Home Live После сè што се пишуваше деновиве, се огласи Лила: Вечерва облеков фустан...

После сè што се пишуваше деновиве, се огласи Лила: Вечерва облеков фустан во бела боја, вечерва го славам животот (ФОТО)

Лила Стојановска, екс Филиповска е жената која изминативе дваесетина години е постојано присутна на ТВ екраните и на социјалните мрежи.

Почна како ТВ водителка на Сител телевизија, проектот, квизот „Се или ништо“ и трае до денешен ден и токму со нејзината константност сиве овие години, Лила всушност ја покажува својата професионалност, која неминовно носи успех.

Последните неколку години, Лила Стојановска е најпознатата инфлуенсерка од Македонија. Има преку 200 илјади фанови на социјалната мрежа Инстаграм и одлично плива во маркетиншките води.

Велат, ако сакаш нешпто да продадеш, рекламирај се кај Лила. Речиси секоја фотографија на нејзиниот канал е ставена со повод, професионална, дел од некоја маркетиншка кампања, од нејзините многубројни спонзори.

И сето ова во години, кога нејзини врснички чуваат внучиња, а со оглед на возраста на нејзиниот син, прашање е на момент, кога и Лила ќе дојде во таква позиција.

Но, дури и тогаш, ќе остане фактот, дека Лила е една од најдобро негуваните и најодржаните жени во Македонија.

Деновиве, најпрво нашиот портал, а потоа и многу други, го пренесоа статусот на популарниот водител Зоран (ФАЦИ) Василевски, во кој тој прилично нервозно, им одговори на сите душегрижници околу здравјето на неговата најдобра пријателка, Лила Филиповска.

Зоки Фаци искрено се обрати на стори на Инста и раскажа приказна за здравјето на Лила, нешто што досега не е познато во јавноста. Тој во обраќањето напомена дека нашата позната водителка носи перика.

„Дечки јас немам твитер, ама некои од вас ми праќаат во инбокс коментари поврзани со мојата драга пријателка Лила Филиповска, и стварно да ви се из нае… на сите све живо и диво што имате.

Зошто мора Лила да ви каже зошто носи перика? Зошто мора да ви каже низ се што помина оваа година, низ пеколот, и зошто мора да ви каже какви здравствени проблеми има? Да даде Господ, се што таа помина да поминете пута три!

Еве, најискрено ви кажувам. Не го кажувам ова од злоба, туку го кажувам од бес. Затоа што сте себични говеда, затоа што сте луѓе без чувсtва, затоа што сте луѓе и нација клошарска, нискобуџетна…

Според ова што Василевски го кажува, алудира дека нашата позната водителка најверојатно се борела со потешко заболување.“

Лила за ова молчеше се до вчера, кога го прослави својот роденден. Таа повторно не откри детали, но сепак проговори со што се соочувала во изминатиот период, од како што рече, една година:

„Вечерва облеков фустан во бела боја…вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден.

Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден , да го почитувам секој момент и да бирам пријатели кои за мене би го направиле она што и јас за нив !

Научив дека секој ден е борба и дека со добра мисла секој проблем е решлив. Овој ден е мој ден…овој ден е мојот роденден!“

Previous articleД-р Блашко Димковски проговори за неговиот трнлив пат во Германија: Да се успее е тешко, но е можно
Next articleРомантика за двајца, еве како Јован ја изненади својата Билјана- блазеси ѝ на Дебарлиева со ваков сопруг (ФОТО)