Home Live Згодна и подмладена, со деколте- сопругата на Благоја Грујовски, Ирена изгледа топ...

Згодна и подмладена, со деколте- сопругата на Благоја Грујовски, Ирена изгледа топ (ФОТО)

Благоја Грујовски е еден од омилените пејачи, кај нас и во дијаспората, а омилен е и меѓи колегите зашто како што за него викаат, тој е „весељак“ човек.

Музичарот во емисијата Магазин на Сител, зборуруваше за она што многу тешко му паѓаше тпгаш, а тоа е паузата на музичарите во овој период на пандемија.

„Не е баш пријатно. Напротив е многу непријатно за луѓе активни, професионалци, да немаат ангажман, да седат дома.

Повеќето од нас се снаоѓаат, почнуваат нешто друго да работат иако ние не сме специјализирани за тоа другото. Дури и да се специјализираш, тешко тоа оди. Јас сум на пример квалификуван новинар, но сега не можам и не сакам да се враќам назад.

Имаше некои малиц -иозни препораки до нас, демек можеме да чистиме скали, можеме да работиме во нива, невкусни и бе зоб-разни коментари.

Не е лесно, и на никого не би му посакал да остане во таква ситуација, да работи едно, и да мора на 40-50 години присилно да се преориентира. Како прво, никој не те прима на работа.

Лесно е да кажеш од страна- работете во нива. Тој што работел во нива го правел тоа цел живот, и не може секој тоа да го прави, иако изгледа можеби лесно“.

Благоја Грујовски 30 години е на музичката сцена. Иако ко млад слушал рок музика, поради татко си решил да пее фолк.

На времето едвај со врски со групата „Мераклии“ влегле на фестивалот „Цветници“ кога настапија со песната „Туѓино јабано“ и оттогаш Баже стана популарен. Иако беше новинар во Македонското радио, музиката стана неговата животна приказна.

“Татко ми сакаше да бидам музичар, мајка ми интелектуалец, а не тезгар. И ете им ја исполнив и на двајцата желбата“,вели Благоја во интервјуто за „Репортер“.

Ретко кој знае дека е роден во Белград, дека е дете на студентска љубов, но дека корените му се од Лазарополе.

Отсекогаш важел за човек кој остава впечаток кај жените. За него се зборувало сешто, триста муабети, афери за кои вели „ме погодуваат, оти не е баш сè така“.

„Јас не ум таков како што ме зборат. Јас сум повлечен, диксретен човек. Сум превал и јас глупости ко сите. Ми прилепувате секакви приказни, а мојот живот е ист како на другите“, вели Баже во разговорот за „Репортер“.

Помалиот Марко, од сегашната сопруга Ирина, има 13 години, а поголемиот Матеј кој го има од поренешната сопруга Татјана Стојановска има 25 години. Благоја рече дека не е строг татко.

Беше во брак со презентерката Татјана Стојановска, а сега е во брак со Ирена Грујовска со која се запознал во едно кафуле. Има два сина, Матеј и Марко.

„Едната жена беше 12 години помлада од мене, другата е 24. И децата ми се така, сè е во знакот на 12 и сè е во знакот на тигар“, вели Баже.

Во 2009 година Благоја Грујовски се ожени со 20 години помладата Ирена. Тие беа во врска 2 и пол години и Ирена беше во шестиот месец од бременоста на свадбата.

Ова е втор брак за пејачот и прв за Ирена. Својата приватност тие скржаво ја чуваат од медиумите и не сакаат публицитет. Заедно го имаат синот Марко.

Благоја е татко на два сина, Матеј е постариот, Марко помлаиот, и е исполнет со обврските околу снимањето на емисијата Везилка која ја води заедно со Ирена Спировска и со Адријана Алачки, а шетаат секаде низ Македонија и ги прикажуваат локаните специјалитети и традицијата.

Ирена, сопругата на Баже, на Фејсбук ставила нова слика од неа и се гледа колку се има разубавено. Бела кошула, умерено деколте, добра шминка, се гледа дека Ирена држи до себе, ама и Блгаоја е заслужен за среќата на својата жена, а од среќата произлегува и убавината.

Previous articleТрифун до Данела: Ти треба да бидеш татко и мајка на градот
Next articleЕве кои се најплатените српски ѕвезди- земаат по десет илјадарки (во евра) за само два- три часа