Home Live Гоце Арнаудов го има исполнето својот аманет кон Пепи Бафтировски – еве...

Гоце Арнаудов го има исполнето својот аманет кон Пепи Бафтировски – еве на кој начин

Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959. Тој уште на десетгодишна возраст почнува да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко.

По завршувањето на средното образование ја формира групата „Крик“, со која се претставува низ цела поранешна Југославија.

Гоце се враќа во Македонија во 1993 година и за кратко време ги освојува симпатиите и признанијата на публиката и на музичката критика. Каде и да учествува предизвикува еуфорија, а на сите фестивали ги освојува првите места.

Гоце за својата кариера зборуваше во едно Тв интервју во 1999 година.

– Јас кога почнав на естрадата, во 1992 година, оставив силен впечаток. И уште не е прекината таа нит помеѓу мене и публиката. Ги освоив сите награди, го освоив дометот и мислеа луѓето дека треба веќе да паднам.

Но, јас пак ги освоив сите фестивали, сите награди, и ТВ лице на годината. Така да, јас работам. Тоа е една континуирана работа, и мора да има плод.

Јас сета енергија и сета емоција ја црпам на сцената и ја давам на народот. Тоа го ценат луѓето. Не сум јас толку тргнат по наградите, јас сум тргнат по песните.

Сите знаат дека на почетокот јас пеев забавна музика, рок музика, потоа станав кафански пејач и најмалкун пеев народна музика.

Свирев по такви локали по светот. 17 години бев на Јадранско море, каде што не се свиреше народна музика. Ги знаев сите македонски народни песни, татко ми е музичар.

Луѓето ми велат кога не пеам: Гоце, зошто си лут? Знаат дека сум расположен, но кпга не пеам, сосема сум друг човек. Таму ја исфрлав цела енергија. Кога ќе седнам на столот сакам некој мир, и кога разговараме не можам да бидам истиот како на сцената. Пак има моменти кога се однесувам така, и откачено“, изјави Гоце.

Арнаудов многу го почитуваше и го ценеше својот постар колега Пепи Бафтировски. Пепи и Гоце ја делат истата судбина, и едниот и другиот од овој свет си заминаа поради кан-цер.

Пепи, како што познато беше еден од најпознатите фолк пејачи на македонската сцена. Се прослави со песната „Сине мој“ која ја снимаше на почетокот од деведесеттите години на минатиот век, како повратник од печалба во САД.

Но и покрај тоа што беше голема ѕвезда во својата држава, Пепи не беше задоволен од третманот на луѓето од естрадата во Македонија и повторно реши да замине „преку големата бара “, но овој пат со сопругата Ава Керш, ќерката Марина и синот Емил.

Тој заедно со семејството во Америка заминува во 2003 година каде е решен да започне нов живот.

Но, по неколку години заеднички живот во туѓина, Пепи и Ава ќе се разделат во 2007 година, а по некое време на пејачот ќе му биде диjaгностициpaна и теш ката бoлecт – кан цер на белите дробови.

Пепи по кратко боледување, ќе ја изгуби битката со болecта во април 2008 година, на 66 годишна возраст и само пет години по неговото повторно доаѓање во Америка. Само три години по него, си заминува и Гоце.

Бргу по упокојувањето на Пепи, Гоце бил на турнеја во Америка, и сакал да му оддаде почит на својот колега и пријател. За овој случај во тоа време пишуваа весниците.

Гоце заминал да го бара вечното по чивалиште на Пепи во Чикаго, и многу се разочарал од она што ги видел тогаш. Гоце за медиуите изјави дека Пепи во туѓина е зак опан како незнаен јунак, а не како великан каков што беше и како што заслужува.

И покрај тоа што Арнаудов едвај го пронашол ве чниот дом на Пепи ,тој се фотографирал и си го исполнил зборот што самиот на себе си го дал, дека ќе го испочитува Пепи и дека ќе го памети засекогаш.

Previous articleЛила блеска од среќа, очите кажуваат сè, па проговори за животот и нејзиниот избор (ФОТО)
Next articleСе огласи најпопуларниот скопски градоначалник, Орце од К. Вода: Човечето од Град Скопје треба да има други теми на интерес, а не ова