Home Live Ана за Цули: Ви текнува ли на оние кои биле платени да...

Ана за Цули: Ви текнува ли на оние кои биле платени да ве услужат, ама сте биле одбивани или враќани

Од завчера наваму, од прилогот на ТВ Клан и новинарот Фуркан Салиу, се случува своевидна драма на социјалните мрежи, околу наводите на познатиот новинар.

Тој, повикувајќи се на документ од Детската клиника ја прозва директорката Аспазија Софијанова дека месечно од плата и дежурства земала 5000 евра.

Вчера утрото, Софијанова на својот профил на социјалните мрежи, ги демантираше наводите на новинарот Салиу и рече дека жали за нејзината вчерашна помалку нервозна реакција. Софијанова доби поддршка од многу свои пријатели и пациенти.

Најпрво се огласи стилистот Алексанар Билјановски- Дадар во одбрана на д-р Софијанова која ја означи во објавата.

– Ве разбудија среде ноќ (кога не сте на дежурство ни на смена) со трчање сте отишле за да му помогнете на едно детенце и помогнавте. Ова е само еден мал дел од ИЛЈАДНИЦИ случаи на кои сте им помогнале иако не сте морале и НЕ сте биле на СМЕНА.

За ЛЕКАР нема смена ,дежурство или одмор. Тоа го покажувате СЕКОЈДНЕВНО. Да даде Бог да јадете од златна лажичка цел живот и да сте ни живи и здрави за да се грижите за нашите деца како што само ВИЕ УМЕЕТЕ.

Ви се поклонувам за вашата човечност и хуманост.ЛЕКАР треба да зема МНОГУ ПОГОЛЕМА ПЛАТА и од претседател и премиер !!! А зошто??? Затоа што ВАШИТЕ ДЕЦА утре ке ги однесете да им го СПАСАТ животот !!! Уаааааа за сите што мислат поразлично!“

Објавата од Дадар ја сподели и нашата пејачка Елена Ристеска која рече дека ретко завзема страна и зборува јавно, и сподели приказна поврзана со д-р Софијанова.

– Дефинитивно секој збор е на место за оваа Докторка! Ретко коментирам и заземам страна. Меѓутоа и кога не била на дежурство и кога не била на работа доаѓала за да спаси итни случаеви кај дечиња и верувам за тие спасени животи дека не била наградена со повеќе плата.

Јас лично ја познавам и сме седеле во ресторан приватно кога одеднаш ќе рипнеше и ќе се упатеше према болница, за да спаси некое детенце.

Иако одамна ја немам видено, Цули поддршка од мене и мојата фамилија особено од внука ми Делфина која те обожава“, кажа Елена.

На актуелната ситуација се огласи и писателката, Aна Бунтеска која Цули ја опиша многу посебно:

„Колкава е жедта за k в и p aспнување. И сето тоа поткрепено со поткинато парче хартија без потпис и печат (кое кружи низ нет), евтина провокација (за 15 минути слава) без објаснување што е бруто, а што нето плата.

Сосем доволно за да никнат статуси и коментари со вокабулар од кој се наткрева желудник.

Нема ни едно дете вратено, телефон кревала и во 2-3 сабајле (дури и тогаш кога била и самата болна), прекинувала одмор за критични случаи.

И пред да кажете дека тоа и’ е работа (вон работното време), нека ви текне на сите оние луѓе и институции чија работа била да ве услужат (оти нели и тие од наш џеб се плаќани), ама сте биле одбивани или враќани.

Или нека ви текне кога за време на пандeмиjaта матичните лекари (секоја чест на исклучоците кои останаа посветени) не ве примаа во ординациите од страв да не се заразат.

Еднаш немало муабет дека некој ја подмитил или дека барала нешто од пациентите. А околу полемиките за тоа каква и’ била реакцијата при снимањето

(за кое правници ќе кажат дали е законски, а новинари дали е етички), тврдам дека 90% од згрoзeнитe веројатно и пожестоко би изреагирале.

Од сите грeвови на светот, во оваа земја најголемиот е да имаш…сеедно дали “имањето” е пара, авторитет или знаење,“ напиша Ана.

Покрај, јавните личности, голема поддршка изразија и граѓаните кои кажуваа свои случки и искуства со докторката која им се нашла во многу наврати.

Previous articleПозната пејачка до Софијанова: Голема си Цули, и на некого многу му сметаш
Next articleПроговори познатиот доктор од клинички и објасни колкави се навистина платите: Можеме да купиме само 200 кила жолто сирење