Home Live Најважната изјава на Лазар Бараков која го раскажува неговиот животен пат- еве...

Најважната изјава на Лазар Бараков која го раскажува неговиот животен пат- еве што кажал јунакот од Македонските народни приказни

Иако денес повторно се снимаат нови серијали на Македонските народни приказни, со нови помлади актерски ликови, иако се чини дека најзаслужни за нивната популарност се токму актерските легенди како Ѓорѓи Колозов, Ванчо Петрушевски, Шенка Колозова, Гоце Тодоровски, Стојна Костовска, Кире Печијаревски, Лазар Бараков….

Македонските народни приказни се омилени кај сите генерации и се’ уште атрактивни и уникатни и по својата содржина, реализација, актерска изведба… Ги гледаат и се потсетуваат на нив и повозрасните, им се радуваат и учат од нив и поновите генерации.

Актерот Лазар Бараков неодамна објави дека за нив актерите нема студено или топло, тие на лето интензивно работеле на снимањето на новите приказни и на плус 40 и кусур степени..

Владо, Шенка, Гоце, Лазар, Ели, Дубравка, Љупчо, Кирил и останатата екипа снимаат и на -22 и на +42 степени за во Септември да имате и гледате нови епизоди, ептен тазе. Tрадицијата продолжува“, објави актерот. Лазар потекнува од струмичкото село Мокрино.

-Актерството за да го работам , не ми било како мисла, дека во животот морам да бидам само актер.

Актерството ми било врежано подсвесно уште од предшколските детски игри, кога од љубопитност кон пишаниот збор сум научил да читам уште пред да тргнам на училиште.

Сум имал достап до разна постара и нова литература и така тие типажи, ликови се врежани во мене.

Како дете сум имал желба се’ да бидам и затоа во мојот живот сум пробал секакви работи, глумата сум ја чувал во тајност , за ако не успеам за не бидам за подбив од моите.

И затоа се’чував во тајност , се додека не се појавив во еден бугарски филм како ученик во Софија. Тогаш моите беа изненадени, оти знаеја дека сум на медицина ( каде што бев само три дена).

Само татко ми беше среќен и ми пожела еден ден да го играм Сандански, негова омилена историска личност…..“, изјави тој во интервју за Магазин.мк

Тој е многу горд на своето родно село Мокрино, и во една прилика зборуваше за него во интервју за порталот струмица денес.

-Потекнувам од Мокрино и до денешен сум мокрински жител. Патував и работев по белиот свет, останував за подолг период, школување, печалбарство, ама останав пак мокрински жител…

Иако имам сопствен дом во Скопје од подолг период, со мислите и жителството сум во Мокрино… Најубавите спомени ми се од раниот детски период од Мокрино, кое по корените датира уште од Александрово време.

Тесни улички, збиени градби, моето маало во центарот живееја многудетни фамилии, од утро до мрак беше полно со детски џагор , смеење , плачење.. целоноќно кучешко лаење, ранобудно петлово пеење…

Сите мили, воспитани и од мајки родени деца од мене за секоја навечер беа задолжени да кажат по една нова приказна чуена од нивните дедовци и баби… И така јас ги запишував и меѓувремено се јави конкурс од нашиот детски весник “Наш свет” за собирање народни умотворби..

Јас ги пратив веќе соберените и добив прва награда за собирање народни умотворби …педесет книги од разни светски автори… незнам дали тогаш имаше поголема радост од тоа..“, рече Бараков за strumicadenes.mk

Денес тој ужива во седмата деценија од животот со сопругата Лилјана и децата Македонка, Викторија и Александар. Ќерката Македонка е мажена и живее во Германија, а таа им ја донесе најголемата радост, внукот Стефан.

Викторија е инаку архитект која работеше на создавањето на големиот трговски центар Истѕ Гејт мол кај нас.

Викторија во интервјуто за eastgate.mk чијшто линк е постиран за себеси и за своето животно мото вели:

Моето утро започнува со шолја зелен чај проверка на електронската пошта. Делам канцеларија со нашиот Тeam Leader, а тоа секако е огромна предност. Комуницирам со повеќе од 50 луѓе дневно.

Посебно овој период станува се подинамично бидејќи закупците ги превземаат локалите и комуникацијата со луѓето вклучени во процесот се одвива интензивно.

Моето мото е биди посилен од своите изговори, направи работите да се случуваат и изненади ги сите околу себе. Ништо не е тешко кога се работи со љубов.

Mоето хоби се патувањата. Слободното време секогаш го користам да посетам некоја нова дестинација. Голема желба ми е да го посетам Мексико, се надевам дека по пандемијата ќе ја имам таа можност“, рече ќерката на Бараков. Тој на овој начин ја сподели објавата за својата ќерка:

-Ќерка ми Викториа Баракова, како првоодделенка , беше дел во некои од приказните со Колозов – незаборавните… Фала му на Бога, не тргна по татковиот трнлив пат… одбра друга Уметност – Архитектурата. Сè што се работи со љубов и душа е Уметност. Животот е уметност…

На Фејсбук страницата на Ѓорѓи Колозов е објавена изјава цитат токму од Бараков, кој кажувајќи ја оваа мидра реченица бил во право. Како скромен и повлечен човек кој никогаш не се потпирал на никого освен на себеси и на својот труд, Бараков го раскажал својот животен пат со оваа изјава:

-Проблемот на денешницата е што луѓето не ги ценат добрите луѓе, туку гледаат да ги искористат“, рекол Бараков кој народот го сака токму поради неговата скромност, чесност и добрина.

Еден коментар под оваа слика вели: Лазаре, името наше не е за џабе дадено од Бога и значи “Близок пријател на Бога”. Добрината е Божја творба, човекот што ја има го има целиот свет за пријател… Имај убав ден Лазаре, поздрав голем до тебе од Велес.

Previous articleПеро Камиказа објави семејна слика со многу важен повод и најави убава новост во фамилијата (ФОТО)
Next articleИ двете можат да се пофалат со супер деколте- еве како изреагира Марјана Станојковска за оваа слика на Елена Велевска