Home Live Жељко објасни што треба да очекува секој оној, кој размислува да оди...

Жељко објасни што треба да очекува секој оној, кој размислува да оди да работи и живее во Германија

Жељко Бабиќ од Бабина Греда, Хрватска пред неколку години дипломирал на Градежниот факултет во Осиек и верувал дека со својата стручност и знаење ќе придонесе за развојот на својата кариера.

Измамен и разочаран од работодавците, овој 28-годишен инженер решил да изгради кариера во Штутгарт, каде започнал нов живот.

Една година работел по струка за 200 евра месечно, а седум месеци патувал на работа на свој трошок.

„Во разговорот со претпоставените ми се влеа надеж дека по полагањето на државниот испит ќе можам да останам да работам таму, што ми даде голем ветер во грбот. Oдев на пракса, положив државен испит и чекав …

Работев на договор со скратено работно време кој се продолжуваше од месец во месец.

Во мај започна изградбата на спортска сала во Бабина Греда, каде што бараа млад инженер и таму ја видов својата можност.

Склучив договор и започнав со работа. Кога требаше да ја земам првата плата, сите работници добија ливчиња, но јас не. И тогаш од главниот инженер на градилиштето дознав дека воопшто не сум ни регистриран.

Ми рече дека ќе ме пријави од следниот месец, но за значително помала плата од онаа што ја договоривме. Отидов дома видно разочаран“, изјави Жељко.

„По неколку дена размислување, решив да ги спакува куферите и да се упатам на печалба. За почеток си го продадов автомобилот за да имам нешто пари.

Штом дојдов во Германија, се запишав на училиште за да го научам јазикот. Бев свесен дека морам што побрзо да се интегрирам во странска држава, а познавањето на јазикот е основен предуслов, без кој е многу тешко да се најде работа.

За време на дружењето со Хрватите во Штутгарт, стапив во контакт со сопственикот на компанијата Lucić-Transporte, која им помага на луѓето од Хрватска кои штотуку пристигнале во Германија и им нуди работа како возач.

Најпрво работев со скратено работно време, од 7 до 12 часот, а од 14 до 18 часот посетував училиште. По шест месеци и завршување на првото ниво на изучување на германскиот јазик, добив договор на постојан и редовен договор. Бев изненаден бидејќи такво нешто во Хрватска е речиси невозможно.

Иако се’ уште не работам како инженер, мојата плата е речиси трипати поголема од хрватскиот просек.

Имав среќа затоа што имав некој овде во Германија, па ми беше полесно. Но, кој помислува да дојде овде да живее и работи, мора да биде подготвен за сосема нов и тежок почеток.

Познавам многу наши луѓе кои дојдоа да работат како возачи и живееја тројца или четворица од нив во една соба, а секој требаше да плати по 300 евра.

Има многу работа за оние кои навистина сакаат да ги засукаат ракавите. Има многу работа и признавам, мора добро да се организира за да има малку време за себе.

Но, сè е полесно да се издржи и човек е посмирен кога знае за што работи и дека ќе биде платен за својот труд. Живееме за викенд, па да се одмориме малку.

Германците се многу прецизни и многу ја ценат работата. Само што сите живеат некако за себе и не се впуштаат во некои големи пријателства“, заклучува Жељко.

Previous articleСаша Поповиќ во големи проблеми, бизнисот му е во криза – се огласи и кажа зошто
Next articleОваа убавица му е сопруга на Елвир Мекиќ, еве со каков добар бизнис се занимава и како изгледа сега (ФОТО)