Home Live Се крена на нозе и продолжи понатаму: Трајче Толевски објави слики од...

Се крена на нозе и продолжи понатаму: Трајче Толевски објави слики од изгорениот ресторан и упати порака

Драги мераклии, на овој убав ден да ве израдуваме и со една прекрасна вест. Снимањето на 5та СЕЗОНА на МЕРАК МЕАНА веќе започна!!!“, беше објавено на 11 октомври на Фејсбук страницата на Мерак меана, познатата емисијата на ТВ Сител.

Студиото е веќе разбудено од летниот одмор и спремно за нови предизвици заедно со вашите единствени, највесели мераклии!!! Очекувајте не’ наскоро во вашите домови секој викенд со свеж, уште повесел материјал!!!

Ајде мераклии, да продолжиме да се веселиме со најубавите македонски песни ОДИМЕ МЕРАК МЕАНА!!! САМО ВЕСЕЛООО“, пишува на оваа страница.

Емитувањето на оваа емисија која ја собира целата фолк естрада од Македонија се чека со нетрпение, и народот ужива додека ја гледа. Како што е познато, водител е Трајче Мајка, или Трајче од Скопски боеми.

На Трајче за жал му се случила нecpeќa, имено изгпрел неговиот објект „Камин кама“, поточно ресторанот во кој многу наи пејачи настапувале. Тој на социјалните мрежи ја објави оваа неубава вест.

Потоа, многу пријатели почнаа да го тешат и да му велат: Мајка, ќе направиш ти поубава кафана. Мајка е инаку прекар на Толевски, според социјалните мрежи може да се заклучи дека таа го викаат пријателите.

– Известување: Ги известуваме сите гости дека поради градежни работи предизвикани како последица од пожарот што го зафати објектот на Камин Кама, објектот нема да биде отворен за гости извесен период.

За повторно отворање навремено ќе бидете известени. Ви благодариме за разбирањето“, напишал Трајче и објавил слики од рестотанот кој е целосно руиниран.

Откако се случи пожарот во рестранот на Трајче Толевски, пријатели на Фејсбук апелираат да му се помогне на овој наш познат музичар. Еден од постовите кој е споделен за помош на Трајче да се реновира ресторанот вели:

– Дечки, да се сплотиме и да му помогнеме на Мајка да се врати Камин Кама во истиот сјај. Сите знаеме каков човек, другар и ведар човек е Мајка да те насмее и кога ти е најтешко.

Ајде и ние да му помогнеме сеа кога него му е најтеско, кој колку е во можнот на 300-000-004-013-023, Комерцијална банка Скопје, Три Шеѓира Толевски ДООЕЛ“, стпи во објавата.

Трајче изминативе денови иако има голема мака објавуваше среќни и позитивни фотографии од снимањата на Мерак меана, и се гледа дека неговиот дух и оптимизам не го напуштиле.

Откако Трајче вети дека пак ќе го изгради ресторанот, тој се исправи гордно и најави дека се снима петтата сезона на познатото шоу „Мерак меана“.

А се фотна токму со убавите пејачки Даниела Темелковска и Ирена Спасовска, како и со Душко Георгиевски и порача: Аирлија 5-та сезона!

И покрај она што се случи со неговиот ресторан, Трајче се крена на нозе и продолжи понатаму. Новата слика која ја објави е од изгорениот ресторан, на која тој е со пријател и на него напиша:

Оптимизмот се враќа. Одиме до крај. Не сум сам“.

Previous articleРената Јајоска до Данела и ВМРО: Градот го претворивте во реално шоу
Next articleЗгодна во костим за капење, Кате од групата Соната има и вакви слики на Инста, секоја чест (ФОТО)