Home Live Познатата пејачка распали по девојките што бркаат женети мажи: Баш ве боли...

Познатата пејачка распали по девојките што бркаат женети мажи: Баш ве боли ако нечие дете дома плаче ради кавгите меѓу мајка му и татко му

Нина Јанева е една од нашите најпознати пејачки, позната по својата квалитетна изведба и карактеристичен вокал. Нина својата кариера ја започна во женската група „4 плеј’.

Нејзиниот талент беше откриен на натпреварот „Плеј, потрага по ѕвезда“ кој своевремено го организираше продукцијата „М2“.

На истата сцена со неа започнаа и Елена Ристеска, Ламбе Алабаковски, Сања Лефкова и други.

Нина и нејзиниот сопруг Александар од 2019 година ги живеат најсреќните мигови. Нина и Александар, кои се венчаа во 2018 година, на 19 септември во 2019 година ја добија ќерката Арија.

За интересното име на ќерката, Нина рече дека е музикалната верзија која победила помеѓу два избора.

„Се расплакав кога сфатив дека е моја, дека е моето најголемо достигнување во животот“, напиша Нина за ќерката кога ја роди.

Јанева секогаш јавно упатува критики за она за што смета дека не е добро во нашето општество и е секогаш отворена и директна.

Нина сега се наврати на свој постар статус на Фејсбујк од 2014 година, кој го сподели повторно и напиша: Да се навратиме на сегашноста од 2014.

– Коа сме више кај хејтањето, би сакала да пратам еден поздрав: Почитувани, мажени, немажени, разведени, во процес на развод, малолетни, полнолетни и таканатаму к-у-рви.

Убаво е тоа што вас ви се е*е ви се плаче од разнолики причини и убаво е тоа што не ги почитувате врската, бракот, семејството како институција…

Сепак не очекувам ни вашите родители поинаку да ве воспитале, најголем број имаат прочитано само име и презиме при подигање на здравствена книшка од матичен (ако стигнале до таму!)

Убаво е тоа што сте многу се-кси и интелигентни на постови, коментари, слики, селфија и дотерани на свадби и излагање “женско друштво“ во лов на коњи кои најверојатно и не го заслужиле семејството што го имаат дома!

Најубаво е тоа што сте толку внесени во претставата за деца и младинци дека сте одговорна, просперитетна, успешна, жртва, добродржеќа, секогаш дотерана – а уствари заборавате да го кажете најважното – пром-искуитетна!

Убаво е тоа што заведувате се и сешто и баш ве боли ако нечие дете дома плаче ради кавгите меѓу мајка му и татко му заради вас и вашите амбиции. Бидејќи нема сингл мажи во државава, на Балканов, на планетава нели….

Она што ви фалело цел живот во облик на љубов, внимание, писменост, родителска грижа, топол дом, ластик и жмурка у маало, се управо оние работи кои ви ги осакатиле индивидуите кои не знаат да се изразат на друг начин освен на погоре споменатиот.

Знаете, не значи дека ако цел живот сте немале ништо, сега со вашите ценети репро-дуктивни органи можете да имате се!

Убав ви е филмов терајте си, но внимавајте да не наидете на некоја лудача која не ја боли уво за ништо па да пробате како е да попиете бејзбол палица, метална шипка, штикла у око, случаен уд ар со ауто или евентуално пад по скали..случаен наравно!

Знам дека на крајот на денот не сте вие криви – толку можете, ама па од друга страна ако не постоите да ве гледаме и читаме, животот ќе ни биде за трошка подосаден!

Ве поздравувам и ви посакувам добро здравје, пошто доаѓање памет не можам – колку дал горнион – толку (и дождовните глисти и мушмулите си вегетираат без мозок нАли!) П.С.

Дечко ми ме кара дека хејтам и пишувам вакви постови, ама не издржав… ете ти кавга!“

Previous articleКарлеуша ја покажа луксузната вила со базен, но ова е најскапоцениот детаљ во неа (ФОТО)
Next articleСе разгодни откако се пресели во Англија, нашата позната пејачка која беше на Евровизија со овој шлиц ја изненади публиката во Њујорк (ФОТО)