Home Live Нашиот познат новинар и диџеј во неверување за цените: 4 мандарини толку...

Нашиот познат новинар и диџеј во неверување за цените: 4 мандарини толку пари? Ќе правам скара со нив

Култен скопски лик, Зоки Бејбе е вистински пионер на македонската клупска сцена, култен диџеј, музички новинар, но и прекрасен соработник, вљубеник во добра храна, позитивни луѓе со отворен ум и креативна мисла“, напиша portret.digital за нашиот познат диџеј пред извесно време.

Повеќе од 25 години е дел од македонскиот ноќен живот и секогаш дава несебична поддршка на сите нови луѓе кои сакаат да работат и да творат.

-Во моето детство неколку работи имаа клучна улога во мојата љубов кон музиката. Радиото е првата, кое постојано емитуваше добра музика.

Слушав сѐ, од поп до сите други музички форми што се емитуваа на трите канали на македонското радио.

Бев вљубен во музичките програми на телевизија и сеопфатно бев страстен околу сѐ што подразбира музичко шоу. Истовремено, моите родители имаа навика да слушаме плочи и купуваме редовно во тогашните плочари кои ги сакав повеќе од кој било јавен простор.

Кога ќе кажеше татко ми утре одиме во „Југотон“ јас не спиев од среќа. Прво, во 1991 година станав радиоводител и уредник на емисии во првото приватно радио Канал 4, па потоа во 1993 година почнав со работа во Канал 103 од неговото оформување и неговата прва редакција.

Потоа следуваше мојата телевизиска емисија „Поплава“ на А1 телевизија и за да можат младите читатели поубаво да разберат, тоа беше магазин што се емитуваше на национална телевизија пред интернет-ерата.

Нешто како сега да правите емисија што оди и на „Инстаграм“ и на „Тикток“ заедно. Популарноста не само на мојата емисија туку и на сите други по концепт различни музички програми беа меѓу најгледаните воопшто во ТВ-етерот.

Во мојата емисија ја третирав клупската култура, буквално од првата журка што се случи во Македонија. Пред тоа ги покривав сите алтернативни настани, како работата и првиот фестивал на Канал 103 или документарецот за легендарниот „Т фестивал“.

Во 1996 година се отвори клубот „Дали“ и на инсистирање на моите другари и другарки станав диџеј. Тие сакаа музиката што ја колекционирав на винили и цедеа да ја слушаат во клуб. И така веќе 25 години мојот живот е журка овде, но и по светот.

Последнава година, тој е автор на емисијата „Прва убава работа во денот“, каде што е домаќин на голем број артисти, културни работници и врвни имиња од различни области.

Емисијата требаше да биде музичка, но во последен момент, речиси неколку дена пред емитувањето на пилотот, кој се совпадна со петтиот роденден на „Радио Бар“, сфатив дека морам да направам нешто што ќе инспирира и ќе поттикне позитивни емоции кај слушателите во време кога стравот оправдан од корона-вирусот беше неподнослив за трпење.

Од тие причини го сменив концептот, зашто сите гости се убав пример за тоа како можеш да дејствуваш прогресивно во својот град и да задржиш бескомпромисен начин на живот, со она што им претставува страст и љубов, а станало со едукација и талент животна професија“, изјавил за Портрет Зоки.

Во еден свој статус, диџејот Зоки Бејбе напишал: Човек што 365 дена живее како на одмор да го прашаш “Не одиш негде на одмор?” е повеќе од бизарно.

Ало дневно еднаш до два пати јадам тоа за што ти штедиш цела година да го стаиш на стори од одмор.

Правам што сакам и кога сакам и немам слободни денови бидејќи сите ми се слободни, и не сум моногамен како ти на твојот последен одмор пред 20 г. Дали овој човек го праша зошто не е на одмор.

Па од сеа и ќе се мачкам секој ден со тропикал бленд за да ви стане јасно дека јас не одам на одмор јас само може да отпатувам некаде туристички или работно, има разлика кажано снобовски онака како што е и прашано. 3 сек“, напишал Зоки.

Зоки Бејбе е во неверување за скапите цени како и многу од нас, но тој знае да се се пошегува на интересен начин за оваа скапотија и на својот Фејсбук профил, ја коментираше цената на мандарините.

– 4 мандарини 100 денари! Палам скара ќе ги спремам ко стек. Со салата помфрит се“, напиша Зоран Рисетсвки познат како Зоки Бејбе, јно на овој негов коментар се надоврза пријател кој напиша:

– Во Љубљана, 33 ден.кг. Ама, Љубљана е многу ладна. На Малта, кадешто ќе се враќам за 25 дена, бесплатни се, растат

– по улица, одиш, си береш. Во декември. И одиш на плажа. Помести сте си и ти од Дебар Маало, бејбе, ооо Бејбее“, напишал пријател.

На ова, Зоки му одговорил: Ќе се поместам бебо само сила да соберам!

Previous articleГордан Георгиев со апел да се тpгне Данела: Стајте некој со чизми што ќе биде градски хаус мајстор
Next articleЕве како сега изгледа денес Маја Вукиќевиќ, се огласи од Австралија, емотивно за мајка ѝ: Живееш во ликот на твоите внуци (ФОТО)