Home Live Зоки Фаци раскажа колку пари и од каде ја купил косата

Зоки Фаци раскажа колку пари и од каде ја купил косата

Зоки – Фаци е познат естраден новинар, кој своја авторска емисија имаше на поранешната А1 телевизија, а особено беше активен и на пропаднатата 1ТВ, на Бојан Јовановски, со кого беа и приватно пријатели.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.

Естрадниот новинар и ТВ водител нема среќа со медиумите. Од печатениот збор ( беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми. Арно ама „А1“ ја растурија, кабловската „Џангл ТВ“ пропадна, а и со последната „1ТВ“, Фаци немаше среќа.

Добро познато е дека Зоран по професија е ветеринар, но животот му носеше друга насока па заврши како новинар -Да ви кажам искрено, да ми кажеше некој дека ќе го работам ова што го работам денес немаше да му верувам.

Во Репортер, Зоки Фаци емотивно се соголи и раскажа за неговата голема животна битка, за кан церот кој го имал, и тоа го раскажа на овој начин:

– Како што нагласив, ние сме сите во себе материјалисти. Ни фали добра кола, ни фали добар апартман, добра гардероба, скапи саати, скапи патики. Но, ништо од тоа не е важно кога ќе ти соопштат дека имаш кан цер во тебе.

Јас имав канцер на ногата, 750 грама, го извадија целосно, среќа што не е мета стазиран, среќа од добриот кан цер е. Јас оваа прилика би сакал да ја искористам да се заблагодарам на сите доктори во Државна болница кај штом лежев јас.

Сега сме тука, сега сум жив, тоа е некоја епизода од мојот живот што така требало да биде, така решил Господ. Кратко време ми требаше да се опоравам, после две недели веќе искочив од дома, сосема нов јас“, изјави Зоки за Репортер.

Кога Зоки се соочи со болеста, тој набрзо се појави на социјалните мрежи и раскажа со што се соочил и дека добро заздравува.

– Оваа лузна ќе ја носам цел живот и се надевам дека ќе извлечете некоја поука од ова, затоа што не треба да го гледате животот само низ призма на пари, на слава и на бла-бла-бла – здравјето е најбитно од сѐ. Чувајте се!, порача Зоки за Слободен печат.

Мирот оттогаш го наоѓа во куќата во Катланово, која му ја остави починатиот татко ама мир наоѓа и покрај коњите во клубот „Бравадос“ каде што доаѓа често.

Зоки Фаци потоа прослави роденден и тој на Фејсбук искрено раскажа за тешката битка со здравјето која ја имал во овој период и објави:

-Годинава што измина, го победив кан церот на нога, помина и таа битка, денес ми е роденден, посакајте ми здравје, друго се имам.

Не се пронаоѓам повеке себе во материјалниот свет, фала му на Бога за секоја идна секунда. Додека научиме како да живееме, животот поминал, затоа учете од животните лекции и живејте со полни дробови…х.б.то ме“, напиша Зоки на Фејсбук.

Зоки Фаци беше во емисијата на Снеже Велков, „ЗаСе Македонија“ каде темата беше естетските корекции. Снеже го праша Зоки, зошто жените прават промена на нивниот изглед и дали според него е тоа во ред.

Сите што заработуваат од тоа, пејачкиве од шоу бизнис, го почитувам тоа. Сите стандарди што денеска докториве ги прават ги наметнаа Ким Кардашијан, Ники Минаш…

Ако пред 5 години беше да имаш убави силикони големи ко на Цеца, сега треба да имаш голем задник. Нашиве пејачи, пример јас кога работев во Вест, пред 15 години, во нивниот таблоиден весник, беше шок на насловна страница кога ставивме вест дека Елена Велевска стави силикони.

Беше, „уоу“, после Сузана Гавазова. Денеска е тоа многу нормално, изјави Зоки.

Потоа, Зоки проговори за еден тежок период од неговиот живот, кога тој имал комплекс со изгледот, а тоа било што му паднала косата.

-Кога ми падна косата пред 5-6 години и најдов на интернет дека може да си купам од Милано да си ја пресадам и си ја пресадив.

Јас објавив на Инстаграм, си купив коса, 1500 да си ја платев, пошто си ја заработив. Сеа не знам кое е мое, таа расте со мојата, битно си се шишам, си ја средувам, си ја негувам, изјави Зоки во емисијата „ЗаСе Македонија.“

Потоа, водителката Снеже го праша дали тоа му ја вратило самодовербата, на што Зоки одговори: „Апсолутно, да.“

Previous articleЕве кои се најплатените српски ѕвезди- земаат по десет илјадарки (во евра) за само два- три часа
Next articleЛенка проговори зошто со Раде се преселиле за Љубљана со ќерката Нина која имала само 6 дена, многу им било тешко