Home Live На Јордан Митев му тргна работата: Доктор од Македонија ме врати во...

На Јордан Митев му тргна работата: Доктор од Македонија ме врати во живот

-Во првите години од мојата кариера бев возбуден на секој нов настап во дијаспората, бидејќи секое ново патување за мене значеше отварање на нов свет,нови луѓе“, рече во едно интервју за Радар, нашиот познат пејач Јордан Митев.

Но со текот на годините, еве ова веќе е 13-та година од мојата активна кариера , тие настапи станаа за мене нешто најнормално. На некој начин станаа секојдневие, а разликите помеѓу дома и надвор прилично се избалансираа и изедначија.

По многу патувања, за мене сега веќе не е важно каде ќе пеам туку ми е најважно како е организирано,во каква сала,со колку гости и сите професионални нишани за еден музички професионалец.

Јордан смета дека доколку емоцијата не е доволно јака и искрена, песната нема мотор кој ќе ја движи.

-Би ја издвоил песната “Ајде сите на нозе”.Таа песна ја пеев 2011 година на Прилепскиот фолк фест .Се сеќавам дека во понеделник се вратив од настап во Европа, а во петок требаше да настапам на фестивалот.На само пет дена пред фолк фестот, јас уште немав ниту напишано а камоли снимено песна за фестивалот.

Последен ден за предавање на песните беше четврток. Во вторник цел ден размислував. Си реков на себеси дека морам да направам нешто со што ќе ја кренам публиката и ќе ја “запалам” салата.И така се роди првата мисла.

Пак сум со вас вечерва да ви запеам,радоста и тагата да ја опеам,сите што сте дојдени ве поздравувам и со чаша крената ви наздравувам! Ајде сега станете”…..песната ја напишав и веднаш знаев дека е хит.

Во средата влегов во студиото, работев цела вечер, а во четврток претпладне комплетно ја затворив песната и ја предадов на фестивалот. Во петок излегов на бина, публиката стана нозе и зедов награда“, кажа тој во истото интервју за Радар.

Митев, по пауза од околу една година, минатата година се врати на естрадата, како што тогаш рече, со Господ напред, со нови сили.

Рестрикциите поради пандемијата со корона вирус не се единствената причина поради која популарниот фолк музичар не беше актуелен на сцената изминатиот период, туку, како што раскажува за ,,Фокус”, водел една од најтешките битки во животот.

Кога последен пат давав интервју за ,,Фокус” бев влезен во болничките ходници од кои што мислев дека тешко ќе излезам и дали ќе излезам.

Потоа, ми беше дијагностициран еден од опасните кан-цери и поради тоа морав итно да се оперирам. После операцијата се правеа многу испитувања овде и надвор од Македонија и докторите утврдија дека станува збор за едно ретко автоимуно заболување.

Кога имаш две зла, ќе го одбереш она помалото, иако и помалото не е мало и наивно, но фала му на Бога има решение, доколку постоперативно се потврдеше дијагнозата со која ме оперираа, тогаш ќе беше најопасното.

Поминав низ еден многу тежок и мрачен период кој траеше неколку месеци“, рече Митев.

Пејачот, откако сево ова помина е повторно на нозе, и пее од срце, настапува насекаде како што само тој знае. Сега, треба да настапува во Австрија, на почетокот од ноември, а нашинците ширум дијаспората постојано го бараат.

А оваа личност, му помогна да се врати на нозе, и тоа во интервјуто за Фокус го објасни:

-Полека почнав да губам контрола на бродот, но за среќа наидов на посветен лекар кој ме врати во живот. Тој е доктор од Македонија, еден од оние, квалитетните и посветените, кои навистина се ретки.

Да го имав уште на почетокот на дијагнозата, немаше да останам четири месеци без сон“, рекол Митев.

Previous articleЛежерна маичка со големо значење – нашата Каролина изненади со овој потег (ФОТО)
Next articleЗдравко Чолиќ проговори зошто ја крие сопругата – причината досега ја немаше кажано