Home Live Се стопил Иван Мирчевски, познатиот новинар изгледа како тинејџер, во топ форма...

Се стопил Иван Мирчевски, познатиот новинар изгледа како тинејџер, во топ форма е (ФОТО)

– Во Ноември 2014 година формирана е најмоќната медиумска асоцијација на овие простори како резултат на потребата нашиот телевизиски еснаф да си ги оствари правата и на некој начин да биде заштитен од бесмислени барања на некои структури“, рече познатиот новинар Иван Мирчевски во едно интервју за Прес24.

Мирчевски долги години е познат новинар, најпорво во Македонската телевизија, а потоа во Канал 5 каде што сега ја има функцијата на директор.

Во 2016 година, Македонската медиумска асоцијација, составена од петте национални телевизии, Алфа, Алсат-М, Телма, Канал 5 и Сител, цврсто беше решена да не дозволи какви било законски измени, без нивна согласност.

Иван Мирчевски, директор на Канал5 Телевизија, и член на ММА, во интервју за Прес24, вели дека до петок чекаат одговор на последното барање испратено од ММА до партиите и до Владата.

-Ние само сме се уште „фини и културни“ со партиите, па на љубезен начин им објаснуваме дека не може да преговараат за нас без нас!, вели за Прес24, Мирчевски потенцирајќи дека асоцијацијата има и План Б.

-Да објаснам дека нема проблем во медиумската сфера, партиите не преговараат за закон за медиуми, туку очигледно преговараат за Закон за Национални Телевизии или поконкретно – за Закон за Уредувачката политика на информативните редакции, рече Мирчевски во Интервјуто тогаш.

Потенцира дека партиите имаат непознавања од функционирањето на телевизиите и затоа решенијата кои се носат се на штета на медиумите и затоа смета дека ММА мора да биде дел од овој процес.

-Ги оставивме да интервенираат во Изборниот законик и партиите си изгласа, нормално без да не прашаат, цели 18 минути политички маркетинг во еден реален час! Стр ашно!

Тоа значи дека покрај тие минути, ние имаме и 12 минути за нашите реклами и 5 минути за промо, и на крај ќе добиеме ваква ситуација – ако сакаме да емитуваме еден филм од 100 минути, тој со сите овие рекламни блокови ќе трае 4 часа или 240 минути!

Токму поради ова нивно не знаење бараме да присуствуваме на нивните средби и да им објасниме зошто нивните досегашни идеи се катастрофални по нас и нашата работа.

Ние ќе чекаме на некаква реакција уште малку, па потоа одиме по планот Б, вели Иван Мирчевски во интервјуто за Прес24.

Мирчевски се појави пред неколку месеци ТВ емисиката Еден на еден и од што таму може да се забележи е дека симнал доста од вишокот килограми.

Овој ТВ новинар секогаш се памети како покрупен човек, а сега целосно се стопил и одлично му стои оваа промена.

Водителката Милена Антовска- Станковска на Фејсбук се пофалила дека се вратила на работа откако и завршило породилното отсуство. И се фотнала во Канал 5 со нејзините колеги.

На сликата се Вера Мештеровиќ, Алексанра Илиевска, потоа Јелена Спенџарска, но и Иван Мирчевски кој е инаку директор на оваа телевизија. На сликата, тој изгледа какод а е тинејџер.

Ослабел, се стопил, во топ форма е, и нема врска со оној Мирчевски кој навикнавме да го гледаме претходно на телевизија, со неколку збора- како да е друг човек. Претходно, тој се појавил на ТВ Канал 5, но сега изгледа уште поразлично и пофит.

Previous articleНежен татко- нашиот познат пејач кој се пресели во Србија покажа како ја чува ќеркичката и што собира за неа (ФОТО)
Next articleД-р Нико Беќаровски: Гласавте градот да добие прва мајка – скапо ќе ве кошта оваа грешка