Home Live Што значи прстенот на pаката на Јована од Сител – Cе свpши...

Што значи прстенот на pаката на Јована од Сител – Cе свpши ли познатата водителка? (ФОТО)

Кога убавата водителка Јована Стојменовиќ од Сител прослави роденден, на социјалните мрежи ги почести своите фанови со две преубави фотографии, и со по некој мудар и интересен збор.

Децата растат, а луѓето стареат? Не! Човек никогаш не треба да престане да расте. Ова не е утеха за стареењето.

Ова е предизвик. Да бидеме подбри и поголеми луѓе со секоја наредна година од животот. Денес ми е роденден. Благодарам за убавите честитки“, напиша Јована..

Јована ја знаеме како скромна и резервирана, но минатата лето водителката изненади со фотографијата што ја постави на Инстаграм.

Таа уживаше во луксузен ресорт во Турција, а позираше во костим за капење покрај базен.

„Сакам да го запомнам овој момент засекогаш“, вака Јована ја опиша сликата. Убавата водителка многу ретко зборува за љубовниот живот, а фотографии од својот дечко речиси и да не споделува, освен една.

– Срам ми е да лажам, стојам зад своите постапки, но кога сакам да заштитам некого… дојди да ти шепнам – сокривам информации“, рече Јована и на тема каење и љубов додаде:

-Се каам кога некому ќе дадам втора шанса иако знам дека ќе ја прокоцка, а кога нешто знаеш, обично така бива. Мојот живот за моја голема среќа е исполнет со многу љубов, а и се уште трае…

Мојот однос со партнерот за мене толку значаен што се плашам да дозволам да биде тема која луѓето ќе ја коментираат на кафе.

Се плашам да ги пуштам луѓето внатре каде што треба да бидеме само јас и тој. Имам долга врска, вљубена сум, а врската ми е толку долга што поради тоа официјално не сме ја означиле како брак.

Знаете кога ќе минат години и години, заедно живеете и делите се, вие сте во брак, иако не сте се венчале. Можеби и ќе се венчаме, но и ако не го сториме тоа, ние сме маж и жена“, изјави Јована пред извесно време во Женски магазин.

Харизматичната водителка која плени со својата појава во интервју за Иди види раскажа како се снаоѓа во улогата на главен и одговорен уредник на магазинот „Убавина и Здравје“, а воедно и кој е најголемиот предизвик со кој се соочила во текот на долгогодишната кариера.

Идеалниот изглед за една жена е да биде задоволна од себеси и да го рефлектира тоа задоволство во околината. Самодовербата е многу важна во впечатокот кој некој би го нарекол идеален, а за да имаме самодоверба треба да бидеме сигурни во себе, во своите способности, изглед…

За тоа да биде така, треба и да работиме на себе. Од аспект на изгледот најважна е храната и негата, а потоа и работа на стилот.

Лесно ќе направите модна или „бјути“ икона од жена која има негувана кожа, коса, нокти, заби, добра фигура во форма…

Доволно е да ги следи бјути трендовите за шминка и нега или модните трендови и идеи за стајлинзи во сегментот мода на „Убавина и здравје“.

Ја сакам Македонија“ е ТВ магазин каде јас сум главниот комуникатор во деновите кога сум на програма и имам поинаква одговорност во презентирањето на планираните и замислените содржини, и таму се се случува моментално и во живо и потребна е подготвеност за секој миг или непредвидена ситуација, но таа си доаѓа со искуството.

Темите се прилагодени за таргет-групата или гледачите кои се пред екраните наутро.

„Убавина и здравје“ е печатен магазин, месечник кој нуди поразлични начини за креативното изразување, пред се пишувањето, кое од детските денови ми било предизвик, а темите кои ги третираме пак имаат поразлична публика.

Јас мислам дека во утринската фокусот е на информацијата додека во магазинот на доживувањето“, рекла Јована.

Ако ја погледнете профилната фотографија на Јована на Инстаграм, ќе видите дека таа на раката има прстен кој го покажува, тоест го истканува. Прстенот личи на свршенички.

Со оглед на онаа претходна изјава на Јована дека таа има долга врска и е во неформален брак, оставаме времето да покаже дали таа врска ќе стане официјална, тоест дали Јована ќе застане на лудиот камен наскоро.

Previous articleСе огласи ќерката на Марин Бабиќ, Маја и раскажа со која песна бил испратен нејзиниот татко
Next articleНе може да биде полошо- Петар Грашо прозборе за односот татакото на жена му, Тончи Хуљиќ