Home News Љубчо Георгиевски го прокоментира Максим Димитриевски (ФОТО)

Љубчо Георгиевски го прокоментира Максим Димитриевски (ФОТО)

Поранешниот премиер на Македонија и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, со секој свој јавен настап, предизвикува внимание и полемики во јавноста.

Така е и со статусите и видеата кои ги споделува на своите профили на социјалните мрежи.

Георгиевски во последните дваесетина години, е особено активен во насока на решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија.

Неговите тези се дека со Бугарија во минатото сме имале заедничка историја, а како поткрепа на неговите факти, тој ги приложува списите од важните личности и револуционери, кои на многу места се декларирале како Бугари. Тоа било така, според Георгиевски, бидејќи во тој момент немало македонска држава, која тие се бореле да ја создадат.

Поради ваквите негови ставови, Љубчо Георгиевски е нарекуван бугараш, а тој, во многу прилики има кажано дека се чувствува за горд Македонец и така се декларира секаде.

Истовремено, Љубчо Георгиевски сите овие години наназад, потсетува на двојните аршини кои се случуваат во македонското општество, кога се во прашање Србија и Бугарија.

Па така, своевремено тој остро го критикуваше потегот на неговиот наследник во ВМРО, Никола Груевски, кој организираше заедничка прослава со србите на Зебрњак, еден од симболите на српската во јcка, на македонска територија.

Во интервјуто за „А1он“, дадено лани, Љубчо Георгиевски зборувајќи за македонско-бугарските односи, уште еднаш потенцира дека Македонија треба да ја смени перцепцијата кон Бугарија и да престане со анти-бугарското расположение, затоа што според него во минатото Бугарија била најголемиот поддржувач на Македонија, особено во 19 век.

Наспроти ова Геориевски вели дека треба да и се оддаде признание и почит на Бугарија.

„ Ако сме простиле на Србите кои биле три пати пожестоки окупатори на овие простори, ако сме им простиле во поновата историја на УЧК и седат во Владата не гледам проблем да им простиме и на Бугарите. Аршинот треба да биде ист. Ако не простуваме, не простуваме на никој.

Треба да ја смениме перцепцијата и да признаеме дека Бугарија била најголем поддржувач на Македонија во 19 век. Факт е дека секој р а нет комита од Македонија одел на лечење во Бугарија.

Секој кој бил го нет се криел во Бугарија, 90 проценти од ор уж јето доаѓало од Бугарија, обуките биле таму во Бугарија. Таа поврзаност Бугарија- Македонија била многу јака, што е проблемот да ја признаеме.

Триесет години го зборувам ова. Ако ги утврдевме пријателските места немаше да дојдеме до ова, ако секој политичар градеше по еден чекор, ниту ќе имавме обврски, ниту ќе ја имавме оваа шо кова терапија.“, рече тогаш Георгиевски во интервју за А1он.

Завчера, на одбележувањето на денот на македонската револуционерна бо рба, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, на својот профил на социјалните мрежи, напиша:

„Денес се одбележуваат 110 години од Кумановската битка, битка која одигра голема улога во ослободувањето на балканот од долговековното турско владеење и можеби е клучен чекор во протерувањето на османлиското царство од европскиот континент.

Во рамки на српската војска, свој придонес за победата во оваа битка дале околу 6,000 Македонци со неколку војводи од Кумановскиот крај како што е Јован Довезенски. Слава им на заг инатите борци.“

Љубчо Георгиевски во кус статус на својот профил на социјалните мрежи, го прокоментира статусот на Максим Димитриевски:

Previous articleПроговори готвачката на Драгана Мирковиќ и ја откри вистината за неа, еве каква е познатата пејачка по дома
Next articleНа ниедна мајка да не ѝ се случи – пејачката Вики Миљковиќ потресена за нејзиниот син