Home Live Порасна синот на Перо Антиќ, Лука – кошаркарот објави уникатно стори од...

Порасна синот на Перо Антиќ, Лука – кошаркарот објави уникатно стори од својот син (ФОТО)

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), Перо Антиќ во интервју за „Жешко столче“ зборуваше за актуелните состојби во мак баскетот, во 2020 година, а ова интервју беше доста гледано.

Едноставно кога знаеш дека донесуваш правилни одлуки, за доброто на кошарката, а не за себе не те допира ништо. Ми фали тоа да се конфронтирам, расправам и објаснувам, тоа беше мое размислување порано, но не гледам во тоа добивка.

Се работи за национален интерес за кошарката и сакаме да ги искористиме сите наши врски на најдобар можен начин за да се извадат нови кошаркари, нови млади.

Одиме само напред и не ги гледаме негативните коментари поради тоа што тие имаат, колку што знам јас еден лајк, еден „шер“ и на луѓето им е преку глава веќе од тоа.

Кај нас е „дежа-ву“, сите се тренери, сите се директори, се и сешто. Четиригодишен е мандатот, но воопшто не ми е важно. Ако не им се допаѓа на работењето, условите нека донесат подобар слободно.

Ниту сум врзан за таа функција, ниту било кој треба да биде врзан за функција.

Треба да биде врзан за доброто на кошарката, ако не им годи јас ќе најдам нов предизвик. Тоа е најмал проблем.

Со најпозитвно сеќавање би излегол од таму. Клубовите одлучуваат, здруженијата, па ако не им се допаѓа прв ќе си отидам – вели меѓу другото Антиќ кој дополнува дека и покрај неуспехот во квалификациите, Македонија има светла иднина“, а пренесе Слободен печат.

Разговорот почна од тоа како Перо од обично момче станал НБА ѕвезда. „Јас сум обичен човек, обично дете од центар.

Едноставно, сите сме исти, без разлика што работиме. Едноставно, треба секој да да се почитува“, рече Антиќ.

Перо рече дека се изненадил кога го поканиле во НБА, затоа што имал 32 години и не сакал да „му закуцаваат помлади“, како што рече..

„Знаеш кај нас како е, прва тема на маса, ако те закуца. Спонтано излезе и не сакав да бидам еден од тие што имале шанса да отидат а не отишле“, изјави Перо.

„Имав јас и претходно понуди, ама ги бирав парите, искрен да бидам. Трета мајка важи. Избрав да одам за помалку пари ама да го прифатам предизикот“, рече Перо.

Потоа додаде дека во исто време кога заминал во НБА, имал и понуда да оди во „Барселона“, но менаџерот му ја сменил кариерата на подобро.

„Со менаџерот не се слушаме после 10, а тој ми се јави во 11. Сакаш да одиш во НБА? Јас му викам: Што, Барселона пропадна? Не, само така те прашувам. И буквално испадна за пет минути да одам во НБА“, раскажа Перо Антиќ.

За своите три сина, Перо рече дека во ниту еден од нив не го гледа својот наследник. Лука и Павел се во кошарката, но тој не им прави никаков притисок, туку им дава поддршка правилно да се развиваат.

Перо за себе си рече дека е бунтовник со причина. „Таков е мојот карактер, имам и тетоважа: Мој живот, мои правила, но не со глава во ѕид. Сам создавам за себе и за својата фамилија и мислам дека треба да ги следам своите правила.

Секогаш главата горе, животот е школо. Ако ја спуштиш, значи нешто те натерало“, одговори Антиќ.

Перо Антиќ е многу горд на своите три сина, а новото видео што го објави е со најстариот, Лука, кој тргнал по неговите стапки.

Антиќ објави видео од својот наследник као игра кошарка а според она што можеме да го видиме, Лука пораснал во убаво момче кој има големи шанси да биде успешен како и татко му.

Previous articleМаријана од Австралија искрено раскажа за здравјето- еве кој ѝ помогнал да се исправи на нозе и да заигра
Next articleИскра Канзурова призна дека не пегла и не ја користи рерната дома- еве како се храни и како славела годишнина со мажот