Home Live Ги зголеми ли усните Тамара Тодевска: Пејачката се покажа во досега невидено...

Ги зголеми ли усните Тамара Тодевска: Пејачката се покажа во досега невидено издание (ФОТО)

Тамара Тодевска е една од најактивните пејачки на социјалните мрежи, па често знае во кратките приказни на „Инстаграм“ да сподели некоја секојдневна активност.

Тодевска своето слободно време сака да го поминува во кругот на своето семејство, па така секогаш има прилика „бега“ од обврските и активностите и се препушта на семејната идила.

Освен музиката, нејзините деца Хана и Дарен, како и сопругот и ги полнат батериите, а таа често истакнува колку и се важни во нејзиниот живот, па нивните заеднички дружења им донесуваат спомени кои ќе ги паметат..

Тамара која на Евровизија во Израел во 2019 година го освои седмото место со песната Proud, гостуваше во Јутјуб емисијата Жешко столче со Никола.

– Биди благ те молам, стара сум веќе не можам да поднесам“, го замоли Тамара водителот на почетокот од емисијата, и го замоли да не ѝ поставува многу прово кативни прашања.

Тамара најави дека во моментов во студиото на Лазар Цветковски снима нова песна со модерен звук што мириса на нејзинот стил.

Тамара откри дека е многу талентирана за сликарство, и како мала имала добиено награди на натпревари по цртање, па се пошегува на нејзина сметка: „Сигурно сум била втора“.

Раскажа и дека имала свои изложби, и сега на своите деца сака да им пренесе љубовта кон цртањето.

Потоа муабетот ги наведе на еден од најголемите нејзини хитови, можеби и најголемот „Тажна љубов, среќна песна“.

„Велат дека хитовите се прават еднаш во десет години. „Тажна љубов, среќна песна“ беше во 2014, и имав уште некое време да стигнам до уште некој таков хит. Жал ми е што не направив спот, не знам што размислував тогаш.

Не дека не ми е омилена, предосадна ми е. Не можам да ја слушам. Ја имам препеано и ми е дојдена преку глава, ама далеку од тоа дека јас не ја сакам.

Сите мои песни си ги сакам, но дали дека ми е преслушана, кога ќе ми кажат за „Тажна љубов“, превртувам со очи, и викам- аман више со таа песна“, изјави пејачката.

Потоа, водителот ја праша: Дали ти прости народот откако ја истетовира химната. На ова, Тамара му одговори:

„Не беше тоа поентата воопшто, да ми простуваат, едноставно, едно сабајле се разбудив, му се јавив на Горан Мичиќ и му реков: Сакам да ја истетовирам химната. Он ми рече: Ма, дали си ти нормална.

Му реков: Имам желба да си го запишам тоа на телото и да ме потсеќа на еден период од мојот живот којшто ми беше доста тежок и ми остави некоја рана на срцето“, рече Тамара и повтори дека не ѝ била намерата некој да ѝ прости, но ѝ е драго ако имало такви коментари.

Тамара изминатиов период често објавува слики и сториња како вежба во теретана, а сега објаву едно видео во кое како да не е таа.

Тамара облече розев комбинезон кој одлично ѝ стои, и се гледа дека потењето во теретана и тоа како се исплатело затоа што изгледа топ!

Тамара Тодевска на Инста покажа нова слика, на која се гледа дека таа како да ги зголемила усните. Тамара со своите нови полни усни, се пофали на стори на Инста.

Тамара отсекогаш била убава жена, а откако ги симна випкот колограми е уште поубава.

Previous articleДанела повторно влезе во расправија со ВМРО-ДПМНЕ
Next articleЕве каква риба се направи Миа за 22 дена во теретана, cе фотна во кратка маичка и покажа колку е згодна (ФОТО)