Home News Фуркан вечерва објави ново видео – баpа објаснување од Cофијанова како истовремено...

Фуркан вечерва објави ново видео – баpа објаснување од Cофијанова како истовремено била во Словенија и на дежурство

Вчера Тв Клан повикувајќи се на документ од Детската клиника ја прозва директорката Аспазија Софијанова дека месечно од плата и дежурства земала 5000 евра.

Потоа следеше статус од новинарот Фуркан Салиу, кој предочи дека имало интервенции, дури и кај неговите родители, прилогот да не биде емитуван, но тој сепак одлучил да оди докрај.

Во еден момент од разговорот, Софијанова му вели дека ќе го пријави каде што треба, и дека позади неа стојат некои луѓе!

Утрово, Софијанова на својот профил на социјалните мрежи, ги демантираше наводите на новинарот Салиу и рече дека жали за нејзината вчерашна помалку нервозна реакција.

Софијанова доби поддршка од многу свои пријатели и пациенти.

„Настапот на Цули мојата пријателка не беше Ок, ја најдоа не спремна. Но нешто сакам да напишам зошто навистина и како доктор, професионалец многу ја почитувам.

Не може со едно несмасно интервју да се направи сосема погрешна слика за Докторката со големо “Д” за целата нејзина кариера.

Таа е посветена и дење и ноќе на своите пациенти. Со авиони и хелихоптери ги носеше малите дечиња кога овде им немаше помош.

Знаете што, ние Македонците за жал не можеме да излеземе од политичката матрица. За нејзината експертиза и знаење треба многу да ја почитуваме. Сите ќе плаќаме и повеќе ако си отиде во приватното здравство.

Добрите доктори треба да ги сочуваме, државното здравство, ако сакаме добро здравство“, напиша новинарката Анета Пешева.

Денес Софијанова во изјава за ТВ Сител, негира и вели дека сите приходи и биле законски остварени. Имала 35 годишен работен стаж, предавала на студенти и постојано била достапна за пациентите и колегите за консултации.

-Апсолутно сигурно 5000 евра, ниту пак стои моето име, го имам тој документ тука, ни половина од тоа немам. Да е толку голема платата е надвор од сите умови.

Јас останав тука, ниту еден ден немам работено во приватно здравство иако законот го дозволува тоа. Но, целата моја енергија и сите насоки се во оваа клиника.

Неговото објавување на некои информации дали сум зела тој ден, овој ден, ние имаме приправност континуирано, он лајн, изјави д-р Аспасија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести за ТВ Сител.

Таа исто така, напоменува и дека постојано добива повици, во секое време од денот, а споменува и онлајн дежурство. Дали токму со ова последното ќе го оправда целиот овој ска ндал, останува да видиме.

Во меѓувреме, денес новинарот Фуркан Салиу, објави ново видео, на кое на Софијанова и презентира документи, според кои таа се водела на дежурство и кога била надвор од земјава.

-Во јули и Август оваа година, вие сте надвор од земјата, во Словенија!

-Да, одговара Софијанова, бев на студиски престој во Словенија.

-Па како тогаш, сте зеле пари по основ на дежурство за овие датуми (наведува датуми), кога воопшто не сте биле во земјава?

На ова Аспазија Софијанова одговара дека таа и во Словенија дежурала, не била таму да се шета.

По ова, новинарот објавува статуси на Софијанова, од наведените датуми, кога таа постирала фотографии од нејзини прошетки во Словенија и се прашува како е можно во исто време да се биде надвор од државата и да се дежура.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Previous articleРодителите на Цеца сакале да се одречат од неа – еве во кој момент биле многу скарани
Next articleБабичката која продава цвеќиња на тротоарот, ми ги насолзи очите кога ми го раскажа тешкиот живот