Home Live Кристина Димитри, бившата на Кајмакоcки синоќа во Штип имаше настап за паметење...

Кристина Димитри, бившата на Кајмакоcки синоќа во Штип имаше настап за паметење (ФОТО)

Најпрвин беше манекенка. Потоа стана фитнес инструкторка. Пред неколку месеци реши да се проба и како пејачка. Нејзиното име е Кристина Димитријовска, односно поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски.

За прв пат во јавноста, Кристина си ја отвори душата и пред камерата на естрадниот магазин Бекстејџ. Тогаш таа ги раскажа причините за разводот со Даниел.

„Ќе излажам ако кажам дека не ми беше тешко по разводот, кога некого сакаш и нешто не успеало нормално дека ти е тешко, но се е за луѓе“– во својата прва изјава по разводот од поп пејачот Даниел Кајмакоски, тврди моделот Кристина Димитриевска (23), во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ”.

Кајмакоски често објавуваше фотографии од семејната идила, па затоа на почетокот од минатата година, веста дека ставиле крај на бракот, ја изненади јавноста.

-Сфатив дека никој нема да дојде дома и да ми каже, ајде стани, туку мораш самиот да имаш јака психа и да продолжиш понатаму. Беше тоа долг период на затвореност, не сакав да комуницирам со никого, поминав депресивен период, но важно е каде сме сега.

После разводот вежбањето е тоа што ме врати назад, што ми ја врати целата енергија, раскажа тогаш Димитриевска за „Бекстејџ”.

Сега пак, после една година од разводот, Кристина многу посмирено одговара на сите прашања:

-На големо се шушка дека си нашла нова љубов и имаш дечко. Колку вистина има во сето ова, ја праша водителката:

-Не, тоа не е вистина. Засега нема никој во мојот живот и искрено се смеам на ваквите написи. Но тоа не значи дека ќе остане засекогаш така, нагласи Димитриевска.

На прашањето каков е односот со поранешниот сопруг, Кристина одговара:

-Со Даниел имаме супер коректни односи. Ние сме сега пријатели, како и што бевме порано, пред да се вљубиме. Се случи тоа што се случи и сега нашето синче е она што не поврзува.

Се слушаме многу често, најчесто поради Давид, но знаеме да си се јавиме еден на друг и онака, да прашаме како си.

На прашањето кој и помага во обврските околу детето, со оглед на тоа што таа има ангажмани во професијата, Кристина ја истакнува помошта од нејзиното семејството, особено мајка и, која му е како втора мајка на Давид.

-Брат ми и син ми се како другари. Позната е таа конекција со вујче. Навистина сум пресреќна што имам вакво семејство кое во сè ме поддржува, вели Димитриевска.

Кристина, прво на стори се пофали дека е учесник на фестивалот Макфест во Штип, и дека ќе настапува со нејзиниот пријател Боно за кого се зборуваше дека се во врска, зашто се многу блиски, но таа ова го демантитраше.

Кристина на сцената во Штип облече амо во боди, како да настапува на кабаре и се гледа дека навистина се потрудила да го запали Штип.

А, во тоа и успеала судејќи според големиот аплауз што се слушна по нејзиниот настап на преносот на МРТ.

Инаку, песната која Кристина и Боно ја пееја има вакви стихови: Ладна како Лондон, а тело згодно, и сосема одговараше со овој настап.

А она што привлече внимание на овој настап е тан-гата на Кристина која гордо ја покажа на сцената во Штип.

Previous articleУбавата Брена се негува во седмата деценија како вистинска дама: А на лицето нема брчки благодарение на ова
Next articleИна раскажа што може да направи жена ко ќе се заинати