Home Live Перо Антиќ ѝ специјален даде подарок на нашата позната згодна водителка, ја...

Перо Антиќ ѝ специјален даде подарок на нашата позната згодна водителка, ја воодушеви и се пофали на Инста (ФОТО)

Во една прилика, во емисијата „Жешко столче“ Перо Антиќ рече дека се изненадил кога го поканиле во НБА, затоа што имал 32 години и не сакал да „му закуцаваат помлади“, како што рече..

„Знаеш кај нас како е, прва тема на маса, ако те закуца. Спонтано излезе и не сакав да бидам еден од тие што имале шанса да отидат а не отишле“, изјави Перо.

„Имав јас и претходно понуди, ама ги бирав парите, искрен да бидам. Трета мајка важи. Избрав да одам за помалку пари ама да го прифатам предизикот“, рече Перо.

Потоа додаде дека во исто време кога заминал во НБА, имал и понуда да оди во „Барселона“, но менаџерот му ја сменил кариерата на подобро.

„Со менаџерот не се слушаме после 10, а тој ми се јави во 11. Сакаш да одиш во НБА? Јас му викам: Што, Барселона пропадна? Не, само така те прашувам. И буквално испадна за пет минути да одам во НБА“, раскажа Перо Антиќ.

„Јас сум обичен човек, обично дете од центар. Едноставно, сите сме исти, без разлика што работиме. Едноставно, треба секој да да се почитува“, рече Антиќ.

За своите три сина, Перо рече дека во ниту еден од нив не го гледа својот наследник. Лука и Павел се во кошарката, но тој не им прави никаков притисок, туку им дава поддршка правилно да се развиваат.

Перо за себе си рече дека е бунтовник со причина. „Таков е мојот карактер, имам и тетоважа: Мој живот, мои правила, но не со глава во ѕид. Сам создавам за себе и за својата фамилија и мислам дека треба да ги следам своите правила.

Секогаш главата горе, животот е школо. Ако ја спуштиш, значи нешто те натерало“, одговори Антиќ.

„Кога почнав да играм кошарка, Марин Докузовски ме избрка од првиот тренинг затоа што сум доцнел. Тогаш по 80 деца како лубеници нè избираа кој го бидува а кој не. Еден ден стигнав да играм во НБА, ама она што го направивме со македонската репрезентација во 2011 е нешто на кое најмногу се гордеам.

И тогаш го истетовирав македонското знаме на градите“, вели Перо Антиќ за „Репортер“, чија кошаркарска приказна му донесе сешто во животот.

Татко е на три деца. Зад себе го има бракот со Ружица за кој првпат прозборе во јавноста во инервјуто за Репортер: Подобро добар развод од лош брак. Не беше лесно да им објасниме на децата. Но, тие се најважни и тоа не може ништо да го смени“, вели Перо, кој има стан во близина на поранешната жена за да може постојано да биде со децата.

Во интервјуто прозборе првпат и за новата љубов. „Навистина сум среќен“, открива Антиќ.

Со него муабетот не може да е досаден. Зборувавме за сè и сешто – од времињата во НБА кога играше за „Аталанта“, па вели:

Таму сè е опуштено, нема ни тренинзи, пред натпревар се излегува во град. Замисли, кога играв во „Црвена звезда“, на Жељко Обрадовиќ да му кажам дека ќе излезам во град вечерта. Ама и сега ми е тешко во студио гласно да го изговорам ова“, низ насмевка раскажува Антиќ, актуелен претседател на КФМ.

Од секаде има по некоја приказна. Од оваа сега кога е во лоши односи со раководството на МЗТ до она кога за малку им избега третото место.

„Дишевме како едно тогаш, секогаш сакам да зборувам за овој период“, вели Антиќ, кој ни откри што сè се случувало кога Македонија влезе во полуфиналето“, објави Репортер во една прилика.

Перо Антиќ ѝ дал подарок на нашата позната водителка Ведрана Ѓорѓевиќ, кога таа била во Кошаркарскиот сојуз на Македонија чиј претседател е Антиќ. Перо на Ведрана и дал нејзин дрес, со потпис и посвета за неа.

Овој подарок толку ја воодушевил Ведрана, што таа го споделила на стори на Инста, и напишала: Кога одиш во КФМ и не те пуштаат без поклон. А, ова стори го споделил и Антиќ кај него на Инста профилот.

Previous articleНов бизнис за Гоца Тржан и маж ѝ- пари ќе капат од сите страни
Next articleАгнеcа ја испрати ќерка си во Cловенија да студира, еве колку кошта нејзиниот факултет