Home Live Mајката на Кpистина Аpнаудова изгледа доста помлада, а ова е нејзината животна...

Mајката на Кpистина Аpнаудова изгледа доста помлада, а ова е нејзината животна приказна

Пејачката Кристина Арнаудова изгледа не спаѓа во редот на дамите кои обожаваат да одат на ремонт, барем ако судиме по објавите на социјалните мрежи“, објави Вистина.мк во една прилика

Па така, преку една од најкористените социјални мрежи „Инстаграм“, таа сподели што има „вештачко“ на неа. Таа објави фотографија од своите нови нокти, а во описот напиша:

„Oд вештачки работи на мене, само нокти еднаш во годината“ напиша пејачката.

Нашата позната пејалка и хуманитарец, во една прилика има раскажано за нејзината мајка Мери, и за тоа колку се всушност двете поврзани, но и за татко ѝ.

Кога новинарката на Репортер ја праша за татко ѝ , популариот пејач Гоце Арнаудов, за тоа кога за првпат дознала дека тој ѝ е татко.

-Јас вакви работи одбегнувам да зборувам, особено зашто тој веќе не е меѓу нас, но првпат дознав кога бев петто одделение.

Четврто или петто оддление бев кога дознав дека татко ми е пејач, тој во тоа време не живееше во Македонија, живееше во Србија. И тогаш мајка ми веќе сметала дека е време, дека ќе разберам веќе се, бидејќи јас често прашував.

Бидејќи децата околу мене ме прашуваа: Како може да немаш татко. На таа возраст сфатив, а тогаш веќе кај мене беше многу изразена желбата за пеење. И веројатно тоа можеби ја поттикнало мајка ми да ми каже.

Мене не ми недостасуваше, бидејќи јас не знаев како е никогаш да се живе со татко, така да не ми фалеше ништо. И дедо ми, и баба ми и мајка ми се трудеа, од овој аспект веќе знам дека се трудеа да ми го компензираат тоа.

Ми фалеше од аспект на тоа дека сите други деца имаа комплетни семејства, и во мал град те гледаат чудно, децата се такви, знаат да кажат, да те прашуваат…

Ама јас мислам дека многу добро се носев со тоа. Не ми несостасуваше никогаш, и благодарам што мајка ми успеа да компензира за се“, рече Кристина која е инаку од градот Неготино.

Потоа рече дека кога се појавила на музичката сцена сите ја викале ќерката на Гоце Арнаудов, а ако јавноста решила дека ти и ќерката на Гоце, тоа ќе останеш, а таа не сакала да објаснува.

-Од една страна нормално е дека си горд што си наследник на еден вонвременски вокал, талент како Гоце Арнаудов, а од друга страна цело време се трудиш да изградиш своја кариера и да објасниш дека не си разгалено дети ште“, рече Кристина која инаку нагласи дека се борела со квалитет.

Потоа рече дека за првпат се сретнала со својот татко кога била шесто или седмо одделение но не би сакала да зборува на таа тема.

„Со сестра ми и брат ми сме во одлични односи, и баш живееме како семејство, и често делиме убави моменти“, ијавила таа за Репортер и додала:

-Се гледаме, ама не пречесто, бидејќи таа живее во Охрид и таму ѝ е семејството, а ние сме во Скопје, но се слушаме често.“

– Мајка ми ме родила многу многу млада, тоа се случило, и бидејќи таа веќе била спремна да замине на факултет во тој момент, баба ми и дедо ми не биле во тој момент за таа да чува дете, но таа не сакала да се откаже од мене и се запишала на факултет, и го заврши тогаш факултетот и сега мајка ми е електро-инженер.

Во тој период додека мајка ми студираше ме чуваа баба ми и дедо ми, и тие се клучни фигури во мојот живот“, рече Кристина за своите баба и дедо кои се жал упокоени.

Кристина и во Женски магазин зборувала за мајка си на овој начин:

– Кога бев доволно голема да разберам, сфатив дека мајка ми која ме родила на 19 години, е заслужна за тоа што јас растам со неа, а не во дом за деца, иако нашето семејство инстистирало да бидам дадена во дом.

Тогаш сфатив дека она кое ме дели мене од децата кои се во дом, е само мал момент на одлука, мал момент на инает и љубов, став, и отпор кон предрасудите.

А она што може да се заклучи од сликите кои Кристина ги објавила од мајка си е дека таа е една прекрасна жена, на која Кристина доста личи, и тоа како да ѝ е сестра, а не мајка.

Секоја чест за мајка Мери, и за тоа што ја извела ќерка си на вистински пат, и за нејзината храброст, ама и за убавиот изглед.

Previous articleЛенка проговори зошто со Раде се преселиле за Љубљана со ќерката Нина која имала само 6 дена, многу им било тешко
Next articleЌерката на Мелита, Барбара порасна во вистинска убавица, оваа наша музичка ѕвезда ѝ е ветер во грб (ФОТО)