Home Live Ова е мајката на Јордан Митев, доживеала голема мака – пејачот ја...

Ова е мајката на Јордан Митев, доживеала голема мака – пејачот ја отвори душата за неа (ФОТО)

Јордан Митев е роден на 13 август 1986 година во Радовиш. Потекнува и живее во Подареш. Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш.

Тој е еден од најпознатите македонски фолк пејачи, и со успех опстојува на македонската сцена веќе 15 години а во меѓувреме подготвува нов албум и два концерти за прославувње на својот јубилеј.

-По многу патувања, за мене сега веќе не е важно каде ќе пеам туку ми е најважно како е организирано,во каква сала,со колку гости и сите професионални нишани за еден музички професионалец.

Во хороскоп сум лав, а лавот со сите свои позитивни и негативни страни е знак кој е многу искрен, емотивен и знае да сака. Од една страна многу јак , но од друга многу сл-аб.

Тој мој лавовски сензибилитет може да се почувствува и во мојата музика.Јас песните не ги пишувам и не ги пеам истресени како од ракав туку во секоја песна влевам емоција и ставам свој печат.

Доколку емоцијата не е доволно јака и искрена, песната нема мотор кој ќе ја движи. Би ја издвоил песната “Ајде сите на нозе”.

Таа песна ја пеев 2011 година на Прилепскиот фолк фест. Се сеќавам дека во понеделник се вратив од настап во Европа, а во петок требаше да настапам на фестивалот.

На само пет дена пред фолк фестот, јас уште немав ниту напишано а камоли снимено песна за фестивалот. Последен ден за предавање на песните беше четврток. Во вторник цел ден размислував.

Си реков на себеси дека морам да направам нешто со што ќе ја кренам публиката и ќе ја “запалам” салата.И така се роди првата мисла“, изјави Митев во едно интервју за Радар.

Како што е познато, минатата година о близина на трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје,се случи не среќа во која животот го загуби едно лице, а уште едно беше повредено.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил „Цитроен Ц4“, управуван од лице на возраст од 22 години, удрил во двајца пешаци, девојка и момче на возраст од по 24 години, кои поминувале преку улицата.

Од здобиените повреди, оштетената се упкоила на лице место, додека другиот пешак е повреден и пренесен во болница. Познатиот фолк пејач Јордан Митев, откри дека и тие како семејство се соочиле со ваква случка, во која жp тва била неговата мајка:

„Колку вреди?! Хм, најверојатно кај нас вреди многу малку. Во развиените земји животните имаат поголема вредност…За жал.

Пред 2 години мојата мајка, заедно со еден наш роднина стоејќи на тротоар, младо пијано докторче со својата кола, ги подбира и двајцата од тротоарот. Ги удира и побегнува без да застане и пружи помош. Како кучиња ги остава на патот.

Среќа останаа живи. Мајка ми со скршена рака, роднината со скршена нога и дополнителни компликации. За иронијата да биде поголема, докторчето (убав на мајка) е син на докторка која работи во Подареш, која пак беше матичен доктор на мајка ми.

Без грам доблест и одговорност, се криеа се додека полицијата не докажа со силни докази дека вистина тој го има направено делото.

На крај, и дадоа некоја минимална оштета колку да не биде без ништо, а докторчето убав на мајка, кој утре ќе лекува луѓе и ќе биде одговорен за човечки животи со 3 месеца затворска казна, за која што се сомневам дали и таа ќе си ја одлеже.

На нас само дебели казни, да ни дојде паметот. Како знаеме од Табановце нагоре да бидеме и културни и да почитуваме се што треба, па нормално, таму нема “убав на мајка”, Си направил прекршок, ќе одговараш и ќе си платеш.

Сочу вство до фамилијата во Радовиш“, напиша еден од нашите најпознати фолк пејачи минатата година. Јордан во една прилика објави слика со мајка му, и честиташе роденден и и се заблагодари за сè што направила во неговиот живот.

Еве како изгледа жената која многу наравила за својот син, а тој знае тоа да го цени.

Previous articleЌе се опари Николина Пишек – вилата што ѝ ја остави сопругот, таа сега ја продава за речиси 2 милиони (ФОТО)
Next articleЗа фолекрката Сани ќе нема криза, си фати нашинец со добра работа и со добра кола во Швајцарија, еве како им оди љубовта преку жица