Home Live Шеф Никола го искритикува Дарко Влогс како сечел кромид – затоа ќе...

Шеф Никола го искритикува Дарко Влогс како сечел кромид – затоа ќе плаче додека сече

Готвачот Никола беше гостин во емисијата „Магазин“ на Сител ТВ и зборуваше за интересни нешта. Никола раскажа дека има завршено средно угостителско училиште.

– Јас неколку пати имам кажано за децата кои навистина не знаат каде да се запишат во средно училиште, еве јас ќе ги измотивирам, ќе им кажам да се запишам во средното Угостителско училиште „Лазар Танев“ затоа што има иднина во тоа училиште.

Има многу угостителски објекти во државата наша, а да не збориме за надвор. Оваа работа е доста ценета, доста платена и може да се оди напред во оваа работа.

Еве, ќе тргнеме од мене, јас завршив за готвач и тоа го работам цел мој живот.

Треба да се вложиме во оваа работа, да ја сакаме многу за да успееме, а финансиите ќе си дојдам сами по себе“. Ова е советот на Никола.

– Татко ми беше полицаец, мајка ми готвачка во едне ресторан, а јас знаете што сакав да бидам?

Нема да ви се верува, поп сакав да бидам. Но, среќата не знаеш каде ќе те однесе. Некако мајка ми велеше: немој само готвач да се запишуваш!

-Праксата е најбитната работа. Мајка ми ме однесе во еден ресторан кој го држешње нејзин колега, и од првиот ден како влегов во кујна, еве до ден-денес не сум излезен“, рече Никола и откри детали за „Брза кујна“.

– Спремаме нешто ново во брза кујна, од септември ќе има новости, малку новитети ќе внесеме во нејзе, ќе внесеме малку колоритност, друга боја.

Сите ме прашуваат, дали навистина за 20 минути готвите? Јс им велам: Дојдете во нашата емисија, и ќе видите дека навистина готвиме за 20 минути. Ни една емисија немаме задоцнето.

Сме задоцниле, сме снемале струја или поради мали технички проблеми. Некој пат и дома си правам брза кујна. Ако ми се се најават гости, отварам фрижидер, гледам што има, и првам „Брза кујна“.

„Не појадувам, тако ми е темпото на живот, знам некогаш првиот оброк да ми биде 11-12 часот што навистина е голема грешка.

Но, се надевам дека тој начин на живот ќе го променам, и таа навика. Правам експерименти со својот организам. Знам на пример, година дена да бидам вегетаријанец.

Година дена да не внесумав јаглехидрати, да видам телото како ми реагира. Пробав и неколку пати да постам но се сум се зарекол 100 посто, затоа што работам во кујна“, рече Никола.

Дарко Јефремов, познат по неговиот профил на Инстаграм, Дарко Влогс е младо момче од Македонија кое заедно со својата жена живее во Америка.

Тој е возач на камион, а на своите профили на социјалните мрежи постојано ги зголемува следбениците.

За тоа како започнал и стигнал каде што е денес, неодамна проговори во интервју за Слободен печат.

Тој рече дека прво започнал да вози камион во Америка, па дури потоа го креирал профилот на Инстаграм кој денес одбележува преку 143 илјади следбеници.

Како што кажа, во интервјуто, Дарко го направил профилот за ги евидинтира сите убавини од Америка додека работи, но најголемата причина била заради тоа што му било досадно.

Дарко Влогс објавува многу интересни содржини со неговата жена Данијела додека шетаат низ Америка, понекогаш може да се најдат видеа од кулинарска област, но тој е секогаш прв во објавување на некои известувања и сè она што се случува во нашата земја.

Неодамна, шеф Никола покажа како правилно се сече кромид, без да се плаче и го искритикува Дарко за неговото сечење.

„Еден совет до сите тие што сакаат да исечат кромид, а да не им течат солзи. Најпрво, ќе го излупите кромидот и ќе го ставите во ладна вода, да отстои минимум 30-тина секунди.

Потоа, убаво ќе го избришете со хартија и ќе го ставите на даска. За да исечете кромид ситно, треба прво да го пресечете на половина. Потоа, правите засеци, но не ги сечете до крај.

Значи, вака, овдека не е исечено. Прстите се секогаш свртени навнатре за да самиот нож да лизга по зглопчињата на прстот. И идеме со сечкање, ситно, ситно…

И, не како Дарко Влогс што сече вака (го емулира), нормално дека ќе плаче додека сече. Треба високо од горе исправено и да сече вака…, кажа шеф Никола и без гледање во кромидот, го исече перфектно.

Целото видео може да го погледнете ОВДЕ.

Previous articleМи помогна кога не знаев дали ќе преживеам- Гоца Тржан искpено ја раскажа животната приказна
Next articleНа Трајко Славевски му била укината опцијата да исклучува микрофон, вели дека следна седница нема да почне