Home Live Живкица замина за Њујорк, ужива во друштво на овој наш познат човек...

Живкица замина за Њујорк, ужива во друштво на овој наш познат човек (ФОТО)

Живкица Каленикова долги години е успешен ТВ и радио водител и новинар. Нејзиниот последен ТВ проект е емисијата „Жилет шоу“, и таму со соговорниците разговараше на актуелни, но и помалку слушнати теми од нашето секојдневие.

За своето одбележје, а тоа е брзиот говор по кој е караткетристична таа искоментира во едно интервју за Женски магазин:

-Брзото зборување е дел од мојот карактер. Сите ние имаме свои обележја. На почетокот кога учевме и вежбавме говор итн. Лилјана Крстева се обидуваше да ме коригира кога е во прашање брзината.

По неколку гафа, бидејќи се обидував вештачки да ја коригирам брзината, а мислата си течеше, сфативме дека навистина е подобро да си остане моето темпо, такво какво што е. Потоа Лилјана ми велеше добро е што јасно и читливо зборуваш, нека остане така“.

Живкица е сега среќна сопруга на Зоран и мама на три, два сина и една ќерка. Во интервју за Фешнел, таа зборуваше за своите деца и спомена на што ја има научено мајчинството.

– На максимална посветеност, одговорност, трпеливост, неизмерна и безусловна љубов, секојдневна инспирација, мала исцрпеност, но и на неверојатна моќ и сила да бидете полни со енергија тогаш кога ќе помислите дека сте преуморени.

Даријан – лидер , Марко – борец и Ана – итрица.

Даријан е многу самостоен можеби и со самото тоа што за брзо време стана поголем брат го направи лидер во тројката, Марко типично за децата во средина се бори за своето место под сонцето и сѐ мора да направи што прави и неговиот брат.“

Стилистот Александар Билјановски- Дадар ѝ е голем пријател на Живкица. Кога таа неодамна беше гостика во емисијата Магазин на Сител, Дадар се вклучи и кажа неколку збпра за своката пријателка.

-Живкица е еден искрен човек, киј секогаш ќе ви каже пшто мисли на еден убав и суптилен начин без да ве повреди, и сето тоа за мене сочинува едно убаво и долготрајно пријателство.

Таа знае да ме освести за оние животните лекции, народски реченио, да ми удри шамар“, рече за Живкица стилистот Александар Билјановски кој се вкучи во емисиајта како изненадување за неа.

Јас секогаш велам дека Жиле е најпозитивната личност. Ако на некого му е доста од животот, доволни му се 10 секунди со Жиле“, изјави Дадар и рече дека Живкица многу добро вози и е одличен организатор.

-Таа би можела да биде шофер. Се шегувам. Живкица може да се снајде на повеќе полиња, таа има исвоја сопствена продукција која добор ја менаџира“, изјави Дадар.

Потоа рече дека таа од него бара соверти за стилот, но бара совети и за животот. И кога дојде време да се постави прашање, Дадар праша како Живкица успеала да дојде на мекици откако го родила своето второ дете.

– Со мала корекција, на мекиците бев на моето трето дете. Искрено бидејќи брзо беше доаѓањето на Ана. Иако беше многу скоро, од породувањето, трите деца ги родив со царски рез. Поминаа две недели, стиснав заби, и мекици ми се јадеа меѓудругото.

Сакав да видам како е да си на мекици. Ги изненадив сите, а само сопругот знаеше. Се поклопија некако работите, со роденнот на нашиот втор син кој требаше да се слави во тој ист период. Затоа и мекиците се одложија, и јас успеав да стасам.

Обично, мекиците се прават ден-два по раѓањето на детето, но кај нас се одложи. Се дотерав убаво, на високи потпетии и мкаснав мекица. Тоа им го препорачувам на сите мајки“, рече Живкица.

Дадар сега на Инста објавил слики дека е во во Њујорк, а со него, заедно се и Жувкица и нејзиниот сопруг. Па така, Дадар редовно споделува фото приказни од тоа како го открива големото јаболко.

Но, на едно стори, тој е во друштво токму на неговата пријателка Живкица и нејзиниот сопруг, Зоран Калеников на Тајм сквер, а имаа слика и од Бруклинскиот мост.

Previous articleНашиот пoзнат пејач имал cамо девет години кога го загубил татко му, мајка му cе боpела за него и сестра му- по толку години тој прозборе за својата болка
Next articleДевојката на Кајмакоски го изненади- пејачот откри зошто ѝ е многу благодарен на својата нова љубов (ФОТО)