Home Live Еве како Маријана Новачевска ја нарече помалата ќерка на Сузана Турунџиева, има...

Еве како Маријана Новачевска ја нарече помалата ќерка на Сузана Турунџиева, има на кого да се метне (ФОТО)

Маријана, во една прилика зборуваше нејзината сестра, Росана.

– Во времето кога музичката кариера ни беше во цутот, постоеја концерти, фестивали, забавно- музички емисии, разни прослави итн. Работата што требаше да ја завршиме за една фотосесија, или за издавање албум со нашата музика беше огромна.

За нашата работа добивавме финансиски надоместок, но многу поважно е дека тоа, заедно со публиката, ни даваше полетност и сила нам, на естрадните уметници, да твориме уште повеќе, да бидеме присутни на сцената.

Начинот на живот, снимањата или прославите што траеја до доцна во ноќта, не дозволуваа да можеш да имаш и дополнителна работа во тоа време. Кога работите почнаа да се менуваат и многу од горенаведеното престана да се случува, естрадните уметници започнаа да ја чувствуваат потребата да имаат и „секојдневна“ работа.

Таа нудеше поголема сигурност, плата на крајот на месецот, односно сигурна егзистенција. Не гледам ништо лошо во тоа уметниците да работат напоредно две или повеќе работи покрај уметноста со којашто се занимаваат.

Но, навистина жалам за тие убави времиња, за тие прекрасни програми со забавна содржина, за снимањето на новогодишните емисии, за дружбата зад сцена во текот и по завршувањето на фестивалите…тоа веќе го нема.

Пресреќна сум што и младите ја препознаваат убавината на нашите песни, кои биле направени и отпеани далеку пред нивното време. Секое време си носи свои трендови и насоки во музиката, но евергрините со право ја носат таа титула и воопшто не ме чуди што дел од квалитетната музика се слуша до денес.

Ќерка ми, кога беше помлада, често знаеше да ме разбуди сред ноќ и да ми ја пушти „Признавам“ преку телефонот додека песната ечеше во некоја дискотека, а младите ја пееја на цел глас.

Чувството е прекрасно и посакувам нашите песни да се пеат уште долги години.

Целата кариера со Маријана ми е омилена. Направивме навистина голем број хитови, но ако веќе морам да одберам омилена, тогаш нека бидат „Едно срце имам душо“ со Маријана и „Надежи“ со мојот упокоен брат Мирослав.

Ние фамилијарно сите пееме, најчесто тоа е зад затворени врати и за наша душа. Досега ниедно од децата не се одлучи јавно да се занимава со оваа професија, иако имаме една извонредна палета на гласови.

Најмногу ми е жал дека никогаш не си го остваривме ветувањето еден ден да се собереме јас, сестра ми и брат ми, заедно со нашите деца, да испееме нешто. Секогаш остававме за некој друг пат и еве сега, за жал, веќе не можеме да ја реализираме оваа идеја“, рекла Росана.

Да потсетиме, Сузана Турунџиева, нашата позмата водителка, пејачка и писателка која е инаку наставник по музичко образование и голема пријателка со Атиџе Муратова, често на својот Фејсбук профил објавува мотивирачки цитати и случки од својот живот.

Во интервју за Хибрид, Сузе објасни што ѝ е инспирација кога пишува книги и која мисла ја воси, а која сака да ја избегне.

– Имаше моменти за кои чувствував дека сакам да ги прескокнам ама се’ е наша историја, макар и не било нешто убаво во нашиот живот, макар имало и некои личности кои сакаш да ги избришеш. Но, гума за бришење нема.

Донесов одлука, со никого не ја споделив и си реков дека тоа моментот што го чекам, сум достигнала некаква ментална зрелост, тогаш имав 36 години и јас ова ќе го ставам на хартија.

-Најболниот и најтешкиот период кој го пишував е моментот кога исчезна брат ми. Тоа беа пеколни 40 дена во кои не знаев дали живеам, дали постојам, меѓутоа цело време во тие 40 дена носев на себе една бела бунда, со надеж дека ќе се разреши сето тоа убаво. Но, не се разреши убаво, стигна најстрашната вест.

Таа ситуација сакав да ја опишам поедноставно односно да не ги забележам сите тешки моменти кои ги преживував, мислам дека донекаде успеав, можеби не се соголив комплетно, но сакав да ја поштедам мојата мајка затоа што таа ја преживеа сепак најголемата болка.

Сузана на својата најнова објава на Фејсбук објави слики од нејзината помала ќерка Матеа, која пораснала во вистинска убавица. Всушност, поводот е свадба, а Матеа беше облечена во бело фустанче и изгледаше на ангел.

„Најубавите денови секогаш започнуваат во Соник. Еми и Тео ми го скоцкаа бисерчето за најсреќниот дел на дада Мила. Нека биде долговечна љубов, среќа и бериќер за Мила и Аце,“ напиша Сузе.

Во коментарите се редеа безброј убавини и честитки и многумина и посакаа на Суза да си дочека свадба и на Матеа. Коментираше и Маријана Новачевска, која за Матеа напиша:

„Кукла, убавица“, што навистина Матеа е убава како и нејзината мајка.

Previous articleАлександар и Дац на Раде Шербеџија му го пееја Тома на увце (ВИДЕО)
Next articleВера Мештеровиќ во Канал 5 почна да дели брачни совети: Сварете му кафе на партнерот