Home Live Маријана од Австралија искрено раскажа за здравјето- еве кој ѝ помогнал да...

Маријана од Австралија искрено раскажа за здравјето- еве кој ѝ помогнал да се исправи на нозе и да заигра

Секогаш насмеана и ведра, иако не пее и долго години живее во Австралија, Маријана Новачевска е се уште впечатлив лик во нашата јавност, и луѓето е интересираат за нејзиниот живот и работа.

Една од најпознатите и најреномираните пејачки во нашата народна и популарна музика, Росана Сариќ- Тодоровска, сестрата близначка на Маријана, веќе долги години активно не се занимава со музика. Таа своето музичко враќање го направи на фестивалот „Макфест“,со песната „Спомени“.

Автор на оваа песна е Александар Митевски, и во неа се пее за сите убави спомени кои будат носталгија.

Но, ако внимателно ја слушнете, ќе сфатите дека во оваа приказна има многу за нејзината сестра близначка, Маријана, која повеќе од 30 години живее во Австралија.

Маријана и Росана, на публиката ѝ ги подарија безвременските „Признавам“, „Стој“, „Око мое“, „Молчи, молчи“, „Малечок“, „Некој треба да ме има“, кои и денес ги сака и ги пее и старо и младо.

Токму Маријана ги испеала придружните вокали на песната „Спомени“ кога била во Македонија пред речиси две години, и таа се појавува во спотот на оваа прекрасна песна.

Она по што ѝ гори душата на Росана, и на Маријана е загубата на нивниот брат.

Мирослав, братот на Маријана и на Росана кој живееше во Мелбурн, почина во мај во 2018 година. Росана и нејзиното семејство не можеа да отидат во Автралија за да го испратат.

За жал, после толку години за првпат мојот ангел , мојот брат нема да ми се јави и да ми каже: „Сестро, среќни празници“.

Толку боли, многу боли, ангелу мој. Почив-ај во мир, а јас и ние во душата и срцето сме со тебе. Не сакам ништо освен здравје и никој повеќе од моите најсакани да не ми биде одземен”, рече Росана на крајот од 2018 година.

Откако се откажа од музиката, таа работеше во една фирма за домашна конфекција, и изјави дека не се срами од никаква работа.

На почетокот муштериите биле изненадени кога пред нив ќе се појавела познатата пејачка, но потоа обожавале да одат кај неа поради љубезноста и добарата услуга. Потоа, Росана работеше во книжарницата „Култура“ во центарот на Скопје.

Сега, таа повтпрно пее со Дац и со Александар Митевски, и со нив ја прераборија песната која ја пееше со Маријана “Едно срце имам душо“. Росана, Митевски и Дац, во чест на упокоениот композитор Тоде Новачевски, го преработија евергринот „Едно срце имам душо“, една од омилените песни на Маријана и Росана на сите генерации.

Тоде Новачевски се упкои на 10 февруари годинава во Мелбурн, Австралија. Тој ѝ беше сопруг на Маријана, сестрата близначка на Росана, со која има две деца.

Росана раскажува дека токму Митевски успеал да ја убеди повторно да се врати на сцената, а приказната започнала од „Спомени“, песната која таа ја испеа на „Макфест“ во 2019 година, и продолжила со „Едно срце имам душо“.

-„Спомени“ е песна со фантастичен текст, песна шлагер, песна која мене од прво слушање навистина ми се допадна и се пронајдов во неа.

Длабоко во мене ги разбуди чувствата, односно спомените кои сите ние ги имаме а мене ми се малку и горки и тешки. Спомени за сестра ми, спомени за брат ми кој прерано нè напушти, и спомени за едно фантастично време…

Време кое беше со поголема љубов за сè, почитување, разбирање и респект меѓу луѓето. После некое време Александар повторно на негова иницијатива во договор со мене, ја направивме и на некој начин повторно ја оживеавме песната „Едно срце имам душо“ со кавер верзија во чест на Тоде.

Јас ја препеав сама заедно со нив и испадна повеќе од успешно. Александар е прекрасен човек и врвен професионалец и му благодарам за сè. Дац е прекрасен актер и добар човек. Спојот заедно со нив, со такви професионалци мене ми дојде како лек на душата“, изјавила Росана во Женски маагзин.

Сите слики кои Маријана ги објавува на Фесјбук, се среќни, со позитивен дух и природни. Она што ја краси оваа дама е нејзината насмевка и она што како никогаш да не се менува во текот на годините.

Сега, Маријана објави свона нова слика. Дотерана, нашминкана, со преубав ѓердан. За овој нејзин изглд коментираа многумина, а меѓу нив е секако и нејзината сестра Росана, која го пофали изгледот на сестра си.

– Душо моја, лепотице моја, икона моја“, нашиша Росана во еден коментар а потоа продолжи и во друг: Душо моја. Маки, таги во животот, а ти секогаш насмеана. Ти се дивам, ти се поклонувам“, напишала Росана.

Маријана во коментар потоа раскажала една мала приказна, за тоа зошто изглед толку добро, од каде ѝ е ѓерднот, но открива и приказна за своето здравје, тоест кој ѝ помогнал да се исправи на нозе:

– Благодарам на сите. Бев во продавница и си купив фустан. Ланецот го позајмив од мојата Срцка Татјана. Вештите раце на нашиот масер Видан ми ја исправија кичмата за да можам да заиграм. Златните раце на ќерка ми Магдалена нафрлија индијански бои/ шминка на моето лице.

Роденденската прослава на нашиот колега Секо беше прекрасна и весела. Ресторанот Пиер 35 и нашата Џеки со беспрекорен дочек и вкусна храна ме воодушевија. Насмевката е лично моја упатена до сите вас“, напиша Маријана во коментар.

Previous articleНа почетокот на ноември, ќе се одржи вториот македонски конгрес за патишта
Next articleПорасна синот на Перо Антиќ, Лука – кошаркарот објави уникатно стори од својот син (ФОТО)