Home Live Се огласи сестрата на Елена Ристеска, раскажа што сторила сестра ѝ за...

Се огласи сестрата на Елена Ристеска, раскажа што сторила сестра ѝ за неа и од што се откажала за нејзино добро

Пејачката Елена Ристеска сподели детали од нејзината животна приказна за јавноста, во „Бекстејџ“.

Разговорот наместо со сумирање на впечатоци и имперсии од годината што помина, почна со прашањето, дали е свесна дека веќе со години е главна мета на злите јазици, односно што од напишано и кажаното досега за неа е вистина, а што лага.

– Што и да зборуваат, не можат душата да ми ја земат. Што и да кажат, единствено чувство што ми предизвикуваат е сожалување бидејќи за да мразиш некој мораш претходно да го сакаш.

Во случајов не ми грешат на мене, му грешат на Бога- кажа Елена.

Пејачката пред камерата на Бекстејџ, се потсети на последните денови кои ги поминала со својот херој татко, како што го нарекува таа, но со солзи во очите зборуваше и за предвременото раѓање на нејзината внука Делфина и неспокојот кој што го чувствувала додека чекала вести во болница за нејзината состојба.

– Кога ќе се осврнам кон минатото, единственото нешто што ме погодило биле траг-едиите кои што ми се случиле. Мојата внука Делфина се роди предвремено, се роди буквално во седмиот месец од бременоста кој беше доста ризичен и за неа и за сестра ми, и само тоа може да ме погоди.

Емотивна, да , се уште можам да бидам кршлива, но само за најблиските и за неправдите генерално што се случуваат во Македонија.

Ќе ви направам уште една паралела, дали човек треба да се замара со малограѓанските муабети после онаа слика која што стои во мене, сликата на моите последни денови со мојот татко.

Тоа беше херојот на мојот живот кој што всушност после тоа бараше спас во мене, детето кое што го научил да оди и да зборува… и гледате одеднаш во неговите последни денови еден скелет кој се движи и не може да стаса до својот тоалет – раскажа Елена во „Бекстејџ’ со солзи во очите.

Како што е познато, сестра ѝ на Елена, Драгица е ликовен уметник. Нејзината сестра зборувалa засвојата уметност, во интервју за Женски магазин, ама раскажала и нешто интересно за Елена.

Нејзина прва љубов била Академијата за ликовни уметности, која ја заврши уште во 2006 година, во класата на Рубенс Корубин, и се здоби со диплома на професор по сликање и ликовен уметник“, стои во текстот.

„Низ годините гледав никогаш да не се откажам од уметноста, учествував на бројни конкурси, изложби и хуманитарни настани во земјава и странство.

Член сум на Вида дизајнерс, со седиште во Сан Франциско која соработува со уметници од цел свет и истата ги користи правата на делата во дизајн и производство на уметнички предмети.

Исто така, член сум на Њујорк Арт групата со седиште во Њујорк каде влегов во селекција од 4000 апликации. Изминатиот период покрај Скопје изложував дела и во Венеција, Милано, Брага, Белград, Крушево, Гевгелија, Прилеп…“, раскажала ликовната уметница Драгица Ристеска.

-Изминатите години имав можност да изложувам и надвор од земјава, а особено ми се драги изложбите во Италија.

Ја имав честа да влезам во конкуренција на уметници од цел свет и мое дело беше изложено еден месец во Кале де МЕЦО, во центарот на Венеција.

Организаторите го избраа моето дело како носечко на целиот настан, па беше објавувано во сите медиуми, а фотографија од делото беше објавена и во Еспоарте, едно од најпознатите списанија за уметност во Италија.

Организатор на сето тоа беше Масимо Казагранде кој е добро познат на италијанската и европската арт критика и активен на италијанската сцена поеќе од триесет години. Настанот го отвори Џан Руџеро Манцони, еден од највлијателните критичари и поети во последните години во Италија.

Исто така, имав можност да бидам дел од Артекспо Милано 2016, на покана од кураторот за што бев навистина почестена бидејќи стануваше збор за селекција на 70 уметници од цел свет.

Во рамки на истиот настан се отвори и изложба на дела од приватна колекција од Славадор Дали и Едгар Дега, со што се потврди значајноста на целиот настан“, кажала Драгица а потоа за својата сетсра рекла:

-Безрезервна поддршка добивам од целото мое семејство низ годините особено од моите родители и сестра ми. Елена знае да откаже и патување, само за да присуствува на моја изложба.

И до сега таа нема пропуштено ниеден настан, дали овде или во странство. Сликарството беше нејзина желба уште од мала, но со тек на годините некако се тргна од тоа и целосно се посвети на музиката.

Морам да признаам дека голема поддршка имам и од луѓето кои ме опкружуваат, со кои го пијам утринското кафе, колеги, пријатели, роднини… и најинтересно е што не е важно каде правам изложба, секогаш наоѓаат начин да присуствуваат“, изјавила за Женски магазин оваа уметница.

Previous articleМу тргна со жените откако се разведе, Кајмакоски во друштво на оваа атрактивна танчарка (ФОТО)
Next articleЈелена Карлеуша откри нови детали за децата и за мажот- не се разведов од Душко, живееме заедно