Home News Данела: Зимаат плата од 60 илјади денари, ама сега замислете – ќе...

Данела: Зимаат плата од 60 илјади денари, ама сега замислете – ќе мораат да работат за оваа плата

ССМ во петокот побара Арсовска итно да го резреши в. д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Марјан Митовски, оти ги малтретирал и деградирал вработените, во спротивно градот ќе остане без вода како што во четвртокот остана без јавен превоз.

Денес, Данела Арсовска, излезе на прес конференција и напомена дека сето ова што се случува, особено по смените во „Водовод“, е само затоа што таа не им се допаѓа на политичките елити.

Денес сакам да ја информирам целокупната јавност, што се случува во јавните претпријатија, особено во „Водовод и канализација“.

Апелирам до надлежните институции, до Јавното обвинителство и сите оние кои сметаат дека ова е индиција за планирање на попречување на работата и прекин на водоснабдувањето да си преземат соодветни дејствија за да се спречи оваа закана да се реализира, рече градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

За прекинот на водоснабдувањето за Град Скопје, кој беше најавен од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), апелирам до надлежните институции, до Јавното обвинителство и сите оние кои сметаат дека ова е индиција за планирање на попречување на работата и прекин на водоснабдувањето да си преземат соодветни дејствија за да се спречи оваа закана да се реализира, рече градоначалничката Данела Арсовска на денешната прес-конференција.

Таа вели дека сака да ги смири граѓаните дека ќе имаат континуирано, квалитетно и непречено снабдување со вода и да ги повика надлежните институции да постапуваат по допрен глас за заканата од минатата недела.

Данела Арсовска, исто така, рече дека ги охрабрува сите синдикални организации своето право на штрајк да го практицираат и реализираат секогаш кога сметаат дека работничките права се прекршени.

„Меѓутоа, исто така, сакам да апелирам и до работниците односно до вработените во јавните претпријатија да не дозволат да бидат инструмент на неколкумина поединци кои сакаат да се вплеткуваат во политички пресметки“, додаде Арсовска велејќи дека синдикалните организации треба да ги штитат правата на работниците, а не на неработниците.

Градоначалничката вели дека сите за кани доаѓаат во момент кога е најавена департизација на администрација во градот Скопје.

„Сакам да потенцирам дека овие лица кои наводно се борат за правата на десетина вработени лица, треба да бидат доблесни и во целост да ја кажат вистината дека ова што го прават, а најавуваат дека ќе го прават во сите други претпријатија, не е борба за работнички права“, порача Арсовска.

Таа додаде дека „Водовод и канализација“, претпријатие кое има над 1 250 вработени, во изминатите 30 години е претворено во биро за вработување на политичките партии.

Од оваа причина, додаде Арсовска, најавена е оптимизација на работните процеси и преквалификација и доквалификација, со тоа што повеќе нема да можат да не одат на работа и да земаат плата или, пак, да одат на работа, да не работат и да земаат плата од 60 000 или 40 000 денари и да го оштетуваат буџетот.

Сега, за разлика од порано, овие што земаат 60 илјади денари плата, ќе бидат или се прераспределени на работни места, на кои ќе МОРААТ ДА РАБОТАТ!

„Важно е да се напомене дека поради тоа што се претвори во биро за вработување, ‘Водовод и канализација’ не ги врши основните функции, а тоа е да инвестира во инфраструктура.

Немаме водоводџии и технички персонал, а има огромен број вработени во администрација“, нагласи Арсовска додавајќи дека се ангажирале надворешни фирми и се плаќале да вршат работи кои треба да ги работи „Водовод и канализација“.

Видеото од пресот на градоначалничката Данела Арсовска, можете да го видите ТУКА

Previous articleЕве како Сузана Манчиќ изгледала како невеста, во раната младост, не се разликува многу од сега (ФОТО)
Next articleВера стегната, Александра во тренерки, Спенџарска во бакнежи, Милена блеска, еве го целиот женски тим на Канал 5 на едно место (ФОТО)