Home Live Голем успех ја чека Илина во Америка, оваа важна жена ќе ѝ...

Голем успех ја чека Илина во Америка, оваа важна жена ќе ѝ помогне да го оствари сонот (ФОТО)

Игор Џамбазов и Илина Арсова имаат интересна љубовна приказна. Од сите јавни личности, токму нивната пробуди најмногу интерес. Џамбазов вели дека толку ја сака Илина, што таа побарала од него да ја сака помалку.

Оваа приказна, тој му ја раскажа на Жаре во „Еден на Еден“.

„Како е тоа возможно? Дали некому му успеало? Дали воопшто некој некому на планетава му побарал да го сака помалку?“, му рекол Џамбазов на Жаре и ја испеал новата песна.

„Таа сака, да ја сакам помалку. Таа само сака да сум ја сакал помалку“, се дел од стиховите на оваа песна. Игор ќе раскаже и за тоа дека оваа година, која сите по лошо ќе ја паметат, за него била најубава, и оти верува во судбина, која му ја пратила Илина.

Исто така, Џамбазов раскажа дека се плаши да ја гледа Илина како се качува по карпи.

„Кога првпат ме однесе на качување, од Дојран за Демир Капија… Стварно се преубави тие карпите, помеѓу двата тунела. Има таму два паркинга, лево и десно се стази, бележани.

Вториот ден ѝ се случи нешто што се случува многу ретко. Паѓаше 5-6 метри од голема висина, и ја немаше три секунди.

Тоа го видов, и оттогаш, ги оставам на местото, и си одам покрај Вардар, си седам, си гледам, и пресметувам од прилика колку време им треба да се качат“, изјавил Џамбазов.

Игор и Илина кои инаку се цело време во Дојран. Минатата година, Игор со овие зборови ѝ го честиташе роденденот на Илина Арсова:

Таа е сЕ што имам. Таа е сЕ што немам. Таа денес полни 38 лета. Среќен роденден, среќо моја!, напиша Џамбазов лани.

Денеска Илина слави роденден, а Џамбазов со уште поемотивни зборови ѝ го честиташе: Ти ми го продолжи животот.

Ти ме научи да го сакам животот. Ти си мојот живот. Среќен ти роденден, среќо моја.

И Илина за Игор има кажано многу работи:

-Со него можам бескрајно да правам мубаети, и он да свири и јас да сликам или да пишувам. Имаме критички осврт кон тој некој однос кон општеството“, рече Илина.

Илина изминативе два месеци е отсутна од дома, и во новото видео што го објави на Инста всушност сподели каде е сега и што прави. Илина се јави од Америка и рече:

-Добар ден, еве да споделам дека од неодамна сум студент на докторски студии на Универзитетот во Тенеси, и не само што сум студент туку сум и професорка.

Па, кој доаѓа навака, пријавете се, ќе одиме на кантри музика и на америкснакси фудбал“, кажа Илина во видео пораката и додаде:

-За сите оние кои прашуваа кои се моите следни аспирации и цели, епа, ова е тоа долго очекувано, сега му дојде и редот“, рече Илина а до ова видео таа напиша:

– За сите пријатели и фанови праќам мал поздрав од Ноксвил, Тенеси. До сега не стигнав официјално да споделам дека добив престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси.

Оваа одлука не беше лесна во поглед на љубовта и фамилијата која ми недостига во секој миг, сепак овој мој нов Монт Еверест, долго беше на листата па еве му дојде редот.

Искрено им благодарам на најблиските и мојот драг Игор Џамбазов за целата поддршка во овој момент, новите почетоците никогаш не се лесни.

Знаењето е нашето најголемо богатство, па никогаш не престанувајте да учите“, рече Илина од Тенеси.

Таа доби голема поддршка од своите следбеници и пријатели, а Игор Џамбазовв не коментираше на оваа обава. Тој неодамна на Инстаграм кажа дека веќе два месеци „боледува“ од Илинопатија, тоест пати по Илина.

-Честитки и полно полно успеси… Браво. и Игор не го водиш со тебе ??? Се растопи човекот“, вели еден од коментарите за објавата на Илина, а таа му одговорила на пријателот: Ќе дојде кај и да е“.

Илина арсова денес се сретнала со познат фитнес тренер во Америка и објави слика како вежбаат заедно, и се пофали со голем успех кој треба да ѝ се случи.

-Денес ја имав честа да ја запознаам неверојатната Missy Kane Miller и да гостувам во нејзиното шоу Missy Fit & Fun.

Кејн е тркачка на 1500 метри, американски олимпиец во атлетика, експерт за фитнес и здравје, тренер, спортски известувач, примена во Куќата на славните во TN и меѓу другото, активист кој промовира здрав начин на живот преку различни платформи и иницијативи.

Ти благодарам што ме покани, тоа беше големо задоволство и прекрасно искуство, и дури добив шанса да ги промовирам моите книги кои чекаат да бидат преведени на англиски“, напиша Илина.

Previous articleOткако раскина со Антониа, Иван од Либеро најави настап со Мартија, другарка ѝ со која се многу блиски
Next articleМарија Шерифовиќ призна- 20 години одам на терапевт, докторката ми помага да го одржам менталното здравје