Home Live Ги здружија силите синот на Алачки, Благоја и внукот на Благоја Грујовски-...

Ги здружија силите синот на Алачки, Благоја и внукот на Благоја Грујовски- Михаил, одлично им тргна во бизнисот (ФОТО)

Адријана Алачки е горда мајка на две деца, Грациела и Благоја. Адријана со љубов зборува за својата внука Јана, ќерката на Грациела и на зетот Игор.

-Долго време работев на сите континенти како презентер на македонската музика, фолклор и одржувам часови по готвење, правев комплетна промоција за Македонија. Готвењето отсекогаш беше моја пасија.

Растев во семејство каде што готвењето и семејните ручеци беа секојдневен ритуал.

Така што сето ова дојде како последица од една чиста љубов кон кујната, но не само како храна, туку се задржувам на таа наша пребогата традиција и историја поврзана со нашите специјалитети.

Пресуден момент беше кога во Токио во хотелот „Хајат“ се одржуваше македонска вечер. Кога влегов во кујната на хотелот, шефот, искусен јапонски готвач, ми побара македонски традиционален готвач, по кој би требале да готват.

Менито го креирав за таа вечер, но немав книга која упорно ја барав пред да отпатувам за Јапонија. Си ветив пред себе дека кога ќе се вратам, јас ќе напишам таков готвач. Истражувањето и пишувањето траеше три години до финалниот производ.

Преведен е едновремено и на англиски јазик. Со помош на „Винсент графика“ се реализираше оваа луксузна книга, „Македонски традиционален готвач““, кажа Алачки во интервју за Женски магазин претходно.

– Тие се моите најважни животни Гран при награди. Се друго е минливо, само децата и внуците се трајни животни дела. По нив ќе го одбележите својот живот.

Јана, сонцето бабино. Среќно дете на Грациела и на Игор Димовски. Тоа со зборови не се искажува. Прекрасни и грижливи родители, секоја чест. Ја гледам недоволно колку што сакам и колку што имам потреба.

За мене е најубавиот момент кога Јана ќе дојде кај баба и вујче на гости. Целото внимание е кон неа, рефреш состојба“, рече Адријана за своите деца.

За синот, и за емисијата „Вкусот на традицијата“, Адријана изјави:

– Првите 200 емисии беа направени по рецептите од македонскиот традиционален готвач. Многу ретко се случуваше нешто да не се погоди, но „Вкусот на традицијата“ е емисија посветена на домашното готвење и е од народот за народот.

Тоа верувам на сите им се случува, зависи од расположението, моменталното чувство и од други компоненти Готвењето за најмилите е љубов и ништо друго.

Но, веќе работите се менуваат, доаѓаат следните генерации кои стануваат подобри мајстори во кујната од мене, а тоа е мојот син Благоја, кој секојдневно ме збунува со преубавите вкусови што тој ги создава во кујната“

Во 2020 година, познатата водителка, пејачка и претседател на кулинарското друштво „Гастромак“ , Адријана Алачки на социјалните мрежи откри дека нејзниот син Благоја ја побарал за сопруга неговата партнерка Лина.

– Моменти за кои живееме, кои ни даваат смисол на животот…ерупција од емоции…како што доликува со сите нишани…да им е вечна љубовта, да имаат убав збор еден за друг, семејството да им биде столбот, слогата да им е секојдневие.

Да бидат добар пример на своето поколение, како огледало да се огледуваат еден во друг..да им е полна куќата со дечиња….честитки деца мои златни! Од Бога да сте благословени- напиша таа под фотографијата на која се гледа прстенот.

На социјалните мрежи често се појавуват слики од Благоја Алачки и од Михаил Грујовски, кој според она што е објавено на социјалните мрежи му е син на Ташко Грујовски кој е познат музилар, а му е брат на Благоја Грујовски.

Познат ресторан во Крива Паланка објавил дека Благоја и Михаил ќе свират заедно во нивниот локал. Тие се инаку дел од групта „Дукат“, и со свирки супер им оди.

Имаат и настапувано во емисијата Везилка, која ја води Адријана Алачки, мајката на Благоја, заедно со Ирена Спировска, и чичкото на Михаил Благоја Грујовски, а оваа емисија која се емитува на ТВ Алфа зборува за македонската традиција, музичка и за гастрономските специјалитети.

Previous articleЦеца го загубила бебето, пејачката за првпат раскажа со колку голема тага се соочила
Next articleМу тргна со жените откако се разведе, Кајмакоски во друштво на оваа атрактивна танчарка (ФОТО)