Home Live Тамара Тодевска е горда Македонка- сподели видео во кое кажа: Што мислам...

Тамара Тодевска е горда Македонка- сподели видео во кое кажа: Што мислам кога велам дека сум од Македонија

Тамара Тодевска, која со песната Proud го освои седмото место на Евровизија во Тел Авив, во една прилика зборуваше за тоа како ја снимала песната, и какви емоции ѝ разбудила.

– Плачев цело време додека ја снимав песната. Бев многу емотивна и нормално е публиката да ја чувствува таа емоција, бидеќи јас давам сè од себе, душата, срцето, секоја солза на таа песна.

Плачам бидејќи е за ќерка ми, многу ми недостига. Навистина ми недостига. Песната е за неа, таа беше мојата инспирација“ – рече во 2019 година македонската пејачка.

– Евровизија беше најубавото професионално искуство во мојот живот. Бескрајно сум благодарна и на МТВ и на целиот мој тим. Ние бевме навистина тим од соништата. Уште од првиот ден бевме максимално посветени и верувавме дури и во невозможното.

Гласовите од жирите и овациите од публиката беа само потврда дека нашата тимска работа се исплатеше.

-Денес Тамара е таму каде што треба да биде. Јас и мојот тим победивме. Ги победивме коментарите дека ништо нема да направиме на Евровизија, дека нема да влеземе во финале. Покажавме и докажавме дека со макотрпна и тимска работа апсолутно сè е возможно.

Ние го постигнавме најдобриот пласман за Македонија на Евровизија. Македонија беше прва земја од нашиот регион што била победник од страна на жирито.

Но најважно од сè, ние самите знаевме дека сме победници бидејќи невозможното го направивме возможно“, рскажа Тамара За Еспресо.

– Бескрајно благодарна сум што имам сопруг како Мачка покрај мене бидејќи без неговата љубов и разбирање, ниеден мој сон немаше да биде моја реалност“, рече Тодевска за својот сопруг во Женски магазин во една прилика.

-Мачка ме познава подобро отколку што и јас самата се познавам. Тој е многу повеќе од мој животен партнер. Мачка е човек што секогаш знае да ги каже вистинките зборови. Знае да ме пофали но и искритикува.

Да се радува на моите успеси но и да биде мое рамо за плачење. Ние сме тим што верува дури и во невозможното“, додаде мајката на Хана и на Дарен.

Со Мачка бевме супер другари седум години. Отсекогаш имало симпатии меѓу нас но животот најверојатно имал совршен план кога да ги претвори тие симпатии во љубов.

– Мајката и таткото на Мачка дојдоа од Скопје за да се запознаеме, тие живеат во Гевгелија. Се договоривме да им го отстапиме станот да преспијат, за да не одат тие во хотел, ние отидовме да преспиеме во хотел.

А тие сѐ си испланирале, целата свршувачка без јас да знам. Утредента кога се разбудивме, Мачка нарачал појадок во соба и ме викна да појадуваме заедно. Дојди љубави да јадеме- се убедувавме некое време зашто јас не бев гладна.

Си го земав цедениот портокал и си се вратив во кревет, хахаха. Тука дополнително несакајќи ја одложив целата работа. Целата храна беше отворена, само едно јадење затворено со капак.

И јас како за беља почнав да јадам од сѐ по малку, само тоа што беше затворено не го отворив. Мачка се чудеше како не сум љубопитна да видам што има таму. На крајот, ме убеди да откријам што има во капакот, а таму беше прстенот“, рекла таа за сопругот.

Тамара на Инста стори сподели видео во кое влеи: Што мислам кога ќе речам дека сум од Македонија? Вовидото, се покажуваат природните убавини на Македонија, национални обележја, нашата позната, храна, пијалоци.

Потоа фрески од црки, слика од мајка Тереза, Шарпланинецот како едно од нашите обележја, но и дел од модерната архитектура.

Previous articleДенес полни 60 години – професорката Данева објави заедничка фотографија со Бранко Црвенковски
Next articleПријателка на упокоената професорка Петрушевска раскажа вистинска приказна за неа- беше со огромна борба за живот