Home Live Илина не се чувствува добро во Америка, го нема Игор да ја...

Илина не се чувствува добро во Америка, го нема Игор да ја утеши, еве која наша позната личност ѝ пружи поддршка

Планинраката и уметник Илина Арсова која има искачено седум светски врвови и познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов се популарен пар во јавноста последните дев ипол години.

Токму на оваа тема, Илина Арсова зборуваше во едно свое интевју за Репортер, каде што ја раскажа љубовта со Игор, како тие всушност функционираат заедно, што е убаво, но исто така и што и пречело на почетоот од нивната врска.

-Јас последниве години, пола од времето го поминувам во Македонија, пола надвор. Патувам, работам, учам.

Јас имам проблем тука, бидејќи некако средината многу не кочи за да напредуваме, особено за оние работи за кои јас сакам да се надградувам.

Се сеќавм во Турција имаше на почетокот, не сум удрила срценце, не сум му ставила лајк кога ми пишал, и одма лут дечкото. А јас од сабајле пуна агендата.

Станувам, вежбам доручкувам, вежбам, одам на карпа, работам, пливам, јадам нешто на брзинка, и легнувам уте пана.

Ама, нормални луѓе, имаме малку повиоко ниво на свесност, за брзо време да ги сконтаме тие работи, како што на него му е чудно тоа мое постојано движење и патување, мене ми е чудна неговата пасивност.

Па, некој пат кога не ми е јасно во врска со тоа како неговиот живот е организиран, си го преслушувам вашето интерву тука што го имате, баш тоа беше непосредно пред ние да се сретнеме, и тука си го преслушувам од време на време, ако нешто не ми е јасно, може од време на време ќе ми се открие.

Тогаш рече дека не може да ги трпи жените повеќе од два часа. Тоа беше во декември, а ние се сретнваме во април во Дојран. А се имаме сретнато во Охрид чисто другарски, и нели целиот тој сплет на околности не спои.

И веќе, во однос на птретходното прашање и мојот номадизам модередн што си го нарекувам, имам сега целосна поддршка, значи минатиот пат бев три месеци отсутна. Јас му кажав на него: Па, не знам злато, еден месец ваљда.

Ама, бидејќи немав други обврски коишто ме врзуваат за Македонија, целата работа си ја носев со мене, бидејќи тој период од годината бев ангажирана да работам повеќе со сликарството, и бидејќи ми беше убаво секаде каде што патував, постојано имав некои ангажмани…

И тој самиот ми викаше: Колу што мислиш дека треба да останеш, да останеш, така што, веќе ја имам целата поддршка, што е многу битно. Некако многу природно ние се поврзавме, едноставно се дружевме во Дојран, и…“, кажа Илина.

Таа изминативе два месеци е отсутна од дома, и во новото видео што го објави на Инста всушност сподели каде е сега и што прави. Илина се јави од Америка и рече:

-Добар ден, еве да споделам дека од неодамна сум студент на докторски студии на Универзитетот во Тенеси, и не само што сум студент туку сум и професорка.

Па, кој доаѓа навака, пријавете се, ќе одиме на кантри музика и на америкснакси фудбал“, кажа Илина во видео пораката и додаде:

-За сите оние кои прашуваа кои се моите следни аспирации и цели, епа, ова е тоа долго очекувано, сега му дојде и редот“, рече Илина а до ова видео таа напиша:

– За сите пријатели и фанови праќам мал поздрав од Ноксвил, Тенеси. До сега не стигнав официјално да споделам дека добив престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси.

Оваа одлука не беше лесна во поглед на љубовта и фамилијата која ми недостига во секој миг, сепак овој мој нов Монт Еверест, долго беше на листата па еве му дојде редот.

Искрено им благодарам на најблиските и мојот драг Игор Џамбазов за целата поддршка во овој момент, новите почетоците никогаш не се лесни.

Знаењето е нашето најголемо богатство, па никогаш не престанувајте да учите“, рече Илина од Тенеси.

Илина на Инстаграм објави своја слика, на изгледа тажно и со насолзени очи. Се гледа на оваа фотографија дека на нашата позната алипинискта не ѝ добро, или како што народски се вели- не ѝ е денот.

-Од прилика како се чувствувам денес, напишала Илина до оваа слика. Сега, нејзиниот сакан Игор Џамбазов е далеку од неа за да ѝ пружи поддршка и да ја утеши, како и сите нејзини блиски кои се во Македонија.

Неколку пријатели изреагирале на пваа фотографија на Илина со поддршка и со емотикони, а една од нив е и Калиопи која ѝ ставила емотикони со срциња, како знак за поддршка, лошото побрзо да помине.

Previous articleМногумина не знаеја дека му е вујко: Те сакам, поздрави ми го татко – Огнен Јанески емотивно се прости од Марин Бабиќ
Next articleВодителката Милена ѝ е поддршка на својата снаа, која се бори со ретка болест, еве што стори за неа и како ѝ подаде рака