Home Live Сара не е љубоморна сопруга, чува бебе дома а Димитар танцува со...

Сара не е љубоморна сопруга, чува бебе дома а Димитар танцува со оваа убавица (ФОТО)

Сара Мејс и Димитар Атанасовски се еден од најинтересните парови на домашната сцена. Сара, која е пејачка и харфистка и водителот Димитар, кој е косопственик на една маркетинг агенција се запознаа на шоуто „Танцот со ѕвездите“ каде што и двајцата учествуваа.

Иако нивната прва средба била во емисијата „Тротоар“ која ја водеше Димитар, во „Танц со ѕвездите“ се родила вистинската љубов.

„Не бевме во ист тим, но се гледавме често, па така почна да се развива љубов. Првиот бакнеж ни беше откако го изигравме англискиот валцер“, има изјавено Сара.

Пред пет години, тие направија уникатна свадба која ја отворија со интересен танц кој го научија во емисијата „Танц со ѕвездите“, а гостите беа воодушевени од нивниот настап.

Пред четири години, се роди нивната ќерка Илина, во септември во 2018 година.

Тогаш, Димитар и Сара направија откачена фотосесија и дадоа интересна изјава дека ако ќерката се роди на 8 септември, ќе се вика Северина, алудирајќи на промена на името на државата на крајот на септември истата година.

Овие девет месеци барем мене ми поминаа како 9 секунди. Искрено, сите на почетокот не плашеа, ова ќе се случува, тоа ќе се случува, ама навистина, девет месеци како песна. Сара е толку чукната, што на неколку дена пред да се пораѓа, игра ора по свадба и планинари за да види каков поглед ќе има од врвот.

Инаку, генерално, мене ми поминуваа деновите буквално како сите нормални денови претходно, со исклучок на тоа што не возевме мотор само годинава.

Инаку, Сара не беше воопшто трудница што се жали и ѝ е тешко (за моја среќа), па немам некој посебен ангажман. Искрено, јас бременоста нејзина, не ја ни осетив“, кажал Димитар тпгаш за Женски магазин.

„Пијана од среќа и љубов, добредојде Кирил, јунак наш“, напиша Сара Мејс и објави фотографија со синчето и сопругот Димитар Атанасовски, направена веднаш по породувањето на 29 јули, каде појде директно од детски роденден.

Сара Мејс на 29.07го роди своето второ дете. Со сопругот Димитар Атанасовски добија син, а нивната ќерка Илина доби братче. „Добредојде Кирил, јунак наш“, напиша Сара во описот на фотографијата од болницата каде се породи.

Со саканиот до неа, но и шминка и фризура од роденденот таа блеска.

Како што е познато, Димитар Атанасовски заедно со Марјана Станојковска го водеше фестивалот Макфест кој се одржа во Штип, и меѓудругото на сцената тие освен што најавуваа песни имаа и шоу.

Димитар и Марјана играа залепени еден до друг, ама Сара не е љубоморна сопруга по се изгледа. Додека Димитар уживаше со Маријана на сцената, таа дома го чуваше бебето Кирил и ќерката Сара и на социјалните мрежи напиша дека Маријана и Димитар ѝ се омилен водителски пар.

Едно тотално поинакво макфестовско искуство. Се надевам уживавте“, напиша Димитар до сликите со Маријана.

Previous articleПознатата Ју пејачка се стопи, оваа намирница ја исфрлила од менито и сега е ептен згодна (ФОТО)
Next articleСите се фалеа од сцената на „Макфест“, само оваа наша згодна пејачка се сликаше во хотелската спална- покажа што поседува (ФОТО)