Home Live Еве каква риба се направи Миа за 22 дена во теретана, cе...

Еве каква риба се направи Миа за 22 дена во теретана, cе фотна во кратка маичка и покажа колку е згодна (ФОТО)

Нашата позмата инфлуенсерка Миа Костова, беше гостинка во втората епизода на „Опуштено со Тони“, кај Тони Михајловски минатата година. Миа зборуваше за многу нешта, а на почетокот од разговорот го спомена искуството со вирусот.

– За да си во Македонија, треба да имаш симптоми на корона. Јас пошто ја прележав во Македонија цело време“, одговори Миа низ смеење.

„Прелега ли? Дај некое антитело мори“, ѝ рече Тони со својот познат кумановски акцент.

Потоа, Михајловски ѝ постави уште едно интересно прашање на Миа: „Како би ја опишала Македонија? Во колку сакаш реченици“.

Миа на ова одговори: „Македонија е моја и многу ја сакам, ама многу би сакала да ја оставам и да ја сакам од негде од подалеку“.

Тони и Миа зборуваа цело време на кумановски, а Тони нагласи дека му е многу мерак што во емисијата открива дека Миа е кумановка.

Потоа Миа раскажа дека имала само 14 години кога Мартин Трпчевски ја нашол на плажа на Градиште, по што и таа стана дел од тимот на емисијата „99 акција“.

„И до ден- денес сум Миа 99 по телефони, често ми се случува“, рече таа. Во продолжението од разговорот , Миа раскажа дека „Бекстејџ“ ја одбележал нејзината кариера, на овој ТВ проект таа му посветила 10 години. Потоа откри зошто се повлекла од телевизија.

– Не знам како ќе звучи ова, ќе делува како јас да сум престарена. Но, тоа беше меѓусебен договор помеѓу мене и продукцијата.

Дојдоа нови деца на сцената, дојде време кога јас требаше да ги најавам „2 Бона“, а јас не знам кои се „2 Бона“.

Потоа, Миа зборуваше за својата аткуелност на социјалните мрежи, поточно на Инстаграм. „Имав понуда за нови 2-3 проекти, но не ми се напушта ова.

Овде сум сам свој газда, кога сакам снимам, кога сакам не снимам, кога сакам постирам, кога сакам три дена одмарам, кога сакам 5 дена не сум во Скопје.

Јас во ни еден момент не учев да бидам инфлуенсерка, многу спонтано ми дојде тоа, ниту знаев дека кај нас ќе дојде такво нешто.

Во време кога јас почнував со тоа, многу наивно. Само ми се редеше едно по друго, реално почнав со 4.000 фоловери, сосема случајно.

Кога сфатив дека имам некаков инфлуенс на некаква публика, кога сфатив дека можам да продадам нешто, тогаш сфатив дека треба да ми биде приоритетна работа, затоа што прво, ми носи пари, а второ- го сакам тоа што го работам“, откри Миа.

– Самохрана мајка сум од првиот ден, и иако сме многу далеку од еден Белград и Загреб, можам да кажам дека финансиски не сум била позадоволна од себе, што и да сум работела. А, понекогаш сум работела и по четири работи одеднаш, за да можам да си го изгледам детево“, му рече Миа на Тони.

Миа на Инста стори јавно им се обрати на своите следбеници, и рече дека се плаши од зимата, зашто минатата зима и била многу психички тешка. Миа објави дека почнува со нов предизвик што се вика 100 дена.

-Ќе вежбам во теретана задно со мојот пријател Мирко и со Светле, ашто им верувам. Верувајте, нема ништо полошо од комфорт. Ова го правам за здрава глава, се плашам од зимата, имав психички многу тешка зима“, објави Миа.

Таа шерна и слика од теретана, со своите ментори кои ќе ѝ помогнат да изгледа фит и здраво.

Инаку Мирко Петровски е еден од најдобрите македонски билдери во историјата на Македонија, освојувач на бројни меѓународни признанија и сопственик на теретаната Пројект Фит во Капиштец.

Вработените во теретаната, се без исклучок со завршен Факултет за физичка култура, па оттаму, професионализмот е на највисоко ниво.

Миа се фотна во теретаната Пројект Фит, на познатиот бодибилдер Мирко Петровски и кажа дека е 22-иот ден од нејзиниот предизвик од 100 дена кој си го зададе.

На сликата се гледа колку ослабела и како добро изгледа и покажува дека маката се исплати.

Очигледно, Мирко завршил добра работа, браво за професионализмот!

Previous articleГи зголеми ли усните Тамара Тодевска: Пејачката се покажа во досега невидено издание (ФОТО)
Next articleМи помогна кога не знаев дали ќе преживеам- Гоца Тржан искpено ја раскажа животната приказна