публиката ќе ги прифати веднаш.

Тоа публиката го чувствува. кога песната е работена со љубов“ , изјави Гавазова.

Таа по потекло е од Струмица и како што е познато е горда на својот роден град и често го споменува во интервјуата.

Сузана Гавазова гостуваше во емисијата Имат-немат на ИН Тв од Австралија. Емисијата всушност се снима во Македонија и ја води глумецот и водител Жанко Зш.

Приказната се одвива во кафеана, а Жанко и Сузе истераа ептен домаќински муабет.

– Чест ми направи што ми дојде во кафанава, јадење, пиење од мене“, ѝ рече Жанко. „Се’ има јадење, пијање…“, рече Сузе. „По пат убаво си помина“, ја праша Жанко.

-Супер, алеку, но вредеше“, рече Сузе. „Некое песниче, ама од поскапине ќе не почастиш, гостинка си ми во кафанава, ама..“

„Најскапа, за Гоцета ќе испеам“, рече Гавазова. „Може за Гоцета, додаде водителот, ама со запишување, немаме сега. Ќе запишам колку кошта што кошта, па кога ќе дојдат подобри времиња после 20-30 години, внуци правнуци ќе ти платат“, рече Жанко.

Нашата популарна фолк-пејчак во една прилика рече дека се смета за популарна бидејќи насекаде кога оди низ Македонија ја застануваатлуѓето, па сакаат да се фотографираат… “Тоа секако дека ми одговара и се сметам за популарна“, кажа Сузе.

-Само здравје да не служи и енергија да имаме. Фала му на Господ јас имам многу работа, не само тука во Македонија, туку и надвор од државата“, има изјавено Сузана во едно интервју за Точка.

Гавазова на своето стори објави дека ја бива кога се работи за печива, а тоа можевме да го видиме и во една прилика кога на Јасмин му засука баница.

Сега, пејачката одлучи да се префрли на нешто благо, па си направи еден есенски десерт, пита со црни сливи. На фотографијата може да се види дека питата е излеана, а одозгора Гавазова наредила црни сливи и семки.

Потоа, пејачката снимаше што е нејзиниот следен и последен чекор, а тоа беше печењето, за кое Гавазова напиша: „На 190 степени, оди на печење 40 минути.“

Гавазова објави сториња од ресторан во Струмица, и на сликите се гледа дека нашата пејачка убаво се храни. Таа покажа маса со школки и морски плодови, како и вкусни десерти.

Потоа, објави слики од дома како готви, а таа често го прави тоа, имено во повеќе наврати сме се увериле каква домаќинка е Сузе.

Дома, таа направила традиционално јадење, испржила пипер со урда.

Ова е уште еден доказ дека Сузе, освен што сака интернационална кујна, дома ѝ верна на нашата- национална.

Previous articleДарко Лазиќ ја покажа новата девојка, згодна како Кардашијан (ФОТО)
Next articleДенес полни 60 години – професорката Данева објави заедничка фотографија со Бранко Црвенковски